Фан Клуб: Барселона

Член од
29 април 2015
Мислења
4.035
Поени од реакции
3.802
Реално треба да ги почастиме овие од Баерн што не издишаа. Сигурен сум дека немаше да се десе оваа промена, да не беше таков поразот.
Во еден прелазен рок си отидоа 3 играчи од 33 години со високи плати, а дојдоа Педри, Дест, Тринкао, се врати Кутињо предобар, ги промовиравме Араухо и Фати.
Направи топ баланс во екипата.

Гарсија од Сити ич не го сакам, ама затоа сакам да дојде Депај, ќе имаме опција плус за 9ка. Дембеле не сакам да си замине.

У секој случај ќе биде интересна сезона, после овие 2 утакмици добив надеж за трофејче, макар и купот.

Visca El Barca!
 
Член од
7 септември 2010
Мислења
1.165
Поени од реакции
1.257
Не знам за вас, ја очекувам триплете сезонава :icon_lol:
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
411
Поени од реакции
153
Да дадам свое мислење:Селта одсекогаш била незгодна,барем за Барса со тој,и фактот што Барса имала секогаш мака и тој негативен скор каде што Барса нема победа од 2015.Пред се имам пофални зборови за Куман,иако добро знаме дека не се мерило две утакмици па да дадеме одма мислење,сакам да кажам дека Куман го врати пресингот,поставени доста високо,во овај систем штоперите се поставени доста високо,на некој начин на средината на теренот,и стално се изложени да прават офсајд замки,да се сконцентрирани да не се уфрли некој од втор план,тоа сите го знаеме,АМА НЕсвојствена е грешката на Ленглет,на 2:0 свесно знаеш дека си последен играч (Плус жолт картон) и правиш фаул,и нормално црвен после,пологично незнам што,премногу аматерски/почетнички за играч кој игра прва постава.Кога го доби црвениот картон Ленглет,сите мислевме готово водиме 1:0 и Валверде тактика сега ќе ја браниме,ама не......КУман интелигентно го истаде Гризман (повторно најлошиот поединец на теренот) и го стави Араухо,каде што со играч малце повторно Барса напаѓаше и редеше шанси,како заврши првиот дел,така почна и вториот каде што сите мислевме во вториов дел 2:0 ајде Валвере тактика,ќе паркираме автобус и нека напаѓаат,ама уште повеќе Барса напаѓаше и редеше шанси,рано е да се зборува уште одсега,само ова е патот по кој треба да се движи тимот,ако Куман настави вака,со убавата игра за око,и повеќе ротации секако,само треба некои финеси да се средат,и затоа ќе се сложам со некои членови погоре,Гризман и Роберто втор натпревар изгубени,доста грешки и на Бускетс,ама прашање е дали Пјанич може да изигра 90-Минути со ова темпо,се надевам дека Дест перфектно ќе се вклопи во овај систем.
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.609
Поени од реакции
3.547
ЛШ првата против Ференцварош на 20ти, втора Јувентус 28ми, трета Динамо Киев 4ти Ноември па реванш со истите на 24ти, 5та со Ференцварош на 2ри Декември и последната Јувентус на 8ми Декември.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
ЛШ првата против Ференцварош на 20ти, втора Јувентус 28ми, трета Динамо Киев 4ти Ноември па реванш со истите на 24ти, 5та со Ференцварош на 2ри Декември и последната Јувентус на 8ми Декември.
Сакав против Јувентус да биде трето и четврто коло ама што е тука е. Вака првата утакмица ќе биде интересна ама во последното коло ако и двете екипи се веќе поминати ќе калкулираат и ќе играат со втори состави.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Од излезни трансфери можни се уште Тодибо и Рафиња, вториов шансата за заминување е 0.1%, првиот е поверојатно. Барса и Фулам се договорија за 18 милиони, ама Тодибо не сака засега да оди таму, го убедуваат. Ако замине тој ќе ја покачат понудата за Гарсија и то е то од трансфери.

Огромна штета за Депај што не успеавме, можеби следната за нула ќе го земат. Ќе фали деветка во текот сезоната сигурно, со тенџерето Гризман ќе треба да крпиме.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.035
Поени од реакции
3.802
Ништо од Депај овој преоден рок, ама во Јануари ништо чудно да се лапа за 10тина милиони.

Ако прифати Тодибо да потпише за Фулам, нашиве најверојатно ќе ја понудат истата цена за Гарсија (18 милиони) и ако прифатат тоа е тоа, ако не пак исто.

Ни требаат уште 2-3 играчи за да се бориме на сите три фронтра али и годинава сум задоволен и со двојна :rolleyes:
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Без летање, јас сум задоволен само да ги гледам да играат како првиве два натпревари, со ист мотив и желба.

Ни фалат 2-3 играчи се согласувам, стопер, деветка и лев бек да ротира со Алба. Можеби и еден силен физички везњак кога ќе дојдат копачите да ги изремети. Супер план имаше Куман, ама не му ги исполнија барањата поради финансиската состојба пред се. Нешто читав Конрад да се проба како лев бек, ептен би било добро според мене, брз е и продорен.

Со Севиља ќе е прв сериозен тест за тимот, прејаки се со Лопетеги, рамноправни со Баерн 120 минути беа, не треба да се додава повеќе.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.840
Поени од реакции
34.746
Шо ќе кажете за овој Халанд од Дортмунд? Од јануари го потпишаа до денес околу 20 гола протна. Карпа дечко, 194 е висок а има ниско тежиште, 2ца неможат да го соборат. Во првите 6 утакмици во Бундес постигнал 9 гола.(y)
20 годишен е, баш ќе ни се вклопи во проектот "подмладување". :D
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Шо ќе кажете за овој Халанд од Дортмунд? Од јануари го потпишаа до денес околу 20 гола протна. Карпа дечко, 194 е висок а има ниско тежиште, 2ца неможат да го соборат. Во првите 6 утакмици во Бундес постигнал 9 гола.(y)
20 годишен е, баш ќе ни се вклопи во проектот "подмладување". :D
Моментално крампоните од десната копачка не можеме да му ги купиме :ROFLMAO:

А и агент му е Раиола, три милиони камиони со ќебапи ќе бара за провизија :cool:
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.840
Поени од реакции
34.746
Моментално крампоните од десната копачка не можеме да му ги купиме :ROFLMAO:

А и агент му е Раиола, три милиони камиони со ќебапи ќе бара за провизија :cool:
Тотално не сум во тек со ништо, не ни знаев дека постои дечкото. :D Вчера го чекав Дортмунд на тикет и ја гледав текмата во кладилница, како им ги протна 2 гола како на флипер. Барса освен Ибра шо одигра една сезона, никојпат немала ваков цврст играч напред. Нешто како Кристопанс во ракометот.

Да, чим му е овој мафиозот агент нема шо да се бара оваа сезона. Очекувам во наредните 2 лета да го испумпаат ако продолжи да дава голови, и ќе бараат минимум 150 милиони за него на 22 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom