Катастрофална ситуација.. Во прилог ни оди што собравме доста бодови есента, а Беласица се само на 9, а ко кец на десетка ни дојде и ситуацијата со Борец, па очекувам главната битка да се води со Беласица, Пелистер и Борец, ама со забранава за трансфери ќе биде ужасно тешко. Џиџи можда е и само ставен ради-реда, со оглед на тоа што немаат лиценца Глигоров, Грне, Злате, веројатно они ќе имаат голема улога. Искрено не сум оптимист, не знам како би успевале да собереме бодови со овој состав, прелошо е што уште на старт играме со Пелистер, без подготовки ни се спрема уште од старт пораз и топење на разликата со нив.
Без Цветановски и Мицевски и без никаква ширина во составот сме, средниот ред ќе биде најпогоден бидејки останавме само на Најденов, а и тој беше топло-ладно есента и не се истакна како лидер, штета што и младиот Стојчевски избега во Пандев, ќе треба да ископаме некој од младинци да покрие таму, јас би го играл Лазаревиќ во средина, за десно ќе покријат Давид Велковски и оној Петејчук од младинците. Позади останаа младите што играа, тука е и Виктор Велковски, нема да има многу промени, нападот ќе зависи највеќе од Мирчевски, среќа што и овој не ни кидна, и ќе се молиме на Шиле и Петковски со повремени блесоци да не вадат.
За крај, и да избориме опстанок, тоа ќе значи играње бараж, дури и за тука сум скептик дека ќе се носиме со овој состав ама ајде.. Искрено побитно е да се изгура сезонава и да се среди ситуацијата во меѓувреме, макар и испаднале, ама испаѓање може да биде кочница за понатамошно функционирање и нови инвеститори, се надевам нема да гледаме пак нови глупости од типот проширување лига, фузии и слично