@Igorcemk Што ќе кажеш за Пулишиќ?
Вака од тоа што гледав како лани да беше подобар некако..не знам дали поради тоа што годинава сте подобри па и други блесксаат, ама некако поексплозивен ми беше лани.
Онака у кратки црти што како да очекуваме?
За негови години, влето полни 21, има солиден број на настапи на професионално ниво. Над 80 партии во Бундеслигата, над 20 во ЛШ и над 20 за репрезентацијата на САД. Има поред мене голем потенцијал. Пред година дена ќе речев дека е втор Дембеле но сега не сум поќе сигурен. Многу брзо блесна за Дортмунд ама после повредата не се врати на исто ниво стагнира дури и малце уназадува во развојот. За мене нормално е малд играч да има и слаби периоди и мислам дека ситуацијава околу трансферов дополнително придонесе за слабата форма, едноставно не беше слободен во играта. И затоа моментално не е првотимец за Дортмунд. Но пак ќе речам, Челзи купува потенцијал и свесни се дека не е сеуште изграден фудбалер. Дури мислам начинот како се игра во ПЛ му одговара на неговиот стил.
Брз е и има солидна техника. Оди често во дуели 1:1 и порано без проблем ги добиваше тие дуели. Моментално тоа не функционира и често заглавува. Не е голгетер иако чат пат и знае да даде важни голови како годинава со Бриж. Карактерно е мирен тип без скандали важеше како спротивен тип на Дембеле кој беше и е улав. Пулишиќ поседува и онаа магија да направи нешто неочекувано, екплозивно иако годинава тоа не му оди најдобро.
Тешко е да се предвиде како ќе се снајде во Челзи. Тука од него се очекува да функционира оти ако не може да се најде надвор од тимот. Во Дортмунд се пострпливи со млади играчи и простуваат и послаби периоди. Али сега мислам и покрај тоа што се реши неговата судбина тој ќе игра послободно и ќе си ја врати формата. Затоа мислам и дека во Челзи ќе се снајде добро. Ќе биде интересно да се види како ќе игра со поголем притисок ако стварно би бил замена за Азар. Оптимист сум дека го чека голема кариера и се надевам што побрзо ќе си ја врати формата.