Фан Клуб: Барселона

Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Мора сместа да реагира Чави и да го уфрли Дест, дува промаја по десната страна.
Ова мутавово Ерик Гарсија е тотално ппромашена инвестиција.
Од првата шпекулација за него во Барса имам 10 поста пишано за тоа колкаво дрво е. Памтам против Арсенал кога играше, па тоа беше еден од најлошите настапи на дефанзивец што сум ги видел, основи на фудбал не знае, ќе заврши во некој нисколигаш за некоја година.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
ќефлиска победа донесена од подзатаените кутињо и депај на многу тешко гостување.............да се вратат фати и бреитвајт да се засили нападот, па да се намали притисокот врз одбраната до крајот на сезоната
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Ептен мерак испадна ова. Прва победа во гости па и со тежок противник. До крај на годината и немаме така тежок распоред во Ла Лига. Време е да се влезе во серија на добри резултати.
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
411
Поени од реакции
153
Победа со доста примедби...Пред се можи Недосуден пенал за Виљареал во првиот дел Гави некако ми се гуши во оваа крило-средина улога неможеше да се справи со курпулентниот Фојт доста почетнички грешки на Гарсиа,Мингеза го редиш лев бек очи во очи со Чукуезе брз спринтер а Мингеза е бавен уште една бледа партија на Депај иако голови даде,а ништо поарен не беше се поиспрашуваниот Кутињо,и за крај на интервали играше Барса цело второ полувреме паднаа физичката подготвеност е голем преголем проблем,Абде светла точка овај натпревар,очигледно е дека тој завршен шут ќе не кошта многу......Ако не и титула.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Каква катаклизмична игра во одбрана, прво тушеше од десно, а по излегувањето на Алба беше распад систем. Чисто на среќа се победиве против Еспањол и Виљареал, некој од појаките тимови сто гола би ни дал со ваква игра во одбрана. Знам дека тие се играчите, ама голема кривица сноси и Чави, подобрена е играта во напад, но во одбрана сме можеби и полоши од претходно.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.895
Чави беше дел од таа генерација во која одбраната трпеше на сметка на нападот, не ни очекував различен пристап од него. Проблемот е шо нема ниту еден квалитетен играч во задниот дел за колку толку да ја вади ситуацијата.

Големи се шансите Баерн да не силува пак, уште сега треба да се прифати ситуацијата и да не се плука по Чави за тој меч. Бенфика ако го победи Динамо Киев отпаѓаме во групи, за првпат после 20тина години.
 
Последно уредено:
Член од
29 април 2015
Мислења
4.037
Поени од реакции
3.805
И ако имаме најслаб состав во последноте 10-12 години, да бидеме реални и повредите ни ебаа мајката. За добро во лошото искочиа на виделина некои дечки што мислам дека ќе бидат топ играчи во иднина.
Одбраната ни е катастрофа, имаме истрошени играчи и не доволно квалитетни за да играат во Барса.
Бускетс игра подобрено под Чави, али не смееме веќе да се потпираме на него. Подобро 2 сезони со Чави да ги издржиме со деца и да направи добра генерација, одколку уште да мислиме дека можеме нешто.

Прво, мора да играме стандард 4-3-3 формација! Без разлика какви играчи имаме. Подобро еден играч да се приспособи на нова позиција од што сите 11 на нова формација.

Дембелот најверојатно нема да продужи, а и со него сме многу кратки во напад...

На лето мора да се направи чистка, да се отвори простор за плати и со 1 засилување сега на зимо и 2-3 на лето да се врати колку толку таму кај што припаѓаме.

Не ми сметаат Бускетс и Пиќе, само не мора да добоваат толкава минутажа. Исто и Роберто, може да игра на повеќе позиции не е лошо да го задржиме. За Алба уште мислам дека е најдобра опција за лев бек, и ако во одбрана е дупе.

Умтити, Ленгле, Кутињо, Лук де Јонг, (Агуеро - ко неможе да продолжи) да си заминат. Рики и Мингуеза да се дадат на позајмица пошо искрено мислам дека не се Барса материјал.

Левак штопер, не знам зашо не тргнаа по Рамањоли му истекува договорот на лето, еден везњак, се збори за физички јак, најверојатно овој од Мехенгладбах, десно крило и напаѓач мора да се донесат.

Сакам да се форсира млад тим.

Тер Штеген
Дест - Араухо - ? - Алба
Гави - Де Јонг - Педри
Дембеле - Депај - Фати

Нето
Дани - Пиќе - Гарсија - Балде
Нико - Бускетс - Роберто
? - ? - Бретвајт
Иначе од потенцијалните и реални засилување што се спомнуваат за кај нас Ф.Торес и Закариа мислам дека се океј. Од нереалните го сакам Пау Торес за штопер.
Напаѓач не знам кој би ни легнал најдобро. Пошо неаме пари Лаказет нема да е лошо решение за без пари.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.020
Поени од реакции
20.762
уште една бледа партија на Депај иако голови даде,а ништо поарен не беше се поиспрашуваниот Кутињо,и за крај на интервали играше Барса цело второ полувреме паднаа физичката подготвеност е голем преголем проблем,Абде светла точка овај натпревар,очигледно е дека тој завршен шут ќе не кошта многу......Ако не и титула.
Титула? Каква титула? Кој очекува било каква титула во оваа сезона?
Едино купот ако ни се посреќи патот до финалето :D
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
411
Поени од реакции
153
Следам извесен период се зборува за Феран Торес да премини во Барселона за сума од 50-милиони,иако од минатите искуства знаеме дека за тие играчи за кои се зборувало Октомври-Ноември период најчесто на лето НЕ завршувале во Барса,така да незнам дали има доста вистина бидејќи и шпанските и англиските медиуми зборуваат за трансфер уште на зима,знаеме дека се работи за играч кој ги покрива сите позиции во нападот а новитет кај Пеп и Енрике е што игра и 9-ка,АМА дали и колку е потребен во Барса?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
749
Поени од реакции
731
Чуват се за Баерн минхен:pos:
Ебаве ушљаците у одбраната 2 на 3 контра па и со лажњаци ги шинаа,незнаат да се постават дест,мест,дејонг стојко го чуват ццц
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.895
Ќе броиме на прсти или за секој случај гравчиња да си земеме? Мириса на голем пораз, можеби и најголемиот во последните 50 години.

Апсолутна немоќ е тимот, мислам дека резултатот зависи само од желбите и милоста на Баерн. Ако имаат милост ќе не победат 3 или 4-0, ако не црно ни се пишува.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Ќе броиме на прсти или за секој случај гравчиња да си земеме? Мириса на голем пораз, можеби и најголемиот во последните 50 години.

Апсолутна немоќ е тимот, мислам дека резултатот зависи само од желбите и милоста на Баерн. Ако имаат милост ќе не победат 3 или 4-0, ако не црно ни се пишува.
Мислам дека доволно ќе е на прсти, тоа го темелам врз основа на тоа што кај Баерн нема да играат 2-3 стандардни првотимци и се игра без публика. Од друга страна пак камен ладно е во Минхен, можно и снег да врне, доволно за тенџерињата да се погубат уште толку :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom