Фан Клуб: Вардар

Член од
18 јули 2009
Мислења
6.752
Поени од реакции
6.492
Ај со Брера викам прва утакмица да не давам критики ,но потоа победата над Пелистер од тоа што читав реално беше на мускули и атмосфера ..

Денес катастрофа , можевме 5 гола да примиме како од шала , ја незнам што е играно на припреми ама вакви дупки во одбрана не прават ни кадетите на Вардар ..

Омерагиќ џабе игра од прва минута , со него сме како да играме со 10 фудбалери , напред треба да игра само Дианеси и толку ..

Средина Мицевски е многу паднат , неможеме два паса да сврземе ..

Јас прогнозирав 4-5 место , не очекував волку да бидеме лоши , веројатно ме излажа нерешениот резултат против Свонси екипа која е 5 класи над нас па затоа и очекувањата ми беа големи ..

До 1 септември мислам трае трансфер периодот и има уште малце време нешто да се спаси, не само Николов туку ни требаат уште неколку играчи , ама не како оној од Беса последниов ..

Сите навивачи тука добро му мислиме на Вардар и нормално треба да се реагира кога гледаме дека нешто смрди ...

За индијанцине незнам што да кажам , уште 200 години нема да се цивилизираат , да скандираш убиено дете е дно дна , пола меч пеат Деспина к*рва(кон Гача) , се серат на државата што им дава леб ..

Уште па меч меѓу нас и нив со навивачи , ке се прекине во 30 секунда , т.е мечот веројатно нема ни да почне ..
 
Последно уредено:
Член од
19 август 2010
Мислења
3.975
Поени од реакции
9.634
Па одбраната требаше да ни биде најдобар дел во новата сезона, а испаднавме најголеми патарушки тамо. Средина немаме никаква, нема кој да даде пас, така да резултатот е тој. Ако не се направат промени ќе си се бориме за опстанок. Најавено е последна опомена од Комити па да видиме во кој правец ке оди ова. Миленко ти веќе коа читаш и те боли што малите куриња те коментираат, излези на прес бе курчино голема, извади го големиот козарски кур и објасни ни ги потопите од Брера и Шкупи. Биди маж и излези официјално а не ко пичкица на фејс се играш ко мало дете со играчката која ти ја дале за играње. Бетер си од Хазбула од широк сокак.
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
313
Поени од реакции
1.733
Миленко не е способен саатот да го врати од летно во зимско сметање, а не па долг од неколку милиони…

Секој нормален знаеше како ќе се одвиваат работите во клубот и во државата, секоја чест на оние фаци кои веруваа дека вмроњите се некакви патриотски фаци, а уште си стојам на мислењето дека баграва селско-вмровска е поголем шљам и штета од комуњарине. Дај барем лажете ги со глупи приказни амебите по штаб, не мора насекаде да метастазирате со бранење на МН, знаеме што куртон е, ништо поарен од тие што го бранат како фамилија да им чепкаш.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.941
Поени од реакции
73.582
Него никој не го брани, ниту пак има поддршка од некого. Единствено што некои што се поддржувачи на истата партија, не го креваат гласот како што го креваат многу други незадоволни од ситуацијата, ама далеку од тпа дека го поддржуваат. Едноставно му даваат шанса малку подолго време.

Работата е што немаа интерес да најдат поинакво решение на проблемот и едноставно се доведе во ситуација или да се распадне клубот или ОК да го спаси со негов спонзор, под услов Миленко да има главен збор.
И од тогаш се фура некој филм, кој ќе си донесе спонзор, тој си е главен, што сака ќе си прави. Ете Комити што не нашле спонзор, што не сме дале ние од џеб, демек така лесно оди тоа.
Работава не е кој внел пари, кој можел да најде спонзори, кој можел партиски да го исчисти долгот, туку треба да се седне и да не се оди со глава во ѕид, ако тврдат дека го сакаат клубот да прифатат критика и додека има време да се среди ситуацијата и некои луѓе да заминат во историјата.

Трагичното е некои повисоки структури СТВАРНО МИСЛАТ дека донеле добри играчи и клубот е на вистински пат. Едноставно сељачизмот е на највисоко ниво, секоја критика се смета за напад кон партија, кон држава.
На Митев што играше кај нас, татко му пишува дека и со затворски казни се заканувале на луѓето што го одржаа во живот Вардар овие години, ако уште се "мешаат" во работата на сегашниве. Лудилото нема граници, ама проблем е што бекап варијанта не постои, секако пропаѓа клубот. За нас најпозитивно би било да се прифатат критиките и веднаш да си заминат Миленко и Иди, со цело ѓубре што го потпишаа на тренерски позиции, а на нивно место постручни лица да го водат спортскиот дел. Секако нема да дозволат Комити повторно да го водат спортскиот дел, а тоа реално и не би требало да биде така (една навивачка група да води клуб).
 
