Фан Клуб: Борусија Дортмунд

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.649
Поени од реакции
22.381
Денес беше објавен финансискиот извештај за ланската сезона и Дортмунд го надмина ланскиот рекорд. Дортмунд има обврт од 305м ЕУР и направи добивка од 61.5м ЕУР. Да го продадеа Левандовски уште поголем ќе беше обвртот, како и да е, феноменален резултат е ова.


http://www.bvb.de/?%E1%80%ECZ%1B%E7%F4%9C%5Co%E6%87%95
--- надополнето: 22 август 2013 во 15:06 ---
Да надополнам: Парите за Геце и дел од премиите од ЛШ не се опфатени во тие суми горе пошто беа платени посли 30.06.2013та. За плати на играчите (сите) Дортмунд платил 76м ЕУР. Многу хумано поред мене (y)
--- надополнето: 22 август 2013 во 15:15 ---
едит: парите од ЛШ и за Геце се во горните суми само не биле уште исплатени до 30.06. ;)

А сето тоа без шеикси и други финансиери
 
Член од
5 мај 2013
Мислења
1.239
Поени од реакции
1.440
Хофман многу добар впечаток остава и покрај тоа што мала минутажа му се дава. Иначе Вердер многу одбранбено, дури од ко примија гол се отворија за напад.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.649
Поени од реакции
22.381
Хофман многу добар впечаток остава и покрај тоа што мала минутажа му се дава. Иначе Вердер многу одбранбено, дури од ко примија гол се отворија за напад.
Шансите подобро треба да се користат, Вердер можеше и петарда да добие ама некојпат не оди. Три бода, тоа е битно и како што мислам најдобар старт во сезона на Дортмунд со Клоп. А Хофман е супер само што има огромна конкуренција на неговата позиција.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.859
Поени од реакции
12.146
Браво за Дортмунд кој и година си гази и пак ќе е еден од најдобрите тимови во Европа,многу добро изиграја вечерва и штета е што постигнаа само еден гол,ама победа си е победа,битно е да се земат трите бода и да се одржува чекор со Баерн.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.502
Поени од реакции
10.257
Требаше повеќе да дадете.Гледав до 60та минута и реално 3-4 требаше да завршат во мрежата на Вердер.
Пак ќе кажам,ептен симпатичен клуб ми се,што поради тоа што се,што поради игорче,еден од најреалните фанови овде на кајгана.Тешко реални овде. (y)
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Ги гледав сите 3 утакмици на Борусија и се повеќе ми се допаѓа. Имав симпатии уште од финалето со Баерн, али еве сезонава почнав да ве пратам (не за друго сеуште не е почната Сериа А), и бидејќи ептен ми се бендиса играва што ја прикажувате се надевам дека ќе ги гледам сите утамици на Борусија (а инаку никогаш не сум прател германско првенство, т.е да гледам утакмици на некои тимови).
Сакам да коментирам за засилувањата што ги земавте и тоа дека Обемејанг е ѕвериште, а овој Микитаријан сеуште не се уклопил во тимот.. А според мене највеќе ќе го биде Хофман барем до сега што ги гледав утакмициве.. Без разликка што си отиде Гоцето:ROFLMAO: годинава сте појаки.. Поздрав и се најдобро :D
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Собираат симпатизери Дортмунд од секаде. :D
Едноставно нема ниедна причина да ги мразиш. Со својот стил на игра, нема шанси да не ти се допаднат :ROFLMAO:
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.649
Поени од реакции
22.381
Новиот дрес на Дортмунд во ЛШ



Ланскиот доста подобар беше али и овој не е лош.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.649
Поени од реакции
22.381
Сакав Арсенал, Милан и Селтик ама ете Арсенал само се падна и Наполи како Италијански тим. Јака група, баш каква што и треба на Дортмунд за да не се опуштаат многу.
 
Член од
5 мај 2013
Мислења
1.239
Поени од реакции
1.440
Ајде Игорче и оваа сезона да гледаме топење на "гигантиве", и нема причина зошто да не биде така. (y)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Со среќа сезонава во ЛШ. Сакав да се паднеме во групи ама можеби сепак подоцна ќе видиме дуел Борусија-Челзи :)
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.502
Поени од реакции
10.257
Го имав тоа претчуство,пред да започне церемонијата му реков на брат ми,еј бишко имам осеќај дека БВБ ќе е. И ете,БВБ.
Ќе биде интересно,јака група е,најјака оваа година,пред 2 години мојот Арсенал беше подобар,ќе видиме оваа година.Зборам стриктно за нашите мечеви,а што ќе се дешава,односно каков ќе биде конечниот пласман на табелата тоа е друго. :)
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.649
Поени од реакции
22.381
Конечно Микитаријан со одличен настап и многу важни голови. После Обемајанг, Сократис и Хофман, исто и тој покажа дека е полн погодок и одлично пасува во тимот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom