Каков црн Жуниор, нека си лета орли во Тетово.
Сто пати сме зборувале на овие теми, Вардар нема шанси да донесе некој од талентите во лигата, затоа што они играат во клубови како Пандев или Работнички кои ќе им понудат полесен и подобар трансфер во странство.
Вардар треба да ги форсира играчите во својата школа и да ги привлекува како многу помали, па истите да се промовираат преку нашиот клуб. Ама и таа политика не ја бива, ќе ги направиме играчи за да си отидат во прва прилика.
Од друга страна, не знам дали сакам да носиме нови играчи. Хемијата во составот е добра, не би сакал нови засилувања да ја нарушат. Да имав можност за засилувања, ќе донесев само три играчи, две крила и напаѓач и можеби некоја замена за лев бек. Ништо друго не би чепкал.
Разликата од 12 бода пред Шкендија со 3 директни дуели на 100 кола до крајот не значи апсолутно ништо.
Они повеќе имаат психички проблем, заостануваат бодовно, никако не можат да дадат гол и тоа многу им влијае. Да фатат мала серија, да почнеме ние да губиме бодови, ќе видите како ќе се смени сезоната. Особено, проблем е што они ќе можат соодветно да се засилат зимава на позициите на кои се слаби. Нив страшно ги погоди губењето на Муслиу и тоа што не најдоа замена. Еве веќе донесоа некој дефанзивец кој играл за Ворскла, сигурно е на ниво слично на Новак, што ќе биде големо засилување за нив.
Плус, до крај на полусезона и дуелот кај нас, им останаа лесни мечеви и реално е да фатат серија.
Играат дома со Борец, Ренова и Слога, гостуваат кај мртвиот Работнички кој го победуваат со минимум 3 разлика на секој меч и единствено имаат незгодно гостување кај Струга (не знам какви им се односите со тој клуб).