Бразилскиот селектор Карлос Дунга, денеска го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап на претстојното издание на Копа Америка. На списокот нема дури 14 фудбалери од последното Светско првенство, откако дел сами се повлекоа, а дел се прецртани од новиот селектор.
Во свој стил, Дунга донесе неколку изненадувачки одлуки, меѓу кои е изоставувањето на Хулк, како и Оскар од Челси што секако предизвика многу реакции кај бразилските фанови.
- Оскар се повреди на тренинг на Челси, разговарав со Мурињо и лекарскиот тим на клубот и ќе му биде потребно подолго време за рехабилитација од она што очекувавме, - објаснил Дунга во однос на одлуката за Оскар.
На списокот од 23 фудбалери го нема ниту Рамиреш, како и Фелипе Андерсон кој има одлична сезона во дресот на Лацио, но затоа се враќа Робињо.
- Робињо сега е многу поискусен фудбалер и игра одлично во дресот на Сантош. Работите се менуваат, а тој сега е многу поодговорен во споредба со минатото, - потенцирал бразилскиот селектор кој најмногу ќе очекува од Нејмар.
Бразил го игра првиот натпревар на 14. јуни против Перу, а подоцна ќе се сретне со Колумбија и Венецуела.
Голмани: Жеферсон (Ботафого), Алвеш (Валенсија), Грое (Гремио)
Одбрана: Луиз (ПСЖ), Маркињос (ПСЖ), Силва (ПСЖ), Миранда (Атлетико М.), Фабињо (Монако), Марсело (Реал М.), Ф. Луис (Челси), Данило (Порто)
Среден ред: Густаво (Волфзбург), Елијас (Коринтијанс), Фернандињо (Манчестер С.), Каземиро (Порто), Кутињо (Ливерпул), Вилијан (Челси), Евертон (Ал Ахли)
Напад: Фирмино (Хофенхајм), Нејмар (Барселона), Кошта (Шахтјор), Тардели (Шангдонг) и Робињо (Сантош).
Андерсон од Лацио не е повикан.