Фан Клуб: Вардар

Член од
1 август 2015
Мислења
880
Поени од реакции
1.656
Дека Вардар е слаб и нема игра знаеме, но дека Искра има комплекс од Вардар се потврди уште еднаш. Сите сакаат да бидат Вардар, ама неможат, зошто ЕДЕН Е ВАРДАР!

п.с. се чуваа за Ред Бул

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
Попов не поштеди од муабетите за два у кец и местење, ама им ја закачи секоја чест :D Иначе, искрено се надевам дека некој заработил солидна сума за да овој Лира потпише за нас, затоа што ако нема матна позадина трансферов одма нека се утепаат сите до еден што се согласиле да го потпишат, иста прича ко оној Обрегон, абе ни на youtube не ти остава впечаток.. Чудно денес ги немаше Максимов, Бала, Херанц и Исени
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.567
Не посака среќата во второто полувреме, бидејќи не одигравме апсолутно ништо.
Мислев дека Херенц и Бала може да бидат посолидни засилувања, на крај нема ни трага ни глас од нив, а отсуствуваше и Максимов (тек на крајот видов дека не е ниту на клупата).
Реално, Шкендија има подобар состав и ќе ја освои титулата со оглед на тоа што ние ќе губиме еден куп бодови со послабите екипи. Многу сме слаби во нападот, освен Барсегјан, другиве не знаат ни топка да водат, ниту да шутнат.
Лира во 90 минути, немаше ни три допири со топката, мизерија невидена.
Мене не ми е јасно зошто тој малиот Адем не добива шанса. Дечкото многу се трудеше на пријателските и со сигурност ќе понуди многу повеќе од другите млади играчи кои ги форсираат. Мицевски континуирано прикажува слаби партии и можеби е време Најдовски да добие шанса. Јуфо беше катастрофа, но ќе почекаме да се врати по повредите, па ќе го оценуваме.
За Битанг си кажав претходно, остава срце на терен, ама слаб е со техника. Реално, средината ни е очај исто како и нападот. Не успеаа да поврзат ни 5 додавања. Каква средина имавме со Фелипе, Спировски, Николов, Којашевиќ, па и Глигоров, ова сега е мизерија невидена.
Ниту Исени го немаше во составот, ама и тој многу пати не ја искористил шансата.
Попов и Новак на крај добро си завршија работа, а Гача не смееше ниту под разно да прими онаков гол од Бојку. Среќа на спротивната страна беше Захов да ни поклони бод, а за малку и три бода, ако ја испуштеше онаа топка на крајот. Шкендија е технички далеку поподготвена екипа, тоа се виде и во моментите кога ни ја криеа топката со играч помалку. Самите изгубија два бода, кога непотребно почнаа да приговараат на секоја судиска одлука и од моментите кога имаа се во свои раце, се доведоа во ситуација да добијат црвен картон (иако и после овој момент дадоа гол). Ставрев беше добар денес. Имам замерка за слободниот по кој го примивме голот, ама се' на се' одлично судеше и не дозволи да има приговори или да се заостри играта, бидејќи секој поостар старт и приговор го казни со жолт картон.
Кај нас Тошевски и Брдаровски потфрија целосно. Мислам дека Тошевски треба да се седне на клупа, Брда да оди на природната десна страна, а лево да игра Попов или Манев.
Дури јас би играл и со тројца стопери (Манев, Попов и Новак), а Брдаровски би бил нешто како десно крило.
Повеќе треба да не плаши состојбата во клубот. Нема пари, не се знае што ќе биде во иднина и не можеш да очекуваш дека играчите ќе се сто процентно мотивирани. Плус, минатата полусезона се изнаместија, со оглед на фаците што се вртат во клубот и во оваа сезона може да има такви случаи.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
Тодоровски пружаше одлични партии на десен бек и можда време е да го олади Тошевски, дефинитивно време е и да го видиме Најдовски на местото на Мицевски. На лев бек ќе се мачиме ептен тоа е јасно, проблематична е и „10-ката“ со Јуфо и Исени кои се или недоволно квалитетни или неконстантни, а голем проблем поготово против бункер-екипите ќе претставува нападот, Цветановски и Попзлатанов се просеци ама барем имаат некоја брзина и пожртвуваност, а Лира се надевам нема да го видам уште еднаш да припари на терен, Максимов ваков-таков сигурно е подобар, а ако не подобро Бојан Колевски да добива шанса. И не знам по кој основ Бериша (па и Талевски на клупа) доби шанса пред Адем денеска..
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343

Зашто не се знае што ќе биде во иднина? Извесно е дека Градот ги превзема работите под контрола од 1 септември. И самите вработени во клубот ги потврдуваат овие наводи. Како има буџетски пари за МЗТ и Работнички од локалните општини, така ќе има и за Вардар од Град Скопје!
Мене ме плаши друга работа, а тоа е дека ниту едно засилување не носи разлика во квалитет. Да не зборам што добар дел не се ни капацитет за Вардар. Да тргнеме од странците, освен Новак, Барсегјан, Битанг и евентуално Јуфо, прашање е дали останатите заслужуваат да го носат црвено-црниот дрес.
П.С. Адем ми се чини дека е на припреми со У-19 селекцијата, заедно со уште 5 клупски соиграчи. Се надевам дека низ текот на првенството ќе добива прилики за докажување...
 
StarScr3am

Ѓавол
Член од
22 септември 2009
Мислења
798
Поени од реакции
219
Тодоровски пружаше одлични партии на десен бек и можда време е да го олади Тошевски, дефинитивно време е и да го видиме Најдовски на местото на Мицевски. На лев бек ќе се мачиме ептен тоа е јасно, проблематична е и „10-ката“ со Јуфо и Исени кои се или недоволно квалитетни или неконстантни, а голем проблем поготово против бункер-екипите ќе претставува нападот, Цветановски и Попзлатанов се просеци ама барем имаат некоја брзина и пожртвуваност, а Лира се надевам нема да го видам уште еднаш да припари на терен, Максимов ваков-таков сигурно е подобар, а ако не подобро Бојан Колевски да добива шанса. И не знам по кој основ Бериша (па и Талевски на клупа) доби шанса пред Адем денеска..
Колевски замина во Борец на позајмица, денеска влезе против Тетекс и даде гол
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.891
Поени од реакции
17.503
На младиве играчи треба да им се забрани секаков контакт со Гача и Грне ако мислиме клубот да го градиме со овие играчи.
Знаете веќе сите зошто :D
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.288
Поени од реакции
22.528
Imame pola tim. Novite stranci se prakticno nevidlivi sega za sega. Bez grne sme poslabi nazad. Sredina ni e mizerna, ne vadi crnecot koj ora ama nema pas da bide plejmejker. Ovaa sezona ke bide slicna na lanskata, tesko ke igrame protiv site i uglavno ke gi dobivame ama i ke gubime bodovi. Falat igraci, valjda strancive ke se podobrat otkako malku poveke ke se uigraat ama tesko, ne se gleda nekako kvalitet bar zasega.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom