И ако имаме најслаб состав во последноте 10-12 години, да бидеме реални и повредите ни ебаа мајката. За добро во лошото искочиа на виделина некои дечки што мислам дека ќе бидат топ играчи во иднина.
Одбраната ни е катастрофа, имаме истрошени играчи и не доволно квалитетни за да играат во Барса.
Бускетс игра подобрено под Чави, али не смееме веќе да се потпираме на него. Подобро 2 сезони со Чави да ги издржиме со деца и да направи добра генерација, одколку уште да мислиме дека можеме нешто.
Прво, мора да играме стандард 4-3-3 формација! Без разлика какви играчи имаме. Подобро еден играч да се приспособи на нова позиција од што сите 11 на нова формација.
Дембелот најверојатно нема да продужи, а и со него сме многу кратки во напад...
На лето мора да се направи чистка, да се отвори простор за плати и со 1 засилување сега на зимо и 2-3 на лето да се врати колку толку таму кај што припаѓаме.
Не ми сметаат Бускетс и Пиќе, само не мора да добоваат толкава минутажа. Исто и Роберто, може да игра на повеќе позиции не е лошо да го задржиме. За Алба уште мислам дека е најдобра опција за лев бек, и ако во одбрана е дупе.
Умтити, Ленгле, Кутињо, Лук де Јонг, (Агуеро - ко неможе да продолжи) да си заминат. Рики и Мингуеза да се дадат на позајмица пошо искрено мислам дека не се Барса материјал.
Левак штопер, не знам зашо не тргнаа по Рамањоли му истекува договорот на лето, еден везњак, се збори за физички јак, најверојатно овој од Мехенгладбах, десно крило и напаѓач мора да се донесат.
Сакам да се форсира млад тим.
Тер Штеген
Дест - Араухо - ? - Алба
Гави - Де Јонг - Педри
Дембеле - Депај - Фати
Нето
Дани - Пиќе - Гарсија - Балде
Нико - Бускетс - Роберто
? - ? - Бретвајт
Иначе од потенцијалните и реални засилување што се спомнуваат за кај нас Ф.Торес и Закариа мислам дека се океј. Од нереалните го сакам Пау Торес за штопер.
Напаѓач не знам кој би ни легнал најдобро. Пошо неаме пари Лаказет нема да е лошо решение за без пари.