Член од
26 март 2022
Мислења
590
Поени од реакции
5.467
Целата слика е ОЧОБОЛ. Уплашени и изгубени фудбалери, стручен штаб без доверба едни кон други и Управа без компас!

Убава пиша групата ,,Рибата смрди од главата". Таму треба да се сосече убаво, уште сега за да штетата биде помала.

Се слагам со Кано дека Горазд е виновен затоа што поверувал и не го пресекол одма овој чвор партиско-квази новинарски, но човекот мора да има огромен респект од сите Вардарци. Искрен, црвено-црн до коска, со емоција 100% излагаше на терен. Капа до под. Е сега што мислеше дека ќе може да плива помеѓу желбите и реалноста...тешко таа работа.

Иди и Миленко мора час побрзо да го напуштат клубот. И не продавај тука гурабии Кано, како нешто се прави во позадина. И да се прави(верувам дека се прави)сигурно Иди и Миленко не се уклучени. Ти се егзекутори на политиката, не се стратези. Обични пиуни на ОК, кој кога сака ќе ги шутне, кога сака ќе им даде. Буквално роботи!

Она што боли е односот кон дресот. Особено на новите фудбалери. Стариве ај биле тука, знаат кој гинел, каква ОГРОМНА приказна се створи, биле дел и имаат до негде однос, иако квалитетот е лош да не се лажеме.

Новиве???? Од кои казина и магацини за продажба на јапонски калкулатори се извадени овие ,,засилувања"? Подобро да ја поправаа оградата во Хиподром, отколку што изгубија време на тренинзи!

Единствено Закариќ покажува дека е неколку класи над сите други. Има осет, чита игра, знае да се постави..а и има победнички менталитет.

Миленко и Иди се нафатираа од провизии, не за џабе носат вакви фудбалери. Класика прича, Седло 2017...иста школа!

Затоа без филување, без бегање од реалноста. Оваа приказна крваво сме ја граделе за сега вака да биде бутната!

Кано, си помагал, секоја чест за тоа. Но носталгијата кон МКД и контактите со некои луѓе ти ги замачкаа очите. Ова се резултатите од тоа.

,,Чунга да порабител со фудбалерите, време му требало"...ме дупиш??????? Со месеци е со нив секој ден по 15 часа. Дај не забевај. Мислиш сега доаѓа, ало друже тука е цело време...да беше мангуп после она што му се случи на Горазд ќе си отидеше, али ете време му требало..ајде, дај боооже да грешам, само са не биде што би рекол еден поранешен претседател ,,Да му дадеме време на времето.."

Се на се, добро е притисокот да расте. Мобилизацијата на навивачите не смее да падне. Иди и Миленко ќе бидат минато, верувам за брзо..ние сме тука па сме тука. Затоа нема паѓање, се гледаме на Градски!
 
Член од
25 август 2024
Мислења
66
Поени од реакции
76
sakam javno tuka posteno na forumov da se izvinam za moive prejaki ocekuvanja ova vcera sho go gledav bese poise od mizernoo. Nekoj odredeni lugje pred sezonava me ubeduvaa deka sme najaki sme zemale sve i vikam ajde da bildam atmosfera i ja da pojacam energija da ne bide se negativa ali za zal ne se ispostavi taka. Za milenko i orce toa sho go kazav go kazav jbg ne se poreknuva ali gledam deka ide ova sve u losa nasoka vardar pred sve neka letaat od klubot ako e toa pravo resenie mada orce e inicijator toa potesko za nas za koreecot fakat ubeden sum deka e dobar igrac posto licno posvedociv na toa drugovo sve vcera bese minus 10 a ne nula jbg. So vardar do kraj ideme jako sho i da bide
 
Член од
2 февруари 2023
Мислења
124
Поени од реакции
696
Јаката Академија Пандев, откако против нас личеа на Реал, загубија 4-0 од Силекс, а сега губат 0-2 од Шкенди.

Нека ја стават со време со Воска во Маџари, да пробааме со притисок да тепаме некого, затоа што отидовме во втора лига. Многу ни се широки терениве, затоа немааат душа во 20та минута.
Во Маџари на стадионот може да се постават казани и чадори за некоја манифестација од типот пифтијада 2024 Скопски регион а не да игра клуб со величина како Вардар, разбирам лани секое денарче се гледаше да се искористи најпаметно, тоа што поминаа луѓето од управа и нивниот ангажман се коси со реалноста. Какви све приказни изнаслушав и проблематики дека имале, клубот најмалку што треба да направи е да ги запише нивните имиња со златни букви во својата историја. Но сега не е така. Утакмиците се добиваат на терен, треба и во гости да победиме и бидеме доминантни не да се вадиме на тој притисок вечно. Друго дали некој после нас треба да остане да навива за Вардар во Скопје или ќе го учукаме во Велес, Кадионо што ти знам каде? Ако тие аргентинците не се способни да доведат во натпреварувачка форма 16-20 играчи тогаш може да си купат карта во еден правец. Зар малку луѓе едуцирани имаме па аргентинци ќе не оправаат. Тек сега народот треба да го брани својот клуб! Ние никогаш не сме биле навивачи на резултат него приврзаници на големиот ВАРДАР! Маџари не е место за тоа, не ни е потребен стадион каде што ќе губиме играчи ради, повреди луѓе да бидат скратени да го гледаат својот клуб дал со останување пред стадион дал со губење на цел ден за стигање и враќање од таму.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.834
Поени од реакции
7.255
Пост од фејсбук профил на една наша другарка од трибината, која не е многу експонирана и следена, затоа го постирам тука, сметам дека е вреден да се прочита.


Некој би рекол дека ние што триста милиони години одиме на Вардар би требало да сме издржливи и тврди, секогаш подготвени за страдање и непоколебливо тврдоглави.
Навистина сме такви и ова што сега ни се случува, овој грд хаос од мрачни ликови што го нападнаа клубот, немаше да биде ништо посебно да не беше минатата година.
Кој/а бил/а во серија од барем 5 последователни утакмици на стадион знае дека трибината лечи од секаков цинизам и дека ги ништи сите одбранбени механизми. Можеш од дома да тргнеш вооружена/а со дефетизам и навидум подготвен/а за сите евентуални удари на судбината, но на половина пат натаму срцето веќе ти пее и чиниш светот буквално работи на твојата љубов.
Лани беше така цела сезона и таа неверојатно тврдоглава љубов го одржа клубот во Прва лига.
Навивачите управуваа со клубот и мораа да пораснат преку ноќ: довчерашните ултраси научија да водат финансии, доаѓаа пет саати порано на утакмица да подготвуваат неверојатни кореографии, произведува реквизити и самите ги купуваа за да има пари за клубот, школата функционираше одлично, околу себе собраа екипа еднакво посветени стручњаци, беа домаќини и газди и секоја утакмица почнуваше навреме, играчите примаа плати и не фалеше ни денар, ниту настана некаков нов долг. И навивањето речиси цела сезона беше беспрекорно и ништо од спечалените пари наменети за клубот не беше одвоено за плаќање казни.
Добро, имаше помош од некои општини што ни овозможи воопшто да има каде да играме и да има каде да се тренира, а и Собранието на Град Скопје изгласа финансиска помош што, тотално злобно, надлежната ја префрли буквално последниот ден, неколку месеци подоцна.
Нормално е дека сите се навлековме на идејата за „клуб на народот“. По навика сонувавме за спонзор, зашто сакаме европски натпревари, сакаме да газиме во лига како порано, а и зашто таков напор не може да се издржи засекогаш. Ама човек веднаш се навикнува на добро и по сто години напната непријатност, ни стана природно во Вардар сѐ да е чисто, сите еднакво да го сакаат и никој да не се штеди. Вардар лани беше едно солидарно народно клупче. Лани, всушност, беше најубавата година и поради тоа, сега ни е најтешко.
Ова го пишувам за тие што не знаат, што не доаѓале и што не можат ни да претпостават каква љубовна приказна се случуваше на трибинчето во Маџари и по селата и градовите низ Македонија.
Сега над клубот демнат некакви идни газди, не се знае кој ги носи одлуките, кој ги бира играчите, против кого сѐ треба да се бориме. Навидум работите функционираат, а всушност виси неизвесност, играме лошо, а од новите дресови, по сто години конечно со имиња на играчите, се мавтаат пајажини од негрижа.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
906
Поени од реакции
2.969
На постарите членови тука им давам простор секогаш за објава на мојата страна на фб, ФК Вардар, еден живот, една љубов.
Само нека ми пишат порака.
Еве како статусот погоре на швепс, може и треба да биде повеќе експониран, а со ваша помош страната би можела да изгледа многу подобрa во тој сегмент.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.941
Поени од реакции
73.582
Во Маџари на стадионот може да се постават казани и чадори за некоја манифестација од типот пифтијада 2024 Скопски регион а не да игра клуб со величина како Вардар, разбирам лани секое денарче се гледаше да се искористи најпаметно, тоа што поминаа луѓето од управа и нивниот ангажман се коси со реалноста. Какви све приказни изнаслушав и проблематики дека имале, клубот најмалку што треба да направи е да ги запише нивните имиња со златни букви во својата историја. Но сега не е така. Утакмиците се добиваат на терен, треба и во гости да победиме и бидеме доминантни не да се вадиме на тој притисок вечно. Друго дали некој после нас треба да остане да навива за Вардар во Скопје или ќе го учукаме во Велес, Кадионо што ти знам каде? Ако тие аргентинците не се способни да доведат во натпреварувачка форма 16-20 играчи тогаш може да си купат карта во еден правец. Зар малку луѓе едуцирани имаме па аргентинци ќе не оправаат. Тек сега народот треба да го брани својот клуб! Ние никогаш не сме биле навивачи на резултат него приврзаници на големиот ВАРДАР! Маџари не е место за тоа, не ни е потребен стадион каде што ќе губиме играчи ради, повреди луѓе да бидат скратени да го гледаат својот клуб дал со останување пред стадион дал со губење на цел ден за стигање и враќање од таму.
Маџари го кажувам како пример за единствен стадион во Скопје со покриена трибина, кој ни одговара за капацитет за домашни натпревари.
Сигурно не е дека сакам да играме до место до кое губам 2 саати за да стигнам :D
Едноставно очајно ни треба таков тип на стадион. Да има две такви трибини, покриени, одма до терен, без атлетска патека, да се осети притисок од публика. Перфектна локација ќе беше помошното игралиште или теренот на АРМ или на Работнички. Ама за ова секако дека можеме само да сонуваме.
 
Член од
31 март 2011
Мислења
112
Поени од реакции
609
Топ идеја помошното или Арм да го направат ќе биде лудило.
Еве свинскиот тука чита ако го напраи тоа ама стварно ако го направи нека остане директор у наредни 4 години.
Иначе по другарска линија како што ја отуѓија Академијата така нека ја вратат, нели работат во интерес на Клубот.
Само нека не изиграваат жртви демек еве нињ клубот го вадиме од гомна а позади завеса гомната заедно ги сркаат.
Свињата ја чуваат 24/7 сега, ако проба некој да му држи лекции само ќе се изгори.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.933
Поени од реакции
14.961
Абе какви 4 години, козарот има ограничен рок на траење. И он и ИДИотот се тешки аматери, а уште полошо е што се многу вообразени луѓе кои мислат дека многу го разбираат фудбалот (и низа други теми, но небитно е тоа сега). Во таква ситуација, нивната вообразеност ги спречи да го видат очигледното и да побараат помош од луѓе кои се далеку поинтелигентни, го сакаат Вардар и се спремни да работат професионално за овој клуб. Се надевам дека инвеститорот ќе увиди дека токму овие двајца заедно со идниот претседател на ффм се обично масно ткиво кое треба што побрзо хируршки да се отстрани, како не би предизвикало посериозни последици.

Горенаведеното не не ослободува и нас од одговорност, мораме да продолжиме со истото темпо и да покажеме дека Вардар има реална маса која стои позади овој клуб.
 
Член од
24 мај 2022
Мислења
113
Поени од реакции
502

За Вардар се збори од 31:30 до 51:00 и од 1:41:00 до крај.Обрнете внимание на вториот дел кој што го наведов.Сите од работите кој што ги кажува овој во белата кошула на сите ни се јасни и не е ништо ново.И наместо овие работи да се кажат на прес конференција да се информира пошироката јавност во која насока оди клубот,кој се целите оваа сезона тие се кажуваат на FOOTCAST.
 
Член од
13 јули 2020
Мислења
170
Поени од реакции
395

За Вардар се збори од 31:30 до 51:00 и од 1:41:00 до крај.Обрнете внимание на вториот дел кој што го наведов.Сите од работите кој што ги кажува овој во белата кошула на сите ни се јасни и не е ништо ново.И наместо овие работи да се кажат на прес конференција да се информира пошироката јавност во која насока оди клубот,кој се целите оваа сезона тие се кажуваат на FOOTCAST.
Na IDI slabo mu odi nekako pravdanjeto za utkite sto on licno gi naprai vo klubot.. Ubavo mu potenciraa drugive gosti deka edno e da se raboti na sreduvanje na administrativniot del a sosema drugo e sportskiot del da ne lici na nisto i amaterski da e voden.
Ama vo pravo e za dve raboti. Prvo za "golemite vardarci" sto mame mu ebaa na klubot (osobeno lani bea aktuelni dva lika kao legendi sto bea nabrkani od KOMITI koga gi otkrija sto mufljozi se, za tie pred niv muabet da ne praime od tipot na zvezdashot so kafic) i vtoro okolu somnitelnoto finansiranje na 2,3 kluba (vidi cudo site 3 se od talibanski sredini a bogami i parite kje da im se takvi bukvalno) .
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom