Фан Клуб: Вардар

Член од
31 август 2020
Мислења
416
Поени од реакции
1.336
Последно уредено:
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.023
Поени од реакции
2.383
Требеше да ја решиме утакмицата уште у прво ама се изнапромаршија па следуваше казна.Вака не сум се радувал на гол доолго време браво и за играчите и навивачите и сите,за вакви викенди се живее.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.655
Поени од реакции
5.989
Караорман - Вардар 1-2 Жоглев 90
Охрид - Вардар 0-1 Жоглев 95
Локомотива - Вардар 1-2 Жоглев 96

На сите овие три гостувања бев , нема послатка победа и чуство на радост за гол во 90 + ...
И денес ке се превртеше трибината , тие па џандарите се уплашија мислеа на терен ке влеземе а ние гол славиме ебати идиотите немаат сенс за прослава на гол :icon_lol:
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.022
Кој беше денеска знае што е луда прослава на гол, ваква емоција и делириум кој знае од кога не сум почуствувал, ги умре Жоглев од мака со се играчи и управа до шипците џандари што стоеа позади оградата, ќе го сонуваат Вардар една недела од голот и прославата на крајот.

Многу малку ни фали до целта, ако некој заслужил успех покрај сите црнила, овие играчи а и навивачи заслужиле. Се надевам ќе успееме во тоа.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Кога го глеам видеово од голот и тоа од соблекувална после крај на утакмица, солзи на очи ми надоаѓаат. Момците се соживуваат со клубот и неговите проблеми, со страста на навивачите, буквално се сметаат себе за дел од целата приказна. Панта наместо да мирува, отишол на штаки да им биде потпора на играчите. Ајде оди победи да те видам таква екипа, во која играчите гинат еден за друг.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.513
Поени од реакции
23.019
Караорман - Вардар 1-2 Жоглев 90
Охрид - Вардар 0-1 Жоглев 95
Локомотива - Вардар 1-2 Жоглев 96

На сите овие три гостувања бев , нема послатка победа и чуство на радост за гол во 90 + ...
И денес ке се превртеше трибината , тие па џандарите се уплашија мислеа на терен ке влеземе а ние гол славиме ебати идиотите немаат сенс за прослава на гол :icon_lol:
najjako e zoglev gi dava site 3 gola... go imame noviot pancev. :pos:
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.250
Поени од реакции
3.821
Да се направи кратко видео на крај како приказна за сезонава. Мора овој моментум да се искористи и да се продолжи уште појако во прва лига. Ептен ми е мерак, иако не следам толку македонски фудбал, ама искрено поради вакви моменти почесто би одел на стадион. А верувам дека и многу други би сакале да бидат дел од една ваква приказна.

Мора малку повеќе да се подигне свеста и кај обичната публика дека игра Вардар, поготово дома. Да се знае дента, да се збори колку-толку, да има некаков муабет поготово и помеѓу младите.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.156
Поени од реакции
4.630
Искрено, браво за соопштениево на играчите, нема зошто да ќутат или кријат, нека знае цела јавност за проблемите и нека се прави поголем притисок за реакција. Секоја чест на сите до еден за посветеноста што ја имаат и за ова што го прават, желбата и сплотеноста се единствената причина за моменталните резултати што ги имаме пролетва, се надевам ќе истераме до крај така!

Инаку, моментално Пелистер губи 2-0 од Воска и на некој начин отпаѓаат од трката, -9 се од нас, огромна предност што не би смееле да ја пропуштиме. Ако успее Беласица да им откине на Гостивар некој бод следно коло, ќе бидеме во одлична позиција, ама и без тоа, топката моментално е во наши раце, Беса не е поквалитетна од нас и иако е тежок терен, можеме да дојдеме до победа, а со Гостивар пред полна трибина и наша помош можеме сами да си решаваме за судбината.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.655
Поени од реакции
70.692
Пелистер и со -9 бодови не е скроз отпишан, сепак ние допрва ќе ги играме потешките утакмици и возможно е бодовната разлика меѓу нас и нив да биде помала или еднаква од 3 бодови до меѓусебниот дуел. Во таков случај со победа во меѓусебен дуел, би отишле пред нас.
Затоа реков оној бод што го освоија во Гостивар, може да биде многу важен за нив.
Вака имаат само потешко гостување евентуално кај Беласица која сркако не игра за ништо и можеби кај Тетекс.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom