Фан Клуб: Вардар

Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
И мене Најдовски не ми остави добар впечаток, ми делуваше споро, тромаво и често како да излетуваше во одбрана, Мицевски ми се виде многу поборбен и пожртвуван, повеќе покриваше, а е подобар и офанзивно. И Битанг е солиден на средината, ама очајно фали креативец, Јуфо го немаше ама ни он нема да го реши тој проблем според мене. Штета што изгубивме, затоа што стварно Шкендија не делува ништо посебно, единствената разлика е Ибраими, одбраната им е несигурна, средниот ред далеку послаб од претходните сезони, единствено што се воиграни повеќе. Како и да е, ситуацијава мора да се реши што побрзо, затоа што не е фер за самите играчи ваквата неизвесност, а ако останеме без Барсегјан и Јуфо до крајот на есенскиов дел, може да очекуваме слободен пад..

П.С. И мене ептен ме изненади Ибиши, а само 17 години има.. И стварно не знам зошто Адем не доби воопшто шанса досега сезонава, а од друга страна Алекс Талески доби солидна минутажа, на пријателските делуваше класа подобар од Талески.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
877
Поени од реакции
2.695
Ова ништо не се знае.
Блокирани од кого за која сума на пари?
3милиони евра се многу пари за македонска лига, па и за Вардар.. Ние бевме шампиони и со 500 000 евра буџет, игравме на Филип Втори и имавме репрезентативци..
И Вардар за стадионот се бунеше за голема сума на пари што се бараше, така да може и тој долг да се намали,прикриие..
Е само што никој ништо не кажува само шпекулации се вртат..
Мене тука ништо ми нема логика што се случува до сега.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Тие пари одамна се легнати на сметката на ФК Вардар, но и експресно повлечени од страна на Самсоненко. Така да не си правете математики залудно...
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Лошо инфо од ФК Вардар: Ако до среда не им се подмират обврските, најголем дел од играчите поднесуваат барање за раскин на договорите...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Па нели некој пишуваше дека ги исплатиле пред некое време сите долгови на фудбалерите?


Фанови на СД Вардар Скопје

2 hrs ·
Распад во најава во ФК Вардар. Тоа што се плашевме, веројатно ќе се оствари во наредниот период, откако играчите дале последен ултиматум за исплаќање за заостанатите плати. Дали денешниот натпревар ќе биде последен во кој ќе го видиме ФК Вардар во силен состав???

Момците заслужуваат поддршка, сите во Маџари!!!
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.288
Поени од реакции
22.530
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Реми во рамки на очекувањата и можностите.
Очекувано, ги затворивме приодите кон голот, создадовме малку шанси, но овојпат за жал не ги искористивме.
Овој Цветаноски не вреди ни да се коментира. Не знае ни да додаде, ни да нафрли, ни да шутне. Само пробува да дрибла и се бута меѓу неколку играчи и лесно му ја земаат топката. Не ми се верува дека во клучни моменти, Тетовче го извади Брдаровски за да го стави факинг Талески.
Дечкото се изгуби, како само ја промаши топката пред гол, за на насловни шпици. Зарем Адем е послаб од него? Тешко ми е да поверувам...
Нелогичен е изборот на резерви. Ибиши добива шанса со Шкендија, па во ситуација кога немаме ниеден напаѓач, со Ренова го нема на клупа.
Со оглед на ситуацијата, секој бод е важен. За жал, во битката за опстанок.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Како одминува сезоната, беше очекувано дека полека ќе почне да паѓа моралот кај играчите, со оглед на тешката агонија во која е западнат клубот, како и нивната форма бидејќи Вардар само на хартија има 24-25 играчи во ростерот, а реално не се употребливи ни половина од нив.
Денеска не се знае кој од кој поочаен. Дали Попзлатанов или Цветаноски, Мицевски или кенгурот Талески. Дечко е случај за рипли, али што е најстрашно си ја тера зацртаната агенда. Покрај тоа што шверцерски се инфлтрира во првиот тим на Вардар, гледам почнал да настапува дури и за У-21 репрезентацијата?! Очигледно некој јако го гура или па добро подмачкува. Друго објаснување немам.
Тетовче израснува во добар стручњак, али не може да не се искоментира дека на моменти се губи јако. На пример денеска ај шо без никаков основ го извади Тодороски, на лев бек го враќа Попзлатанов (кого од почетоко на сезона го шалта од позиција на позиција со надеж дека ќе проигра), во ситуација кога го имаше Антовски на клупата. Или Ибиши, кој внесе живост во мечот со Шкендија и кој те како беше потребен кога сме останати само на Лира во нападот, а денеска го нема ни на клупа?! Али Адем, најдобар на припремите од младинците што беа прекомадувани во првиот тим, а досега не заигра ни минута ако не се лажам, додека некои други имаат неограничено поверење...
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.105
Поени од реакции
3.952
Мала исправка - Алекс Талески за У19 играше сеа, за У21 никогаш не добил повик.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
Цветановски и Попзлатанов ги криеја недостатоците кога покрај себе имаа далеку поквалитетни играчи и кога од двајцава не се бараше никаква одговорност, ама пропаднаа сезонава кога многу повеќе се бара од нив. Нападот без Барсегјан и Јуфо (btw, зашто го нема вториов?) ни е смешки, Лира се труди нешто да направи ама освен снагата и воздушните дуели е прилично ограничен, Брда си е солиден ама не е крило, уште помалку напаѓачко крило. Среќа одбраната ни е коска па сме со само 6 примени голови, од кои 4 во дуелите со Шкендија. И стварно не можам да разберам што е со Талески, или на тренинзи е Иниеста или има тешки врски, ама буквално ни еден негов потег не ми оставил впечаток дека има нешто во него, па попрво Бериша би го пуштил место него, кога веќе не добива шанса Адем..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Наводно Јуфо влече повреда од претходно...
Имаше некој натпревар каде што убаво го покосија, не сум сигурен дали беше со Силекс или со Пандевци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom