Ме мрзи да се навраќам на темава, ама имаше такви коментари, сигурен сум, ретки беа ама ги имаше
Се согласувам во принцип за останатиот дел од лигата, со сите можеме да се носиме во директен дуел, ама искрено немаме ниту широк состав ниту квалитетна 11-ка која би играла константно на ниво како лани, за да се надеваме на нешто повеќе, едино е добро што е премала разликата помеѓу сите екипи во лигава па бодовната разлика од 3-то, 4-то место до 8-мо, 9-то би била премала, би требало само Силекс и Шкендија да се издвојат горе, евентуално и Слога со нив.
Околу одбраната, можда претеруваме, ама децава не ми влеваат многу надеж, а не сум најубеден во квалитетите на Велкоски и Чарлс, не знам дали издвојуваат нешто плус од просечните играчи за лигава, неспоредливо со ланската сезона кога ги имавме и Тошевски и Новак па и Најдовски, и плус Серафимов и Младеновски кои мене многу поголем впечаток ми оставија од старт за разлика од моменталниве младинци. Точно, не кочи и физичката подготвеност и касниот старт со тренинзи, ама уште 5 припреми да им дадеме на Шиле, Најденов, Петковски, пак ќе се влечат по терен.
Јас сум среќен со собирање на бодови колку што може полусезонава, опстанок треба да е примарна цел, ама најтешката битка очекувам да се води зимава за паузата, и тоа е она што ме плаши..