Фан Клуб: Вардар

Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.534
Поени од реакции
3.721
Ако анализираме малку подетално ние за време на криза во играта која ја доживеавме(се надевам дека заврши со последната утакмица) сме на +8 бода од главниот конкурент,Искра.Не ги искористија шансите да се доближат на 5,4 бода за да на дербито со победа ни се доближат ептен.

Е сега утакмицава со Пандевци ќе биде според мене една од најзначајните за оваа сезона,со победа во Струмица ние остануваме најмалку на 8 бода пред дебрито во последното.Така и дербито ќе биде многу полесно да го одиграме зошто целиот товар ќе биде на Искра и ќе мора да победи на градски по секоја цена.

Во Струмица мора да се победи,не смееме да ја пропуштиме шансата за титула оваа сезона за инает на сите.
Апсолутно нема да има никаков товар Шкендија да мора да победи на Градски следното коло ако разликата е 8 бода. 8 бода не се ништо во македонско првенство и тоа е тоа што се обидуваме неколку души тука цело време да ви го објасниме на неколкумина кои се залетавте прдвремено да не прогласувате за шампиони и да ја отпишувате Шкендија предвреме оваа сезона. Пред утакмицата со Струга бевме на +12 од Шкендија, во средата на полувреме бевме на +4, ете ти ги колку значат тие 8 бода предност :), за три кола се стигаат. Или сети се лани за колку брзо време ја изгубивме истата предност на табела. Не глеј ти Англија, таму на +12 можеш да го прогласиш Ливерпул за шампион, во Македонија е друго. Нема да биде прв пат со мала промена на околности да се изгуби голема предност во македонско првенство, прво на памет ми доаѓа на пример како Победа му зема титула на Работнички во 2007, и тоа кога Дебармаалци беа пали/гаси и по буџет и по ростер на играчи за наши услови. Имало и други примери, помал си не ги знаеш али доволни ти се и двете ситуации од лани и сега овие три кола за да знаеш дека многу брзо се вртат работите кај нас.
Затоа полека малце, уште немаме обезбедено есенска титула за да збориме за таа на крај на сезона. Победи во наредниве две кола би биле одлична подлога да почне да се размислува за истата, али дури и у таква ситуација би било прерано да се почне со славење и чаталење пред другите.
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.141
Поени од реакции
5.492
Прегледај го приврзокот 223744
Вака некогаш децата се дружеа на улица, со топка со друштвени и спортски игри, немаше таблети, паметни телефони, компјутери и каква не паметна технологија, паметна и те како, пошто ги контролира децата и човекот.

Порано многу работи се учеа на улица, се учеше како треба и како не, се учеше како треба да си маж(иако си само дете) кога ќе паднеш и ќе ги изгребаш колената, но ќе станеш и ќе продлжиш да играш како вистински борец и маж, вода полневме од најблиска чешма, во првата флаша што ја најдеме и цел ден по сонце игравме, а кога ќе дојде вечер шетавме, игравме криенка, се мававме, ни раскажуваше дедо за големината на Вардар, Скопје и Македонија..

Знаете кога игравме фудбал на улица, извикуваме имиња на наши фудбалери, живеевме се соживуваме со нив и со Вардар..

Васко Кокиноски - макара, Кирил Симоновски - Џина, Кочо Димитровски, Часлав Божиновски, Атанас Мечкаров, Јане Јаневски и уште еден куп легенди се извикуваше нивното име кога игравме..

Трчаш правиш продор:

Дрибла еден играч и уште еден ииииии пласира во горниот десен агол ииииии ГОЛЛЛЛЛЛЛЛ!
Публиката е на нозе, преполниот Градски стадион во еден глас го извикува неговото име..
Прегледај го приврзокот 223745
Ах, какви само времиња.

Е тогаш сите замислувавме еден ден да сме играчи на Вардар да славиме победа и гол на преполниот Градски стадион.

Емоции, Љубов!

Тогаш си мангуп ако идеш на стадион и имаш дрес од Кирил Симоновски - Џина а не најнов смартфон.

Е тогаш децата беа здрави со вистински вредности, размислувања и манири..
Но наше е и сега да се бориме и пробуваме!
Ете можеби ова не е најубаво време, но е наше, па ја ќе потсетувам на едни убави времиња со цел барем дел од нивната убавина се врати тука во сегашноста..

Се надевам уживавте во текстот напишан со љубов и ви разбудив барем малку емоции кои се уште тлееат во вас, како и љубовта кон нашиот Вардар.
a koj vi brani takov zivot da im nametnete na najbliskite vo vasata bliska okolina? problemot e kaj vozrasnite, ne kaj decata. decata od mojata okolina site se vo sportski klubovi zapisani i redovno se nadvor aktivni iako sedat i pred PC i mobilni. do tebe e dali tvoe dete, vnuci ili nekoi drugi bliski ke igraat na ulica ili ne. problemot e sto na postarite im e polesno koga deteto sedi 10 saati pred PC, tamu e sigurno i ne treba da go mislat, a i nemas "rabota". sekoe dete e spremno da bide fizicki aktivno ako go motiviras i mu se pridruzis, no vo makedonija postarite generacii ne se fizicki aktivni, pa i decata odat po toj pat.

na "zapad" se gleda deka decata na bogatite i intelektualcite fizicki se najaktivni bidejki nivnite roditeli se svesni toa kolku e bitno za ravzoj na deteto, ne mozes da najdes dete koe ne sportuva, nekoi i po 2-3 sporta paralelno. doma po cel den sedat deca na siromasni i nekogas na prosecni familii. sakam so primerov da kazam deka najvise e do roditelite. ako tie se zamaraat togas i ke funkcionira.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.947
Поени од реакции
17.698
Апсолутно нема да има никаков товар Шкендија да мора да победи на Градски следното коло ако разликата е 8 бода. 8 бода не се ништо во македонско првенство и тоа е тоа што се обидуваме неколку души тука цело време да ви го објасниме на неколкумина кои се залетавте прдвремено да не прогласувате за шампиони и да ја отпишувате Шкендија предвреме оваа сезона. Пред утакмицата со Струга бевме на +12 од Шкендија, во средата на полувреме бевме на +4, ете ти ги колку значат тие 8 бода предност :), за три кола се стигаат. Или сети се лани за колку брзо време ја изгубивме истата предност на табела. Не глеј ти Англија, таму на +12 можеш да го прогласиш Ливерпул за шампион, во Македонија е друго. Нема да биде прв пат со мала промена на околности да се изгуби голема предност во македонско првенство, прво на памет ми доаѓа на пример како Победа му зема титула на Работнички во 2007, и тоа кога Дебармаалци беа пали/гаси и по буџет и по ростер на играчи за наши услови. Имало и други примери, помал си не ги знаеш али доволни ти се и двете ситуации од лани и сега овие три кола за да знаеш дека многу брзо се вртат работите кај нас.
Затоа полека малце, уште немаме обезбедено есенска титула за да збориме за таа на крај на сезона. Победи во наредниве две кола би биле одлична подлога да почне да се размислува за истата, али дури и у таква ситуација би било прерано да се почне со славење и чаталење пред другите.
Ама кај ме виде дека се фалам и чаталам,последните делови од мислењата кој ги пишувам овде се мали емоции кои нема каде на друго место да ги искажам зошто немам можност да одам на стадион редовно.
Желбата за титула е голема па сега на крајот и да ја изгубиме тоа е,нема потреба да се тресеме сега до последното коло што ќе биде,фудбалот е моментална емоција и таа е пред разумното размислување.
Точно е тоа што го напиша 8 бода не е голема предност ама е предност,Шкенди е екипата која ќе брка во пролетниот дел,а факт е дека и они не се ланската екипа.
Исто е факт и дека влеговме во моментална криза во играта овие неколку утакмици,лесно примаме голови и да сега помалку мислам дека сите се поосвестиме дека можеме и да не ја освоиме титулата но Боже мој што е тоа е.
Далеку дека некаква титула е обезбедена ама имаме право да ја посакуваме со сето срце и не гледам во што е проблемот,ниту се провоцира во фан клубот на Искра(тоа дека имам забрана за мислење таму :icon_mrgr:)дека сме шапмиониниту пак некој тргнал да слави веќе титула.
Сепак мое некое мислење е дека до втората половина на Март,првата половина на Април ќе се знае 90% кој ќе освои и нема да се води до последно коло борба за титула,само од две причини.
Ако ние продолжиме со киксови и од пролет,Искра овој пат ќе го искористи тоа и со самото тоа што ќе отиде во предност на бод или два веќе ја осволила титулата.
Или пак ако ние започнеме некоја серија како пред онаа пред 1 месец,они пак автоматски испаѓаат од играта како што се случи и во оваа полусезона.
Дека ќе се тера битка за трофеј до последните кола давам најмалку шанса.
Автоматски споено мислење:

@Боромире Која годнина е направена сликава?
 
Последно уредено:

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
Ок е тоа што викате, во нашава лига толку фактори играат улога што и 20 бодови предност можат да бидат недоволни, ама и споредбата со лани ви е лоша. Ниту Шкендија е моќна како лани, ниту Вардар има ист пристап на натпреварите. Јас би сакал да одиграме шампионски и да ги добиеме следниве два дуели, нема да ја осигураме титулата, ама нема да биде сеедно речиси да ги отпишеме од титулата, или пак да ги вратиме во игра со минимална разлика и да го одврзат ќесето зимово. На Градски си газиме реално, а они на гости доста бодови ќе изгубат сигурен сум.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Кое ќесе ти намалуваат буџет плус зимето нема многу достапни играчи а и тим не се гради за два дена.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.947
Поени од реакции
17.698
Некоја друга алтернатива освен МРТ за денес :icon_mrgr: ?

На која од арените ја даваат?
 
Последно уредено:

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
Кое ќесе ти намалуваат буџет плус зимето нема многу достапни играчи а и тим не се гради за два дена.
Не се гради во англиска лига, овде еден асален играч да најдеш може да ти заврши работа за титула. Да го имавме Барсегјан сезонава на 15+ ќе бевме сега :)
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
2-0 ли е уште?
Да.Апсолутно газење часови по фудбал за млитавите Струмичани.Браво и за играчите но и за Васоски.Овој тим треба да се чува со по некое квалитетно засилување не било какво.Никој не ни сонувал дека во ваква ситуација ќе имавме ваков тим.Нспред Шампионе и чекаме полнење на искра.

Sent from my SLA-L22 using Tapatalk
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.947
Поени од реакции
17.698
Полесно ќе се игра дербито сега,они се тие кој ќе мораат да го повлечат првиот потег.

А реално и двете утакмици без Тетовче си го покажаа своето,друго е кога е доле а друго е од трибини да дава инструкции.

Недела нека биде што ќе биде нека грми јако и на јужна и на запад,играчите и Тетовче нека дадат се од себе,благодарни сме им што оваа полусезона ја изиграа машки.

Да се надеваме на позитивен исход на натпреварот на 8 и дека ќе не израдуваат со победа.
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2014
Мислења
878
Поени од реакции
2.700
Ајде честита есенска титула.
Полека чекор по чекор до остварување на крајната цел, шампиони на Македонија.
На пола пат сме, излегоа много интересни играчи на кои треба да се работи, неколку кои веќе газаат и мислам дека со крило и напаѓач ќе изгазиме и ќе имаме и солиден тим и за Европа.

Е сега не знам што е со тужбата дали е воопшто поднесена и дали ќе можеме да купуваме во зимскиот преоден рок..
Но надежта последна умира.

На пола пат сме и одлично ни оди, од пролет уште појако и помасовно на стадион, заслужи овој Вардар огромна поддршка.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Перфектно одигран натпревар. Не им дозволивме ни да се заканат посериозно кон нашиот гол, освен во една ситуација при веќе одлучен победник.
За Аврамовски нема потреба да се трошат зборови, дечкото е доктор за нашава лига. Кукузел веќе го спомна придонесот на Ибиши со Силекс, ама денеска беше посебно расположен за игра. Акциите за вториот (како само го изврте стоперот) и третиот гол започнаа од него, башка имаше и сомнителна ситуација за пенал над него во првото полувреме. Морам да ја споменам одличната комуникација со Аврамовски, едноставно Џемо е спејс шатл во секој поглед за флегмана Колевски.
Враќањето на Најдовски во везниот ред ја стабилизира средината и тоа беше клучно да Пандевци не можат да стигнат до било каква прилика. Се надевам дека оваа одлука на стручниот штаб не важи само за денешниот натпревар.
Денешната победа и обезбедената есенска титула треба да ни бидат мотив плус да го исполниме Градски во солиден број следната недела и да ги поздравиме Васоски и момците за маестрално одиграната полусезона, како и да им помогнеме да стигнат до победа во дуелот со Шкендија, за да бидеме поблиску до финално славје во Мај.
Кое ќесе ти намалуваат буџет плус зимето нема многу достапни играчи а и тим не се гради за два дена.
Забораваш една многу битна работа. Забраната за трансфери на Вардар е сеуште на сила, а порад неизвесната состојба на клубот никој не знае во кој состав ќе излеземе на пролет.
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
Сите на Градски во недела дечки, момциве злато вредат, заслужуваат да грми цел стадион!

И ПАЗИ И ПАЗИ И ПАЗИ ВАРДАР ГАЗИ! РЕПЕТЕ ЗА ШКЕНДИЈА, ГАЗИМЕ ЗА ТИТУЛА!
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.947
Поени од реакции
17.698
На запад бројката и доброто навивање се загарантирани,поради големите јубилеи кои се на репертоарот.

На јужна треба да има солидна бројка од некој 1500-2000 луѓе,срамота е на ваква игра и на ваков момент да нема барем толку,а и ќе има многу луѓе,вардарци кои ќе дојдат да ја гледаат утакмицата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom