Поминаа 25 години од нашето постоење. За изданијата на навивачки план на спортските храмови ќе говорат материјалите фото и видео кои се и ќе бидат достапни уште повеќе. Јас сакам да направам еден осврт за сето тоа што го направивме ние како Комити Запад за Македонија, за својата татковина. Па потоа да се спореди дали некоја друга група го направила барем нешто налик тоа. Потоа да увидат сите кои се и зошто се Комити единствени брантиели на Македонската национална чест.
Комити сме, браниме национално име, има висока национална чест, истрајсност, гордост, сила, ЕДЕН ЖИВОТ ЕДНА ЉУБОВ !!!
Да резимираме некој работи:
- Се започна (официјално) на 4ти Јуни 1987ма. На мечот Вардар-Црвена Звезда кој го доби Вардар со 3:1 се појави транспарентот Комити. Оттогаш до ден денес Вардар не остана без поддршка, Македонија не остана без свои храбри синови. Во цел овој период минавме низ секакви ситуации, многу подеми и многу падови. Многу радости, но и многу јадови. Имаше моменти кога бевме горди на себе, имаше моменти кога се срамевме од себе. Но секогаш знаевме кој сме, секогаш знаевме што сме и за кого сме !
- Западната трибина е местото каде за првпат гласно беа извикувани идеите за Самостојна и Независна Македонија.
Низ годините општо познато е дека покрај непрекинатото бодрење на нашата светост ФК Вардар бевме бранителе на својот народ, на својата Мајка Македонија. На многу пати за жал поради Македонските ПОЛИТИЧАРИ-ПРЕДАВНИЦИ наместо да сме наградени бевме линчувани и клеветени од своите „Македонци“. Ќе потсетам на некој моменти кои Комити ги направија, а за истите речиси секогаш беа кривично гонети.
- . Неколкумина членови на Комити ранети во конфликтот во 2001 год. Истите тие сега се маргинализирани од самата држава и на работ на животна егзистенција !
- Јохан Тарчуловски е добро познато дека беше водач на Комити. ,Осуден на 12 год. затвор во Хаг. Ниеден осуден албанец за геноцид во истиот конфликт ! Однесен во ХАГ затоа што ја бранеше Македонија бидејќи беше нападната, затоа што ги бранеше нашите Македонци, нашите домови, нашите деца... единицата со која раководеше Јохан беше составена од тогашни актуелни и екс Комити. Без размислување доброволно се пријавија за да ја бранат Македонија.
- - Комити Запад ги мотивираа своите членови да се пријавуваат како доброволци во конфликтот 2001ва година.
- Комити Запад застанаа позади студентскиот протест и штрајкот со глад пред собранието, поради обидот за двојазничност, се сеќавате 1997 - "Нејќам 3, нејќам 2, 1 јазик сакам.
- - Комити Запад го прекинаа основачкото собрание на бугарофилското здружение "Радко", здружение кое отворено се залагаше за припојување на Македонија кон Бугарија, и за непостоење на Македонски народ и јазик.
- 2006 г. Комити го оспорија чествувањето на Мара Бунева во Скопје, од страна на националистичките бугарски партии и нивниот претседател красимир каракачанов. Партија која го негира постоењето на Македонскиот народ и ја слави Мара Бунева како врховистички и големо бугарски идеалист, а не Македонка;
- 8 уапсени и кривично гонети "Комити" за инцидентот во Нерези кои беше инициран од група Албанци кои откако провоцираа први потоа изигруваа и невини жртви, а уште потрагично и наводно невини жени и деца. Ниеден приведен албанец иако на мостот О.Н. се шетаа со ножеви,секири и слично пред ТВ камери.
- Ф.К. Милано - Ф.К. Вардар - инцидент по кој 17 членови на "Комити" се приведени и задржани 10 - на саати во п.с. Ниеден приведен и уапсен албанец !
- . Инцидентот на "Кале",каде што видовме како се ослободуваат Албанци во присуство на заменик министерот за МВР,а сега кривични пријави и за страната која што не беше вооружена, која што беше драстично помалубројна и која не беше иницијатор на инцидентот.
- На велики четврток, 13ти Април 2012та... масакрирани Македонски деца и еден возрасен човек без никаква причина од страна на Албанците. Вест која ги повреди срцата на сите вистински Македонци. Неколку дена подоцна, Комити излегуваат на протест да го искажат својот револт и да побараат од институциите расветлување на случајот. За жал не се наиде на масовност од другите „НАВИВАЧКИ ГРУПИ“ во Македонија, освен некој поединци. Имаше 14 кривични пријави за учесниците во демонстрациите, во главно членови на Комити. Подоцна Албанците излегоа 10,000 на контра протести... направија 10 пати поголема штета... 0 пријави за нив.
На крај Комити Запад се во многу поголема мера наследници на Комитите односно борците за слобода од Отоманското ропство, одколку здруженијата и политичките партии кои носат предзнак ВМРО со револуционерната организација !!!
Некои не нарекуваат квази патриоти, лажни патриоти, сакаат да ја искористат нашата наивна и искрена љубов кон татковината за мрачни цели, ситни, партиски и други интереси, некој на наш грб да остане на позиција или друг да дојде...
ЗАТОА, ПАМЕТ ВО ГЛАВА...Немаме ние што да докажуваме...Историјата ќе ги казни тие што можат и мораат, но не реагираат, ние кои кога е потребно делуваме, ќе живееме вечно без оглед на последиците, затоа што недејствувањето во чест на татковината е исто толку грев колку и дејствувањето против неа...
Болните политички игри не знаат за граници, не знаат за морал нити етички вредности...Уништувајќи не нас, се уништува ВАРДАР, уништувајќи го ВАРДАР, Македонија! Ние сме нераздвојни целини, едно без друго не иде.
КОМИТИ - ВАРДАР - МАКЕДОНИЈА!
НЕ МОЖЕ ДА СЕ УНИШТИ НЕШТО ШТО НЕ УМИРА!!!
(преземено од комити форум)