Прв пат сезонава можеме да кажеме дека имавме напаѓач у тимот и одма се осети разлика, го изигравме најдобариот натпревар сезонава. Феноменален Џемо денес, она што го спомнав во средата со Силекс при вториот гол, денес им го правеше во тек на цел натпревар на дефанзивците на Академија. Само нека продолжи вака.
Има некоја магија у тимов како што немаше ни во оној кој не внесе во Европа. Идната недела за прв пат после повеќе од 10 години татко ми ќе дојде на натпревар од првенство. Никогаш не престана да го прати Вардар сите овие години али ете после толку време се појави тим кој му пројави желба да дојде на Градски, а тоа да не е европски натпревар.