Фан Клуб: Вардар

Член од
11 мај 2020
Мислења
112
Поени од реакции
272
Кој е Крстевски? Може некој да објасни? Чија маска е? Освен што наводно ја водел Беласица, друго не знам ништо.

На подобро сме сега или ова ќе биде последната ќерфија во кофчегот?
Од она што видов, има градежна компанија што гради згради низ Скопје. Млад дечко, скоро 40 години. Се распрашав околу, ми кажаа дека е карактерно фин човек, не е некој надмен, има желба за инвестиција во спорт, е сега, дали намерите за Вардар му се на долгорочен план... си знае само тој или оние околу него...

Како и да е, нека е среќно. Подобро вака да се почне него ли никако. И да, Самсот на крај испадна педер најголем.

На играчите веќе им се кажани плановите, сите ќе добиваат скромни плати, на нив се согласни, нема огромни примања и големи ветувања. Се почнува доста претпазливо...
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
2.951
Поени од реакции
4.816

И така треба да и биде, друже. Од големите ветувања и мегаломанските договори за наши услови, добивани без никакво поткритие во ерата на Самсот, дојдовме до раб на исчезнување. Нека ни е за памет ова.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.372
Поени од реакции
1.842
Кои од младите фудбалери од претходната сезона останаа во екипата и дали има нови кои се прекомандувани од младинскиот погон?
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
10.029
Поени од реакции
21.199
Денес се закажани лекарските прегледи. Има ли инфо некој кој имиња се појавиле?
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
809
Поени од реакции
1.285

Постарите утре биле на прегледи, денес биле децава, Величковиќ заминува исто така, не се појавил денес.
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
809
Поени од реакции
1.285
Децана ги видовме у прва лига колку можат. У втора лига, посебно ваква втора лига, нема да знаат кај се наоѓаат кога ќе гостуваме.. затоа, мислам дека е подобар изборот да носат вакви засилувања од типот на Стојанов и компанија - кои играле по селана 2 лига и знаат како е.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.372
Поени од реакции
1.842
Децана ги видовме у прва лига колку можат. У втора лига, посебно ваква втора лига, нема да знаат кај се наоѓаат кога ќе гостуваме.. затоа, мислам дека е подобар изборот да носат вакви засилувања од типот на Стојанов и компанија - кои играле по селана 2 лига и знаат како е.

Мислам дека младинците ќе ги користат за ротација. Затоа прашав кој остана од нив, оти никаде нема информации од тој поглед.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
54.755
Јас пак сметам дека требаше да ги задржат Ѓурковски и Величковиќ. Не е лесно да играш на погрешна позиција и да имаш толкава одговорност во дебитантска сезона.

Туку, гледам Силекс останале без скоро цел прв тим. Ако си замине и Божиновски, тогаш онаа констатација дека ќе се прошетаат низ лигава, веројатно нема да ми биде точна. Ако се точни нашиве засилувања, треба да имаме најквалитетен тим...
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
809
Поени од реакции
1.285
Мислам дека младинците ќе ги користат за ротација. Затоа прашав кој остана од нив, оти никаде нема информации од тој поглед.
Останаа Мирков, Давид Велковски, Гео, мислам дека и Гугуљанов е тука... другите се играчи од младинците што ќе бидат во прв тим
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
2.951
Поени од реакции
4.816
Се е ова сомнително и привремено решение. Пак ќе кукаме.
Аха... така викаш. И што беше решението според тебе!? Да не' снема комплет од мапата нели...
Јас пак сметам дека требаше да ги задржат Ѓурковски и Величковиќ. Не е лесно да играш на погрешна позиција и да имаш толкава одговорност во дебитантска сезона.

Туку, гледам Силекс останале без скоро цел прв тим. Ако си замине и Божиновски, тогаш онаа констатација дека ќе се прошетаат низ лигава, веројатно нема да ми биде точна. Ако се точни нашиве засилувања, треба да имаме најквалитетен тим...
Со извинение, ама прописно да им се изнамочам на Ѓурковски, Величковиќ и остали лиглиња. Најмногу ради нивните лапсуси испаднавме од Лига. Нека идат кај сакаат слободно, ќе дојде до израз неквалитетот што го имаат. За играње во Вардар немаат срце и душа.
Силекс остана без скоро се што им вредеше, ќе набројам само некои: шпицот Георгиев, Серафимовски, Тантуровски, капитенот за Шкендија што отиде, како и 3-4 Срби што им беа стандардни. Баш ме зачуди кога ги спомна како прв фаворит за промоција во Прва лига...
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
809
Поени од реакции
1.285
Аха... така викаш. И што беше решението според тебе!? Да не' снема комплет од мапата нели...

Со извинение, ама прописно да им се изнамочам на Ѓурковски, Величковиќ и остали лиглиња. Најмногу ради нивните лапсуси испаднавме од Лига. Нека идат кај сакаат слободно, ќе дојде до израз неквалитетот што го имаат. За играње во Вардар немаат срце и душа.
Силекс остана без скоро се што им вредеше, ќе набројам само некои: шпицот Георгиев, Серафимовски, Тантуровски, капитенот за Шкендија што отиде, како и 3-4 Срби што им беа стандардни. Баш ме зачуди кога ги спомна како прв фаворит за промоција во Прва лига...
Еве и Цветаноски во Вардар изигра пар месеци дур бевме слаби, сега го гледам ни во слога не може да изигра една текма како што треба. Силекс нека бидат среќни ако им остане Даниел, оној Стојчевски исто како у Вардар кога беше, 60минути плафон и грч го фаќа... е такви ни се фудбалерите у Мк лига.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom