Фан Клуб: Вардар

Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
Баш ова проверував и јас пред некој ден, никој засега се нема наметнато. Гача има 4 настапи по ред и потоа е префрлен на клупа, Новак има по некој настап ама не е редовен, Жуни има само еден настап, исто толку има и Младеновски ама изгледа овој имал некоја повреда па затоа не играл, мислам дека и Цујо се мачи со некоја повреда па сеуште нема настап во Турција. Али Адем не ни очекував да запише некој настап, а децава што отидоа во Хрватска не играа ни во Вардар па за таму да заиграат, веројатно играат за вторите тимови/младинци. Најдовски, Брда, Тошевски тој им е квалитетот, не се за нешто поквалитетно првенство, едино Тошевски можда можеше подобар трансфер да направи ама ќе ризикуваше минутажа.
Ова доволно кажува на кое ниво ни е лигава, го гледам составот на Ѓорче и плачам кога ги гледам на второ место. Пред некоја сезона во пикот на Вардар и Шкендија колку-толку се подигна квалитетот, сега тотален бродолом се задеси.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.185
Поени од реакции
4.000
Па не знам колку си информиран, ама клубот е веќе оставен на цедило и функционира само благодарение на добрата воља на стручниот штаб. Во тренинг кампот нема ни вработени, ни обезбедување, Бојовиќ спие таму за да им отвори на играчите кога доаѓаат на тренинг. Злате Таневски и Никола Глигоров со свои приватни коли идат да зимаат храна од кафаната на Зеко (татко му на Фичо Петковски) за да имаат барем што да јадат играчите во кампот. Од ова поголема потврда дека фудбалерите и стручен штаб се препуштени сами на себе, мислам дека нема. Ако претходно земаа нешто пари на рака, актуелниве немаат денар видено 4 месеци и многу веројатно дека добар дел од нив за некој месец ќе фатат магла. Намерата да го искористат ваучерот од државата и така да тераат извесно време, не им се оствари, зашто постојано стигаат извршни решенија за наплата на нечив заостанат долг.
Факт е дека кризата во Вардар е „вештачки“ генерирана од тие што газдуваат со него и тука се слагам со тебе, но пре би рекол дека ова е масло исклучиво на Орце (веќе добро познати негови игри) отколку на ДПМНЕ. Тие самите се доволно изгубени, па камоли со Вардар уште да се замараат.

Со добра одбрана, ќе бевме минимум 2 места погоре сега, ама ко што кажа какво фајде кога нема теорија да добијат лиценца за настап во Европа, а од друга страна проблемите само се таложат. Стечај е се поочигледно единствениот спас за Вардар.
Знам дека ова е игра на Орце , али пишувам Вмро бидејки он е заедно со нив (ги финансира пред избори )
Да бидеме на чисто јас со тоа што кажав дека Орце Самс и Вмро ја играат оваа игра и го ставија Вардар во ваков хаос ради политика тоа е нивна одлука , иначе јас нормално не се слагам со тоа што прават тоа е вон памет и му наштетуваат на Вардар за свои лични игри ..
Сите знаеме дека Самс и Орце се пуни со пари како брод и не им е проблем да исплатат 3-4 милиони евра од џеб , проблем е што Вмро не се на власт во моментов и они нејќаат да финансираат во време на Заев ..

Тоа што го прават е срамота и мизерија , проблем е што не го ни даваат клубот на други газди односно намерно не го исплаќаат стариот долг , премногу е Вардар навлезан во политички игри и кога падна Вмро од власт ни се случи хаос ..

Сега слично е во Србија , гледајте ја Звезда има спонзор од руски Газпром во договор со Вучич , додека е Вучич на власт Звезда секогаш ке освојува ..
Ако падне Вучич паѓа и Звезда со кој сака тука ке се кладам тоа им е сличен проект како што беше Вмро - Орце - Самс - Вардар , таква е политичката игра и жално е што е така .
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.105
Поени од реакции
3.952
мислам дека и Цујо се мачи со некоја повреда па сеуште нема настап во Турција.
Цујо воопшто не е пријавен за настап во Турција, има ограничување колку странци смеат да регистрираат (слично како во ПМФЛ) и клубот има еден повеќе па него не го регистрираа, така да барем до следната полусезона нема ни да настапи.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Се поизвесно е дека клубот ќе се распушти набрзо, нема никакви обиди за спасување.
Според мои сознанија, копилето од Ростов веќе не ни одговарал на пораките и повиците од неговите измеќари во клубот, само кратко им порачал дека го заболе к*рот за Вардар! А бе палење на клада вакви гнаси!
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.884
Поени од реакции
17.488
Во случај да се случи најлошто, одиме во општинска лига, или целосно се распаѓаме?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.432
Поени од реакции
68.563
Во случај да се случи најлошто, одиме во општинска лига, или целосно се распаѓаме?
Општинска Кисела Вода почна викендов, а Општинска Гази Баба во која би играл Вардар е поорганизирана и веројатнп е веќе почната. Сепак, би било доцна да се приклучиме, што значи би чекале до лето. Ќе треба клубот да се пререгистрира за да ги изгуби долговите.
Тој процес не е лесен, треба план, а ние не само што го немаме, туку и нема човек кој би го спровел.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Низ тој процев поминаа ЦСКА и Локомотив Софија.Цска експресно се врати во прва лига и сега игра во групи ЛЕ.Ама сега имаат стабилен спонзор и нов спортски директор на тимот е Alan Perdew.Можеби тоа е и најдобро за клубот во моментот.Инаку https://republika.mk/vesti/ekonomija/beg-kje-gi-vrakja-toplanite-na-mazut-tenderot-go-dobi-firmata-na-ratko-karpushevski/
Којзнае дали и вистина се замразија Ратко и Самс може само перат мозоци.Немаше тајкун како Самс да прости туку така таква предавства и пари.
 

Hoy

Член од
7 септември 2017
Мислења
456
Поени од реакции
1.385
Тоа е тоа, сега само ќе тонеме, Алушевски ако не се избрка после мечов прашање е дали и 6-ти ќе бидеме во групата.
извини дечко, ова е патарина :D
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.471
Поени од реакции
3.522
Според мои сознанија, копилето од Ростов веќе не ни одговарал на пораките и повиците од неговите измеќари во клубот, само кратко им порачал дека го заболе к*рот за Вардар! А бе палење на клада вакви гнаси!
Едниот ја продава историјата на Македонија, другиот го турка ФКВ во провалија. Македонија ве4нА!
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.105
Поени од реакции
3.952
Знам Мирчевски се повредил последниот натпревар но кај се и Мицевски и Најденов? И они се повредени?
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Без Мицевски (позитивен тест) и Мирчевски (повреда) денес, а гледам и Најденов. Не знам од кои причини. Клучни играчи, а нема баш кои да го покријат нивното отсуство. Ќе биде заебано.
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.471
Поени од реакции
3.522
Без Мицевски (позитивен тест) и Мирчевски (повреда) денес, а гледам и Најденов. Не знам од кои причини. Клучни играчи, а нема баш кои да го покријат нивното отсуство. Ќе биде заебано.
Повреда Најденов. Мице позитивен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom