Фан Клуб: Беласица

  • Креатор на темата Soprano
  • Време на започнување

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.860
Поени од реакции
34.895
@ultras1988 стај некоја слика ако имаш од Ајдуци, баш ме интересира кои фаци останаа од постарите. :)
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Фала богу пак да може да ја гледаш Беласица со задоволство, квалитетна игра, борбено, дечкиве секоја чест стварно играт од срце за клубот, прв пат толку години по стадиони окапав да си близок со играчи, да те прашат што како играт, дефинитивно новите играчи донесени во клубот се полн погодок, денес освен краток период од првите 10 минути второ кога се направија измени да се одморат клучни играчи за Сабота, изиграа феноменално.
Со другите резултати Беласица сега е во предност, со поволен резултат во Прилеп , Беласица со сигурност ќе е главен фаворит за влез во ПМФЛ од истокот.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Од тотално отпишани до главни фаворити за влез во ПМФЛ, феноменален распоред кој Беласица ќе мора да го искористи до крај за да се пласира во ПМФЛ, ко самите да го имаме правено, едноставно мора да се добие се до гостување во Прилеп посебно што Победа има потежок распоред и неколку нагазни мини попат, со оглед на начинот на кој играт и функционират како екипа играчите, искрено очекувам Беласица на крајот на сезоната да заврши на првото место во лигата.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.050
Поени од реакции
4.011
Од тотално отпишани до главни фаворити за влез во ПМФЛ, феноменален распоред кој Беласица ќе мора да го искористи до крај за да се пласира во ПМФЛ, ко самите да го имаме правено, едноставно мора да се добие се до гостување во Прилеп посебно што Победа има потежок распоред и неколку нагазни мини попат, со оглед на начинот на кој играт и функционират како екипа играчите, искрено очекувам Беласица на крајот на сезоната да заврши на првото место во лигата.
Вчера очекував поголем отпор да пружите, освен еден слободен удар немавте некои шанси. Во прво полувреме Николоски одбрани 4 5 зицери, алал да му е, можеше уште на полувреме да ја решиме, но имаме голем проблем со реализација јбг. Одбранава ви е доста климава, имате доста добар среден ред и просечен напад. Кај нас има многу поголеми проблеми надвор од теренот кој не се за во јавност иначе досега друга песна ќе беше.

Сепак до последно коло очекувам да има борба меѓу нас и вас, а до дуелот со нас, Братство повторно да ве запри на Могила, се појачаја и тие доста.:P
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Вчера очекував поголем отпор да пружите, освен еден слободен удар немавте некои шанси. Во прво полувреме Николоски одбрани 4 5 зицери, алал да му е, можеше уште на полувреме да ја решиме, но имаме голем проблем со реализација јбг. Одбранава ви е доста климава, имате доста добар среден ред и просечен напад. Кај нас има многу поголеми проблеми надвор од теренот кој не се за во јавност иначе досега друга песна ќе беше.

Сепак до последно коло очекувам да има борба меѓу нас и вас, а до дуелот со нас, Братство повторно да ве запри на Могила, се појачаја и тие доста.:P
Свесно мислам дека Беласица играше на X, првично одигравме силен висок пресинг на кој не се снајде Победа и потоа следуваше повлекување, линкот сецкаше па не бев во можност да гледам како што треба, реално одбраната потфрли во Прилеп но сепак таа е најјаката страна на екипата колку и да потфрлија вчера, па минатава полусезона најдобрите стрелци ни беа баш од одбраната и доколку не изиграа тие на ниво кој знае каде ќе бевме, со новите засилување е точно имаме предобар среден ред, додека во нападот се стартуваше со Радојчиќ кој игра обично кога чуваме резултат и играме подефанзивно па влезе новиот дечко кој решетеше мрежи кој го земавме од Академијата, по оваа одлука и со оглед дека играше и Сколс во средина прва постава кој е подефанзивен играч, тактиката и целта беше да не се ризикува пораз во Прилеп и се одигра доста претпазливо од Беласица, со што целта беше остварена а тоа е да не се изгуби на овој натпревар.
За Иван нема потреба да се трошат зборови, многу талентиран голман и може да биде доста подобар од татко му кога брани, голман од репрезентативен калибар во секој случај.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.050
Поени од реакции
4.011
Свесно мислам дека Беласица играше на X, првично одигравме силен висок пресинг на кој не се снајде Победа и потоа следуваше повлекување, линкот сецкаше па не бев во можност да гледам како што треба, реално одбраната потфрли во Прилеп но сепак таа е најјаката страна на екипата колку и да потфрлија вчера, па минатава полусезона најдобрите стрелци ни беа баш од одбраната и доколку не изиграа тие на ниво кој знае каде ќе бевме, со новите засилување е точно имаме предобар среден ред, додека во нападот се стартуваше со Радојчиќ кој игра обично кога чуваме резултат и играме подефанзивно па влезе новиот дечко кој решетеше мрежи кој го земавме од Академијата, по оваа одлука и со оглед дека играше и Сколс во средина прва постава кој е подефанзивен играч, тактиката и целта беше да не се ризикува пораз во Прилеп и се одигра доста претпазливо од Беласица, со што целта беше остварена а тоа е да не се изгуби на овој натпревар.
За Иван нема потреба да се трошат зборови, многу талентиран голман и може да биде доста подобар од татко му кога брани, голман од репрезентативен калибар во секој случај.
Да да, очигледно игравте на Х, на крајот задоволен ви беше стручниот штаб. Тоа детето напаѓачот страшна брзина покажа при една контра, одамна онакво нешто немам видено.

Иначе, Иван додека беше кај нас во својата генерација секогаш беше вториот голман и реално послаб од Столевски(овој ни бранеше прва полусезона, сега во Велешта е). Многу напредувал, го гледам првпат откако си замина од Победа. Само така нека продолжи, браво.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
ФК Братство 07 0-3 ФК БЕЛАСИЦА

Денес добро е што некој играч на Беласица не заврши во инвалидска количка, премногу груби стартови, можеа да добијат уште некој црвен Братство, на публика дивиот запад, до 25 минута имаше 4 прекина, а неколку пати налетуваа на судиите и играчите на Беласица, секоја чест на судијата на кој не потклекна на стравичниот притсок цело време, играта спрема колку грубо играа Братство топ, овие имаа само два обида кои ги одбрани Иван по што спласнаа, на крај набрзина два гола за голема радост и крај на тензиите.

Неверојатна хемија има во клубот, од играчи до навивачи сите, милина да си со клубот на секој натпревар.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Прво полувреме катастрофа жива мачење на терен, второ изгинаа дечките, дадоа 5 комада а можеа уште најмалце 5, какви стопроцентни шанси промашија дур влезе првиот гол, сега следува по мое најважниот натпревар на сезоната со Саса во Струмица, со победа на натпреварот со една нога сме на првото место и во ПМФЛ.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
БЕЛАСИЦА 1-0 Слога

Вакви натпревари се потребни :pistoldz::duel:, тензично од почеток до крај, Слога ти ебам клубот кој се онаа класична селска екипа сите гинат, стартови, секој старт на работ на инцидент, па Беласица доби и црвен кој немаше никаква основа, прво жолт за прекршок кој речиси и да не постоеше и беше далеку за картон па овој судијата само чекаше нашиов да приговори му даде црвен, овие од Слога уште боксови не го заредија ни жолт не добија за приговор :D.

Мада терен си е терен она што ме радува е трибината, од натпревар во натпревар се појако навивање, некој нови клинци и тоа со голема љубов за клубот, се врати една постара солидна екипа, грмење во текот на целиот натпревар и прослава и дружба надвор од стадион како во старите добри времиња, нз како ќе е на терен ама на трибини ќе пршти на баражот.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Нова епизода од за нас добро познатиот серијал БАРАЖ, по кој знае кој пат подобар противник на терен ама пак со празни раце, реално денес странциве кај Скопје беа пресудни како и немањето на искуство кај нашите играчи од играње на големи натпревари, само 5 минути не делеа до пенали но тоа е, она што ме изненади и ме радува е бројот на струмичани кои беа во Штип, покрај нас во кафезот имаше реално многу повеќе од што очекував посебно по гласините кои беа пуштени во град дека нема да има карти на стадион, на голот на БЕЛАСИЦА буквално стана цела трибина освен ќошот кај беа сместени оние кои беа за Скопје.
Иако немаме пари за прва лига и реално таму ќе служевме за билдење гол разлика сепак премногу ја сакавме победата, прво поради тимот , а многу повеќе поради тоа да го срушиме ова проклетство и тој ебен серијал.

Самиот факт дека трибината беше солидно исполнета од струмичани посебно со напомена дека БЕЛАСИЦА беше единствен клуб што не организираше никаков превоз за своите навивачи, сите дојдоа со свои превозни средства, платија карти, друго што ме изненадува уште повеќе е фактот што младиве генерации основци кои и не биле родени во ерата на златни години на БЕЛАСИЦА на кои ние се сеќаваме бледо , имат клуб во градот кој реално реди успеси постојани и повторно ја сакат и бодрат БЕЛАСИЦА, душата што ја има овој клуб постојано ме восхитува.

За крај денес кафезот односно ултраскопот беше одличен, со мали падови тотално неприметни Ајдуци искинавме на трибина, грмење, ехото кое се слушаше по песната беше премоќно, оваа група допрва ќе го има својот збор на тифо сцената.
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.860
Поени од реакции
34.895
Овие денови Струмица ке биде прелепена со вакви плакати за да се информираат сите навивачи за ова дерби !

13 ГОДИНИ ЕЈЈЈ, се сеќавам како вчера да беше. :D Јас и уште тројца да не спомнувам имиња, за жал едно златно дете кое беше присутно тај ден почина пред неколку месеци. Стара гарда сите се знаеме. Од 2 поручок до 9 вечер, немаше јавна површина дека шо немаше излепано флаери. Имаше избори одма нареднио ден после утакмицата, па се сеќавам лепааме и врз политичките рекламни фаци на Грујо и Заев.:pos:

Таа година бееме најблиску до толку посакуваната прва лига после ерата на бате Ване, само 6 месеци пред утакмицата со флаерите играјааме со Шкендија. Тука се деси фамознио напад на комбето на играчите на Шкендија после утакмицата, предводен од мене и од господинот Ф.Т :pos::pos: Се сеќавам оти дадеа гол и дојдеа у ќошето и почнаа да провоцират за 2001ва нешто. Двујца завршииме у притвор, не уапсија на сред Глобал. :pos: После таа утакмица 2 месеци не ме пуштаа на стадион у ср, само на гостувања идаах.

Се наежих еј, многу убави времиња беа. Огромна дружба, до ден денеска имам пријателства стекнати од Ајдуци, од кои еден ми е другар со кој и ден денес дружаме. Мило ми е шо сеуште се негува традицијата, иако никој незнам моментално од тие деца на трибините. Последен пат активно како навивач бев на утакмица 2015 год.
 
Член од
19 март 2021
Мислења
22
Поени од реакции
172
FB_IMG_1653262774835.jpg

Единствената светла точка во Беласица во последните 20 години.
Не дека се многу, не дека се направиле нешто спектакуларно, но се единствените кој останаа со клубот. Дури и во моментите кога не навиваа, само тие се вртат на стадионот.
Градот одамна дигна раце од Беласица, народот како и луѓето од кои Беласица направи господа и милионери.
Дури и на форумот овде порано пишуваа неколку ликови, сега пишува само ултрас1998.
Беласица е 20 години второлигаш, со тие 20 години отидоа многу генерации, на сликата се луѓе кои се ги дочекале убавите времиња на клубот и со тоа останаа засекогаш со него, но голем дел и заминаа во странство.
Не би се сложил дека има младина, има но се многу малку, позитивна работа е што ако порано старите беа научени на гага од превоз до пиење да им се плаќа, овие генерации плаќаат се од свој џеб.
Баражот во Штип е доказ дека Беласица е аматерски клуб, кој го водат ликови што немат С од спорт.Од домар до претседател се е аматерско. Никакво известување немаше од клубот дека карти на врата нема да има, у 5 до 12 те известуваат дека карти ќе има само во мк тикетс, а таму ниту една карта останато, па трчкање од таму на ваму за да се набави, беше решено да се оди и да не влеземе на стадион.
Трошоците се огромни, и кога нема поддршка од никого е голем проблем.
За жал нашите години минуваат, после нас дали и ќе има некого кој ќе го сака клубот.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Дефинитивно оваа година наместо да биде цела во златен сјај ќе има и свое црнило и тоа како големо, вчера не напушти човекот кој во делот на навивачи беше најголема легенда на клубот, нашиот чич Петре, човекот кој беше синоним на клубот, на стадионот го знаевме и си го викавме чич Петре додека цел град го знаеше како навивачот на БЕЛАСИЦА, нема утакмица на која сум бил во животот а ги има сигурно преку 200 на стадионот он да не бил таму, да не го бодри клубот во негов претпознатлив стил, имаше многу луѓе кои редовно одеа на утакмиците на БЕЛАСИЦА но тој со својот стил на бодрење на клубот постојано се одвојуваше од сите нив, легенда на клубот а со самото тава и градска легенда која сите го почитуваа, натпреварите со Тиверија и постојаното задевање со старата гарда тиверијанци е нешто кое вечно ќе остане у спомен на сите нас кој пораснааме на стадионо, како што пишува и на официалната страна на групата Петре беше идол и пример како се сака и живее за клубот на сите нас и како ултраси и на тие што одеа како навивачи/симпатизери, стадионот веќе ќе биде секогаш празен без неговиот глас и начин на бодрење на клубот а со сигурност неговото столче ќе биде позлатено како што доликува и заслужува чич Петре.
Човек со преживеани два инфракти за клубот, едниот на самиот стадион а другиот кога се враќавме од Скопје по бараж натпреварот кога во автобус ни јавија дека имал инфаркт кога завршил натпреварот и го дознал резултатот, вакви луѓе веќе нема.

Вечна ти слава чич Петре и секогаш ќе ја ИМА БЕЛАСИЦА , твојата, нашата БЕЛАСИЦА !

287509039_4976854292442967_3467852018941543857_n.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom