Фан Клуб: Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
28.405
Поени од реакции
55.146
Хахаха... леле на очно другар обавезно:D Како си ги промашуваш играчите значи:P Третиот гол е на Љамче, а Стојанов иако имаше некоја повреда, остана до крај. Стојковски не влезе, туку едно младо дете Ѓорѓиевски. Мислам играше на претходната со Беса.
Инаку прво полувреме не знам што си глеал од страната на Комити кај што беа, ама се изнапромашивме убаво. Голманчето језда се излета при првиот гол, ама до 45 минута бранеше ко мачка. Им фати убави прилики на Петковски и М.Блажевски, покрај тоа Фичо две покрај гол пласираше, Шиле една над гол и ми се чини уште некоја имавме.
Во секој случај неубедлива, бавна игра на нашиве, и покрај триумфот. Мора еднаш веќе да сфатат дека е потребен далеку поголем ангажман на натпреварите, иначе повторно ќе ни се деси некоја Велешта или Беса со ваков пристап.
Добро е, се подобрувам од утакмица на утакмица :D
Епа не се навива и гледа фудбал истовремено. Особено што во последно време цело време вееме бајраци на трибина, гледаш на сец :D
За третиот гол, видов дека некој пласираше, после дека го гушкаа Николов највеќе и така проценив :P
Значи Љама ја акнал таа.
Прво полувреме немаше шанси да догледам до другиот гол, ама вака што памтам имаше голманот една добра одбрана и општо беше сигурен при нафрлени топки.
Баш и претходно сакав да кажам дека одлично би ни дошол во екипа.

Силекс гази, веќе од сега може да кажеме дека ќе бидат први. Воска планирано си доби наместена утакмица со Беса, така што ќе се бркаме со нив.
Ќе биде тешко да се дојде до тоа второ место, освен ако Силекс на крај не одигра за нас. Треба да договорат нашиве.
И покрај тоа, во моменто нема шанси да добиеме бараж утакмица со ниту една екипа од Борец, Пелистер, Скопје и Тиквеш.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.390
Поени од реакции
1.879
Јак момент беше кога шутираше Керим, а овој голманов на Кадино на шашма ја одби и топката заврши во стативата. И се сполета да трча напред со топката од возбуда, демек побрзо да деганжира. :D
Инаку не е ништо чудно ако ги згреши некој играчите и јас пола и повеќе не можам да ги препознаам. Посебно стоперите и дел од средниот ред.
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
869
Поени од реакции
1.406
Инаку Пеев ни самиот не знаел што му е со повредата. Чудно, ама ваков одговор добив...
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
5.684
Поени од реакции
1.359
Кога беше јак Вардар па мислам немаше вакви бројки на трибини :)
Денес добра бројка , бакли , кореографија за втора лига поготово е научна фантастика за други групи ..
Во Кадино немаше игла кај да падне ...
Групата засега функционира добро , уште Вардар да си го врати сјајот и тоа е тоа ..
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
2.965
Поени од реакции
4.893
Иначе заборавив да пишам дека Никола Ристески не може да игра до декември зашто, според глупите правила на ФФМ, веќе имал напраено трансфер летово:facepalm: И сеа мора да чека 2 месеци да поминат.
 
Член од
6 февруари 2011
Мислења
154
Поени од реакции
370
Добра бројка за втора лига секоја чест, и не е чудно да се полни трибините по селата кога цела група е од околијата на Скопје , сигурно нема градски да го полните далеку ви е ..
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
5.827
Поени од реакции
8.364
Добра бројка за втора лига секоја чест, и не е чудно да се полни трибините по селата кога цела група е од околијата на Скопје , сигурно нема градски да го полните далеку ви е ..
ti dadoa penkalce i majcka komunjarite ili cekas od dui da si zemes koga ke rucate so brakata? znam deka si malku ljubomoren ama ok e, eden den i vie nalikuvate na navivacka grupa... valjda
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.009
Поени од реакции
3.722
Супер атмосфера, денес во Кадино беше баш како што треба да изгледа еден фудбалски натпревар, сонце, многу луѓе, скара, пиво, насмеани и расположени луѓе, добра атмосфера со песни, кореографија, бакљи. Од фудбалски аспект, впечатокот на сите е дека во прво бевме нешто послаби, иако од аголот каде што бевме тешко беше да се забележи јасно што се случуваше на другиот гол, во второ целосно паднаа Кадино, премлад состав имаа, и лесно ги решивме. Сеуште не сум многу задоволен од играта, не доминиравме, се правеа премногу грешки, ама ајде, чекор по чекор...
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
2.965
Поени од реакции
4.893
ti dadoa penkalce i majcka komunjarite ili cekas od dui da si zemes koga ke rucate so brakata? znam deka si malku ljubomoren ama ok e, eden den i vie nalikuvate na navivacka grupa... valjda
Си дојде опиночето да си ги искаже своите фрустрации уште од дете што си ги има. Зар те чуди? А не заприметил дека и со нивните браќа заедно не можат да ги достигнат стандардите на Комити. Изгледа во Логоварди или Новаци треба да се пребацат за да појачаат бројка „градските“ момци...
Добро е, се подобрувам од утакмица на утакмица :D
Епа не се навива и гледа фудбал истовремено. Особено што во последно време цело време вееме бајраци на трибина, гледаш на сец :D
За третиот гол, видов дека некој пласираше, после дека го гушкаа Николов највеќе и така проценив :P
Значи Љама ја акнал таа.
Прво полувреме немаше шанси да догледам до другиот гол, ама вака што памтам имаше голманот една добра одбрана и општо беше сигурен при нафрлени топки.
Баш и претходно сакав да кажам дека одлично би ни дошол во екипа.

Силекс гази, веќе од сега може да кажеме дека ќе бидат први. Воска планирано си доби наместена утакмица со Беса, така што ќе се бркаме со нив.
Ќе биде тешко да се дојде до тоа второ место, освен ако Силекс на крај не одигра за нас. Треба да договорат нашиве.
И покрај тоа, во моменто нема шанси да добиеме бараж утакмица со ниту една екипа од Борец, Пелистер, Скопје и Тиквеш.
Ех, сеа и ти. Сме немале шанси да добиеме ни една од екипиве. Борец е распад систем, со Скопје за брзо ќе се пробаме, Пелистер со Јуфо, Бериша, Величковиќ, Крстевски е очај невиден (табелата е најевидентен доказ) и сега во предизборие повторно ги вееат дека ќе им го реанимирале клубот, Тиквеш во моментов е наше ниво ко што се уверивме на Вуко Каров, но сепак имаат најголем потенцијал од наведениве екипи да просперираат, пред се затоа што имаат стабилна финансиска позадина, а сега и сериозен тренер во името на Костов.
 
Член од
31 август 2021
Мислења
56
Поени од реакции
216
На полусезона ќе се види новиот газда колку е сериозен со клубот, или е уште едно политичко измеќарче дојдено да испере некоја црна пара во матниот Вардар.
Сега за сега е битно да собереме што повеќе победи, првото место е отидено за Кратово уште сега, нема дилеми. А за бараж ќе треба да се одврзе ќесето во Јануари а богами и во Мај.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
28.405
Поени од реакции
55.146
Ех, сеа и ти. Сме немале шанси да добиеме ни една од екипиве. Борец е распад систем, со Скопје за брзо ќе се пробаме, Пелистер со Јуфо, Бериша, Величковиќ, Крстевски е очај невиден (табелата е најевидентен доказ) и сега во предизборие повторно ги вееат дека ќе им го реанимирале клубот, Тиквеш во моментов е наше ниво ко што се уверивме на Вуко Каров, но сепак имаат најголем потенцијал од наведениве екипи да просперираат, пред се затоа што имаат стабилна финансиска позадина, а сега и сериозен тренер во името на Костов.
Не сум толку уверен дека би добиле некого, иако во бараж дуел е поинаква приказната. Борец ми е ептен на климави нозе, иако играчкиот кадар не е до толку лош. Сепак со мала финансиска криза, може и убедливо последни да завршат. Скопје е тука некаде по квалитет, веројатно ќе бидат една од екипите која сигурно ќе отпадне. Убаво би било со нив да играме бараж, тие знаат да ги шитнат бараж мечевите.
Пелистер и Тиквеш се спонзорирани од партиски фигури и нивниот тек ќе зависи од резултатите на избори. Мите ќе победи со сигурност, веројатно ќе појача со пари. Дополнително, со Костов како тренер ќе бидат постабилни. На турнирот Вуко Каров, странците не им играа. Тоа е наша најголема болка, што прволигашите имаат предност на странци во екипата. Судбината на Пелистер е најмистериозна, може да крахираат како нас или со неколку странци да завршат во бараж, пред Скопје и Борец. Бидејќи веројатно ќе победи овој Кондовски, сигурно ќе прошверцаат некој странец.

Инаку, денес Настевски го раскинал договорот со Скопје. Да не доаѓа и он кај нас? :D
Иван Николов го земале во младинска репрезентација.
 
Настевски Иван? На него мислиш? Па зар игра уште фудбал тој:D

Неам појма искрено дали го планираат, ама играчи од негов профил иаме колку сакаш. Шиле, Костовски, Петров, па дури и оној Пановски што можда и не е више во Вардар. Ќе видиме...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom