Го изгледав интервјуто, уфф какво копито сељачко, класичен бумер заглавен во 19ти век, без никаков осет. Секој разумен човек би имал разбирање, би пробал да ја спушти топката и да продолжи да си ја брка работата строго професионално, а не коперациски, без да долева бензин на огнот.
Гледаш те хејтаат, голема работа, со аргументи и дела докажи им дека не се во право. Што корист ако вратиш на хејтањето и влезеш во војна со тие кои живеат за клубот!? Со тоа само ќе се придонесе за негативна атмосфера во клубот од која никој нема корист. Малку самокритика и приземност, не е крај на светот.
Вакви луѓе не треба да помирисаат раководна позиција, но среќа што иако турбулентно, работата си тече, влегуваат спонзори и пари, клубот полека се рехабилитира. Во иднина ќе влегуваат уште, а тоа ќе придонесе и клубот да стане поатрактивен за нови поквалитетни играчи. Очекувам после полусезона играчки и резултатски колку-толку да се стабилизира, па од наредна сезона борба за првите места и излез во Европа.