Фан Клуб: Барселона

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.934
Поени од реакции
35.309
Легендата вели дека судијата свирнал пенал и во соблекувалните.

Ленгле идиотчина тешка, будала недонесена.

Лук Де Јонг де Гоат даде најклучни голови сезонава, буквално он ни донесе пласман во ЛШ за наредна сезона. :cuc:
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
411
Поени од реакции
153
Па после едно преспано прво полувреме во второ се и сешто се случи од три пенали од кој вториот и треиот чисти како солза за првиот можеше да го суди и немораше.Ова беше јасна порака до Чави колку е Мизерна одбранава со вакви смешни пенали Лук де Јонг дежа ву од натпреварот против Еспањол ласт минут
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.594
Поени од реакции
10.237
Мене овај тим ми има средина на 2000тите вајбс
Лук де Јонг ти е ко Хенрик Ларсон..Педри и Гави ко Меси и Иниеста.. Ленгле ти е ко Олегер.. Влегва во игра и ја сјебва утакмицата.. Араухо луд ко Пујол, Гарсија кул ко Маркез, Френки елегантен ко Деко, Феран тихи убица ко Жили.. Усман=Роналдињо :eek:
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.934
Поени од реакции
35.309
Има шпекулации дека Левандовски и Барса се договориле. 3 годишен договор, 10 милиони по сезона.

Таман мислиш се враќа клубот на стари патеки, и прават ваков ултра глуп чекор. Ако е точно.
 
Член од
13 февруари 2019
Мислења
184
Поени од реакции
317
Има шпекулации дека Левандовски и Барса се договориле. 3 годишен договор, 10 милиони по сезона.

Таман мислиш се враќа клубот на стари патеки, и прават ваков ултра глуп чекор. Ако е точно.
Не е до толку глуп чекор има уште фудбал во Левандовски башка уште не е сигурно дека ќе дојде.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.653
Поени од реакции
4.142
Таман мислиш се враќа клубот на стари патеки, и прават ваков ултра глуп чекор. Ако е точно.
За да земеме класа напаѓач ќе ни треба 100милиони трансфер и над 15милиони плата на 5 години.
Според мене добар трансфер е ова за наредни 3 години додека да се најде нова 9ка.

Бензема има 34 години, па изгази лани и оваа сезона.
 
Член од
7 септември 2010
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.262
Левандовски август прави 34 години и на таа возраст да му лупнеш договор на три години кој ке зема по 10 мил годишна плата е ултра глуп потег. Колку и да е добар Лева, стар е и годините ќе го направат своето. Не ми се свиѓа трансферов ама ич.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.102
Поени од реакции
20.940
Левандовски август прави 34 години и на таа возраст да му лупнеш договор на три години кој ке зема по 10 мил годишна плата е ултра глуп потег. Колку и да е добар Лева, стар е и годините ќе го направат своето. Не ми се свиѓа трансферов ама ич.
Секако нема да дојде :D
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.934
Поени од реакции
35.309
За да земеме класа напаѓач ќе ни треба 100милиони трансфер и над 15милиони плата на 5 години.
Според мене добар трансфер е ова за наредни 3 години додека да се најде нова 9ка.

Бензема има 34 години, па изгази лани и оваа сезона.
Да дојде на 1 година договор со можност за продолжување на уште една би било океј. Онака 3 години договор со по 10 милиони годишно е многу. Ќе фејлне првата сезона и после нема да сака да си оди ќе седи на клупа и ќе лапа пари, ќе немаме простор за друг трансфер поради неговата плата.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.054
Поени од реакции
3.835
Да дојде на 1 година договор со можност за продолжување на уште една би било океј. Онака 3 години договор со по 10 милиони годишно е многу. Ќе фејлне првата сезона и после нема да сака да си оди ќе седи на клупа и ќе лапа пари, ќе немаме простор за друг трансфер поради неговата плата.
Затоа и сака да си оди од Баерн, му нудат едногодишен договор за продолжување. Тогаш би имал 36.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom