Фан Клуб: Вардар

Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Не може бе некој да ни го погреба клубот, националната гордост која ја добил на тацна,и да си се шета без да го заболе курац.
Гледаш дека може. Он нема ни достоинство поред сите тие долгови ни терените да ги отстапи за тренинг.
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
231
Поени од реакции
154
Водела ли било која институција досега евиденција каде идел приливот на пари, барем за последните неколку години во Вардар кога ја зема Самсоненко, особено од продажба на играчи и награди од УЕФА? У секој случај, жално е ова што се случува и тоа само во овој клуб, како да некој сака намерно да го уништи и никогаш никој да не го поврати.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.185
Поени од реакции
4.005
Океј е сите веќе знааат кој се криви ..
Самсоненко кој ги направи долговите и Шилегов кој како градоначалник цело време вика не е до мене неможам да го земам со долгови ..

Цело време ја префрла топката кај Самс ок знаеме дека он е виновен , па добро бе човек како град Скопје пушти му тужба направи нешто бори се за Вардар барем да се врти некоја пара во клубот да не играме со деца , сигурно ако имаше желба ке му се помогнеше на Вардар , вака цело време не сум јас крив тоа го вика ..

Еве и да испаднеме , јас незнам како ке функционира клубот , неможе да купиме играчи и 2 лига ке се мачиме хаос е во клубот ..

Самс и Шилегов гробари на ФК Вардар !
 
Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
728
Поени од реакции
820
Првпат влегвам на вашата тема, не сум човек што се сити на туѓа несреќа, но некако колку и да вервав дека барем преку бараж ќе се спасите, толку и ми е кеф за ситуацијата во која се наоѓате. Оти? Оти тој Самс ви изиграваше години спасител, па го молевте да остани, па си играше курташак со вас, топло ладно, човекот 5 пати се премисли, за на крај да ви го остај клубот да го снајди тоа што го снаоѓа, а можи и полошо... Го прочитав и вашето соопштение во кое не гледам зошто Шилегов се споменува, па кој нормален би подмирил долг од 3 милиони евра МИНИМУМ, а сигурно е преку 4 и зошто? Па карајте бе луѓе по Самс, Коце и Камчеви, па тие ви го закопаа клубот, исто и Пелистер Камчев и компанија преку Блашко го донесија Пелистер на НУЛА, со борџ од 500,000 евра, што е далеку помалку од вашиот, но сепак сеуште тешко се оправува клубот од таа криминалистичка банда, високи плати на фудбалерите, припреми, хотели, карантини што не, ништо не платено, за потоа скоро сите фудбалери (дури и битолските) да го тужат клубот, па секоја заостаната сума да им се исплати х3 за жал... И наместо оваа сезона во една ваква помочана лига со 600,000 евра да се бориме за титула или европа, ние ради тие исплаќања на долгови едвај се спасваме и дали ќе се спасиме... И да, има Самс хотел русија, други негови објекти па нека гори Скопје бе, па да не му текни појќе да ја гугла Македонија, а не па да дојди и да ви изигра спасувач... А, да, и бегалецот во Пешта еден од тие гробари, тој го донесе спасителот Самс... за крај не е лошо и втора лига, лошо е што ви се големи борџојте... а и да, се шушка дека ќе има пак фузија и дека в година ќе настапувате во ПМФЛ како Фк Вардар Скопје ама ако е то решение... П.С. Ренџер банкнотира, испадна 8ма лига, се враќаше 8 години, за сега да е ШАМПИОН на Шкотска со 20 бода пред Селтик... ама тоа е Ренџерс и тоа е Шкотска, екс Вардар (сега Миравци) во иднина Скопје и нашта вукојебина Македонија е друга прича... Поздрав и ви посакувам среќа ... и ај можи до крајот ќе ви падните ЛОТО 7 од 37 до крајот на сезоната па ќе се спасите :pos:
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Јас не сум љубител на Шилегов. Но мислам дека на некои луѓе гневот на погрешно место им е насочен. Нели градот плати 100.000 евра да се деблокира сметката, и издејствува да се прости долг од 60.000 евра. Плус отворено рече неколку пати дека со чиста сметка ќе го земат. Сеа, луѓе емоционално гледаат и сакаат да се спаси Вардар, па очекуваат дека градот ќе влезе и ќе го извади од дупка. Не е реално тоа. Многу пари се должат. Шилегов пред некое време на радио кажа дека долгот е 3.5 милиони евра. Не знам што може да направи градот тука. Не е тоа туку така, да го земат и да го покријат долгот и да сакаат, зошто тие пари треба да се буџетираат, процес е тоа. А, реално, нема и што градот да дава 3.5 милиони за фудбалски тим. Макар и Вардар бил. Инвеститорот кој го донел тука треба да го вади. Има хотел во Скопје, има некои други објекти, тука и во странство, нека продава и нека си ги помирува обврските. Ама очигледно не му се брза на човекот, си има некои други шеми он.
 
Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
728
Поени од реакции
820
Не е човек што се сити на туѓа несреќа - доаѓа у фан клуб вардар и се сити.
Не се ситам другар, не ја земај здраво за готово последната реченица...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
Јас не сум љубител на Шилегов. Но мислам дека на некои луѓе гневот на погрешно место им е насочен. Нели градот плати 100.000 евра да се деблокира сметката, и издејствува да се прости долг од 60.000 евра. Плус отворено рече неколку пати дека со чиста сметка ќе го земат. Сеа, луѓе емоционално гледаат и сакаат да се спаси Вардар, па очекуваат дека градот ќе влезе и ќе го извади од дупка. Не е реално тоа. Многу пари се должат. Шилегов пред некое време на радио кажа дека долгот е 3.5 милиони евра. Не знам што може да направи градот тука. Не е тоа туку така, да го земат и да го покријат долгот и да сакаат, зошто тие пари треба да се буџетираат, процес е тоа. А, реално, нема и што градот да дава 3.5 милиони за фудбалски тим. Макар и Вардар бил. Инвеститорот кој го донел тука треба да го вади. Има хотел во Скопје, има некои други објекти, тука и во странство, нека продава и нека си ги помирува обврските.
Никој не очекува да земе Шилегов да ја оправи работата, или да плати 3 милиони од буџетот на градот. Треба да е луд да го направи тоа, а луѓето мислам погрешно го таргетираат него кога проблемот е на друго ниво..
Во Македонија ако нешто научивме до сега, ништо не се случува случајно. Кога власта ќе даде амин, магично се појавуваат и пари и инвеститори и се останато. Како со претходната власт што ни дојде русин со некаков Абрамович филм во Скопје, можат и моменталните да го натераат да си ги подмири долговите, ако сакаат.
 
Прашање дали он воопшто инвестирал претходно, па сега не му се покриваат туѓи долгови. Или сега не може да пере пари или кој знае што правел претходно, па дека нема никаков бенефит сега, не му се фрлаат уште пари во бунар. Кој знае каква позадина имало неговиот влез во клубот.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.558
Поени од реакции
8.142
Јас не сум љубител на Шилегов. Но мислам дека на некои луѓе гневот на погрешно место им е насочен. Нели градот плати 100.000 евра да се деблокира сметката, и издејствува да се прости долг од 60.000 евра. Плус отворено рече неколку пати дека со чиста сметка ќе го земат. Сеа, луѓе емоционално гледаат и сакаат да се спаси Вардар, па очекуваат дека градот ќе влезе и ќе го извади од дупка. Не е реално тоа. Многу пари се должат. Шилегов пред некое време на радио кажа дека долгот е 3.5 милиони евра. Не знам што може да направи градот тука. Не е тоа туку така, да го земат и да го покријат долгот и да сакаат, зошто тие пари треба да се буџетираат, процес е тоа. А, реално, нема и што градот да дава 3.5 милиони за фудбалски тим. Макар и Вардар бил. Инвеститорот кој го донел тука треба да го вади. Има хотел во Скопје, има некои други објекти, тука и во странство, нека продава и нека си ги помирува обврските. Ама очигледно не му се брза на човекот, си има некои други шеми он.
Пасивноста е таа која највише боли од нивна страна. Никој не вика он да искешира директно 3 милиони, мада коа ќе видам кои пари ги фрли за ливадана на плоштад со што не задоволи апсолутно ни еден скопјанец, боље да ги дадеше у клуб. Град Скопје како 51 или 49% сопственик на клубот после враќањето на дегенов треба да покаже интерес за изнаоѓање на решение, значи да видиме некоја динамика која би можела да го извади клубот од говната. Гневот не е на погрешно место насочен. Најголемиот гнев е дефинитивно насочен кон Самсоненко и тука нема никаква дилема. Ама кога гледаме дека типот го заболе курот за клубот мораме гневот да го насочиме и кон оној другиот кој може да проба да направи нешто односно да бара одговорност од гомноно што не донесе до ова дереџе. И он е моментално градоначалник на град Скопје, па затоа и кон него е насочена фрустрацијата. Да беше некој друг градоначалник ондак кон него ќе беше насочено. Ако ништо друго сакам да видам борба и гонење на Самс да си ги подмири долговите кои ги направил додека бил на чело на клубот. Кратко и јасно, не знам дали ми ја сфаќаш поентата. Кој друг да го гони ако не град Скопје и Шилегов? Затоа и константно го напоменувам тоа. Кај нив нема желба за гонење на Самс, а типов дојде и ја остави најголемата македонска фудбалска гордост на питачки стап пред згаснување и не понесува буквално никаква одговорност. Тоа е целата прича.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
мада коа ќе видам кои пари ги фрли за ливадана на плоштад со што не задоволи апсолутно ни еден скопјанец, боље да ги дадеше у клуб.
Да не испадне дека го бранам. Ама и он не е крив за тоа. Тоа земјиште на плоштад е продадено од ВМРО на некоја албанска фирма за шпански скали да се градат таму. Сеа зошто не беше во сопственост на Град Скопје, не можеа да го поплочат. Па трева му засадија, ко некое привремено решение.

А не знам по кој правен основ може да го гони Град Скопје Самсоненко. Он се обврза да инвестира по 1.5 мил од сезона. Ама сега го заглави клубот во долгови и Градот неќе да си ја врати сопственоста за да не ги наследи. Него ќе си го гонат приватни лица на кои им должи пари, зошто он беше 100% акционерски сопственик. Реалноста е дека фудбалски клубови некогаш пропаѓаат ради финансиски проблеми, и тоа може да му се деси на Вардар.
 
Приватни лица него никогаш неможат да го гонат, секогаш фудбалерите, тренерите итн. ќе го гонат клубот, тој бил претседател на Вардар да и тој ставал потписи сегде, но во име на Вардар, кажав погоре, истата ингранка и во Пелистер ја направија, само потписи, фактури сегде на име на клубот и на крајот клубот го тужат, не поединци... логично само државата можи да го гони Симсоненко
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.558
Поени од реакции
8.142
Да не испадне дека го бранам. Ама и он не е крив за тоа. Тоа земјиште на плоштад е продадено од ВМРО на некоја албанска фирма за шпански скали да се градат таму. Сеа зошто не беше во сопственост на Град Скопје, не можеа да го поплочат. Па трева му засадија, ко некое привремено решение.

А не знам по кој правен основ може да го гони Град Скопје Самсоненко. Он се обврза да инвестира по 1.5 мил од сезона. Ама сега го заглави клубот во долгови и Градот неќе да си ја врати сопственоста за да не ги наследи. Него ќе си го гонат приватни лица на кои им должи пари, зошто он беше 100% акционерски сопственик. Реалноста е дека фудбалски клубови некогаш пропаѓаат ради финансиски проблеми, и тоа може да му се деси на Вардар.
Muabetot e za parite koi gi frli za trevata, kade neli "ne gi izložuva" gradjanite na troškovi, ama zatoa za nekoj Vardar nemal namera da gi izložuva.
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.137
Поени од реакции
5.481
Да не испадне дека го бранам. Ама и он не е крив за тоа. Тоа земјиште на плоштад е продадено од ВМРО на некоја албанска фирма за шпански скали да се градат таму. Сеа зошто не беше во сопственост на Град Скопје, не можеа да го поплочат. Па трева му засадија, ко некое привремено решение.

А не знам по кој правен основ може да го гони Град Скопје Самсоненко. Он се обврза да инвестира по 1.5 мил од сезона. Ама сега го заглави клубот во долгови и Градот неќе да си ја врати сопственоста за да не ги наследи. Него ќе си го гонат приватни лица на кои им должи пари, зошто он беше 100% акционерски сопственик. Реалноста е дека фудбалски клубови некогаш пропаѓаат ради финансиски проблеми, и тоа може да му се деси на Вардар.
tie pari nitu minatata sezona nitu ovaja gi vlozi, barem ako gledame na toa sto e isplateno. vo sekoj slucaj ovaja godina e daleku od taja cifra. e sega, ne znam dali dogovorot negde e objaven, da se proveri sto tocno pisuva vo nego.

za sportskiot del:
IMHO nikola ilievski ja sezna rabotata so toa sto go smeni sistemot koj so godini se koristese uspesno. najvrvnite treneri variiraat so sistemite vo zavisnost od toa sto e mu e potrebno na timot, a on e vo nekoj film i si go forsira toa negovoto iako timot ima problem so defanzivcite. nema ni asalni stoperi, ni prav LB. ne deka so startiot tim ke imase siguren spas od ispaganje, i togas ke bese tesko, ama siguren sum deka timot ke bese pokompakten i ke mozese da izvleci nekoj bod povise. strasno e sto i samiot sfati kakov problem ima nazad, 100 igraci gi izrotira na zadnata linija, no nikako da go smeni sistemot. sega i da go stari prekasno ke bide.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Првпат влегвам на вашата тема, не сум човек што се сити на туѓа несреќа, но некако колку и да вервав дека барем преку бараж ќе се спасите, толку и ми е кеф за ситуацијата во која се наоѓате. Оти? Оти тој Самс ви изиграваше години спасител, па го молевте да остани, па си играше курташак со вас, топло ладно, човекот 5 пати се премисли, за на крај да ви го остај клубот да го снајди тоа што го снаоѓа, а можи и полошо... Го прочитав и вашето соопштение во кое не гледам зошто Шилегов се споменува, па кој нормален би подмирил долг од 3 милиони евра МИНИМУМ, а сигурно е преку 4 и зошто? Па карајте бе луѓе по Самс, Коце и Камчеви, па тие ви го закопаа клубот, исто и Пелистер Камчев и компанија преку Блашко го донесија Пелистер на НУЛА, со борџ од 500,000 евра, што е далеку помалку од вашиот, но сепак сеуште тешко се оправува клубот од таа криминалистичка банда, високи плати на фудбалерите, припреми, хотели, карантини што не, ништо не платено, за потоа скоро сите фудбалери (дури и битолските) да го тужат клубот, па секоја заостаната сума да им се исплати х3 за жал... И наместо оваа сезона во една ваква помочана лига со 600,000 евра да се бориме за титула или европа, ние ради тие исплаќања на долгови едвај се спасваме и дали ќе се спасиме... И да, има Самс хотел русија, други негови објекти па нека гори Скопје бе, па да не му текни појќе да ја гугла Македонија, а не па да дојди и да ви изигра спасувач... А, да, и бегалецот во Пешта еден од тие гробари, тој го донесе спасителот Самс... за крај не е лошо и втора лига, лошо е што ви се големи борџојте... а и да, се шушка дека ќе има пак фузија и дека в година ќе настапувате во ПМФЛ како Фк Вардар Скопје ама ако е то решение... П.С. Ренџер банкнотира, испадна 8ма лига, се враќаше 8 години, за сега да е ШАМПИОН на Шкотска со 20 бода пред Селтик... ама тоа е Ренџерс и тоа е Шкотска, екс Вардар (сега Миравци) во иднина Скопје и нашта вукојебина Македонија е друга прича... Поздрав и ви посакувам среќа ... и ај можи до крајот ќе ви падните ЛОТО 7 од 37 до крајот на сезоната па ќе се спасите :pos:
Иницијатива за негово останување никогаш не постоела. Ќе те молам да не шириш невистини. Тиквата со него пукна уште 2017 кога смислено проба да ја отстапи Јужнаta трибина за навивачи на Фенербахче, добро знаејќи дека ќе испровоцира огромен револт кај луѓето со еден таков потег. А со тие негови постојани блефови за заминување (btw сеуште не е повлечен), секогаш темпирани во пресрет на одредени избори, навивачите на Вардар немаат баш ништо.
Да не испадне дека го бранам. Ама и он не е крив за тоа. Тоа земјиште на плоштад е продадено од ВМРО на некоја албанска фирма за шпански скали да се градат таму. Сеа зошто не беше во сопственост на Град Скопје, не можеа да го поплочат. Па трева му засадија, ко некое привремено решение.

А не знам по кој правен основ може да го гони Град Скопје Самсоненко. Он се обврза да инвестира по 1.5 мил од сезона. Ама сега го заглави клубот во долгови и Градот неќе да си ја врати сопственоста за да не ги наследи. Него ќе си го гонат приватни лица на кои им должи пари, зошто он беше 100% акционерски сопственик. Реалноста е дека фудбалски клубови некогаш пропаѓаат ради финансиски проблеми, и тоа може да му се деси на Вардар.
Друже, член 12, став 1 од договорот меѓу Градот и РК Вардар АД од 2014 вели вака:
„Градот Скопје има право во судска постапка да бараат раскинување на овој договор поради непочитување на посебните услови за купопродажба на акциите и враќање на управувачкиот пакет од најмалку 51%“
И секако во случај на раскинување на договорот од страна на надлежниот суд, купувачот до денот на враќање на управувачкиот пакет акции, да ги подмири сите превземени обврски на ФК Вардар АД Скопје. Доколку и тоа не сака да го направи, се знае добро што следува понатаму.
Значи и те како има правен основ Град Скопје да го гони Самсоненко, но нивните мегафони се повикуваат на тоа дека Градот можел, ама не морал да побара раскинување на договорот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom