Фан Клуб: Вардар

Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.534
Поени од реакции
3.726
Не сум љубител на понижувања на играчи ама Колевски денеска мораше да биде изваден од игра после двете промашени шанси во прво полувреме како дисциплинска мерка за да си ја чукне главата малку, дали е сериозен да станува фудбалер, зошто промашувањата му се за најсмешни инсерти. И тоа одма, во 20 минута или кога и да беше втората шанса кога на истрчан Алексовски и празен гол ја прати на Исток со глава топката. Она првото во 3-4 минута беше бетер шут, ако уопште беше шут или некаков очаен обид за поткопување на топка. И третата прилика, во второ полувреме беше чист гол, сам на пет метра, не знам дали видов убаво али мислам дека пред време замавна со главата и топката само го удри во десната страна од главата и затоа така млако стигна до Алексовски, али до таа прилика не смееше ни да дојде, мораше да биде надвор од игра до тогаш.
Очекувана беше кризава во игра, се чувствува замор кај играчите, не играме исто како на почеток на сезона, наредниве три натпревара се ептен критични за нас, дури мислам дека ќе бидат и одлучувачки за понатамошен тек на сезоната, успешно затварање на ваква полусезона, таман кога почнува да фаќа првата криза, може да биде од круцијално значење на крај.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Како што нагаѓавме, нас не фати криза, а Шкендија влезе во форма.
Со оглед на распоредот, многу веројатно може да се случи Шкендија да ја заврши полусезоната со +2 пред нас. Затоа пред неколку кола рековме дека нема потреба од тоа да ги отпишуваме од титула, на 100 кола до крај. За две утакмици се смени се'. Тепаа среќно со Работнички, па ја растурија Ренова. Ние кикснавме со Струга, а денес и со Слога.
Вардар мораше да даде уште еден гол повеќе во прво полувреме. Првата шанса на Колевски не ја видов, ама срамота е тоа што го промаши во вториот дел. Колку шанси му требаат за да даде гол?
За голот премногу ме изнервираа. Уште кога топката одеше накај аут и Новак одеше да ја спаси, се дерев да ја зарогачи некаде на трибина, затоа што се гледаше дека под притисок ќе изигра нешто непотребно, Ја врати до Гача, овој место да дегажира префрли до Тошевски, овој место да ја распуца напред, непотребно го заглави Адем, кој за шлаг на тортата ја загуби топката. Во продолжение не дочекаа со неоформена одбрана и си примивме гол. Значи повеќе пати сезонава имам забележано дека премногу го тупат во одбрана, си мислат дека сме Барса, па ќе играме тика така, нема да рогаме топки. Тотално непотребно пробуваа да ја извадат топката со кратки комбинирања, во ситуација кога противникот притиска со вишок играчи. И во наредните акции им овозможија вакви прилики на гостите. По примениот гол, се знаеше дека нема шанси да тепаме. Аврамовски денес со очајна партија, Цветановски исто.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.955
Поени од реакции
17.723
Какво лошо второ полувреме изиграа,Колевски на толку промашени шанси кога испадна се смееше цинично.Нека го праќа Тетовче некаде на позајмица,човекот како да игра против Вардар.

Не знам зошто јужна не беше отворена и не се бараа лични карти,беше ли утакмицава прогласена од висок ризик или не?
 
Член од
3 јуни 2017
Мислења
401
Поени од реакции
353
Како што нагаѓавме, нас не фати криза, а Шкендија влезе во форма.
Со оглед на распоредот, многу веројатно може да се случи Шкендија да ја заврши полусезоната со +2 пред нас. Затоа пред неколку кола рековме дека нема потреба од тоа да ги отпишуваме од титула, на 100 кола до крај. За две утакмици се смени се'. Тепаа среќно со Работнички, па ја растурија Ренова. Ние кикснавме со Струга, а денес и со Слога.
Вардар мораше да даде уште еден гол повеќе во прво полувреме. Првата шанса на Колевски не ја видов, ама срамота е тоа што го промаши во вториот дел. Колку шанси му требаат за да даде гол?
За голот премногу ме изнервираа. Уште кога топката одеше накај аут и Новак одеше да ја спаси, се дерев да ја зарогачи некаде на трибина, затоа што се гледаше дека под притисок ќе изигра нешто непотребно, Ја врати до Гача, овој место да дегажира префрли до Тошевски, овој место да ја распуца напред, непотребно го заглави Адем, кој за шлаг на тортата ја загуби топката. Во продолжение не дочекаа со неоформена одбрана и си примивме гол. Значи повеќе пати сезонава имам забележано дека премногу го тупат во одбрана, си мислат дека сме Барса, па ќе играме тика така, нема да рогаме топки. Тотално непотребно пробуваа да ја извадат топката со кратки комбинирања, во ситуација кога противникот притиска со вишок играчи. И во наредните акции им овозможија вакви прилики на гостите. По примениот гол, се знаеше дека нема шанси да тепаме. Аврамовски денес со очајна партија, Цветановски исто.
Ne mu ja vrati na tosevski tuku mu ja vrati na Najdovski a on na ali ...ma da ne e bitno vishe,taa topka se lupa napred ama gjabe e sega
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Е па зборевме убаво неколку луѓе овдека дека тие 12 бода на само 1/3 помината од првенството ништо не значат и истото ни оддалеку е решено, ама има тука многу новоиспилени Вардарци, што мислат дека со 3 одгледани утакмици знаат све и веќе го прогласија Вардар за шампион.
За Колевски е веќе сосем беспотребно да се коментира било што, едноставно Вардар со него во тимот е како со играч мање. Убава забелешка инаку на Colt дека им поклонивме гол од една сосем безопасна ситуација. Исто беше и на Чаир само што среќа таму имавме два гола предност, па не беше фатално.
По примениот гол бевме тотално изгубени и сва среќа што останавме непоразени. Тоа ми укажува дека е една негативна особина на тимот и немаат против одговор на таков развој на настаните.
И пак ќе кажам дека одбраната беше подобро укомпонирана со Серафимов/Младеновски и со оваа прекоманда на Најдовски, Вардар само изгуби, а ништо не доби.
Двеве врзани гостувања во Кратово и Струмица ќе бидат круцијални и ќе дадат одговор како ќе се одвива натамошниот тек од сезоната.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Против Силекс без Филип Најдовски и Али Адем, и двајцата супсендирани поради 5 жолти картони. Значи Серафимов и Димоски ќе стартуваат на нивно место.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Колевски да го вратат во Штип уште утре.

Sent from my SLA-L22 using Tapatalk
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Не стигнав да ја гледам утакмицава, ама сме пропуштиле голема шанса порастеретено да влеземе во двете дерби средби.
Џабе го фалев Гача, каков само гол подарил. Лошо е што Мицевски добил црвен картон, добро е што се враќаат Најдовски и Адем за со Пандевци.
Шкендија падна во Струга, Пандев на Чаир, така што златна шанса сме пропуштиле...
Добро е што скоро сигурно ќе бидеме први есенва и сигурно ќе завршиме пред Шкендија, но добро ќе беше повторно да им избегавме на двоцифрена разлика.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom