Директен кривец за примениот погодок, на 30 метра од гол му ја одземаа како на девојче, колку само нежно и без машкост влезе во тој дуел, тешко дека некој треба да го спомнува за гинење.Никој не спомна дека Најдовски изгина на теренот.
А лигушот Матеј на клоци, заедно со Мицевски.
Прво и основно во моментов за Вардар не е најбитно некоја борба за титула по која многумина се запалија по добрите резултати туку состојбата во која (ќе) се наоѓа клубот и се поочигледната закана да се вратиме онаму каде што бевме пред 7-8 години - само со младинци во клубот, на пат кон втора лига. Се околу клубот мириса на тој период...
Второ, кој мисли дека Вардар со овој тим може да и се спротистави на Шкендија во борба за титула многу се излажал, без разлика на досегашните резултати, впрочем досега собраните бодови, со се поочигледната криза која ни се најавува треба да ги гледаме како бодови собрани за опстанок, а не да се прави нереална атмосфера за некоја борба за титула.
Трето, Шкендија без Хасани ја гледаме колку е пропадната, без Ибраими ќе бидат тим кој ќе биде по квалитет многу блиску до овој на Вардар. Баталете тие муабети за богатството на Дестани, 5 години им е газда не донесе ни просечно квалитетно странско засилување, целиот успех и резултат им се базира на овие два „домашни“ играчи, нивното отсуство нема да можат да го надополнат со ниту еден трансфер на Дестани, освен со други такви домашни играчи кои за сега ги немаат на повидок. На Вардар му треба само просечно стабилен спонзор за да ја врати титулата кај себе. На пример, сигурен сум дека тимовите на Вардар под Илчо и Милевски со Град Скопје позади себе се поквалитетни од овогодинешниот на Шкендија и би освоиле титула во дуел со неа. Лошото е што според досегашното искуство како навивач на клубов, ваквите периоди завршувале обично лошо по нас, и не верувам дека ќе се најде макар и таков просечен спонзор од луѓето од кои сега се очекува да го сторат тоа.