Фан Клуб: Барселона

I

IBIZA SOUND

Гостин
kako ste denes katalonci po golemiot debakl:D

nekako ocekuvav los rezultat vo baern(ali ne ocekuvav debakl:) ) uste pred natprevarot mnogu letaa igracite,i kako messi mozelo da gi resi germancite
 
Член од
6 март 2008
Мислења
1.645
Поени од реакции
424
Еве едно мое видување на работиве:

Уште од почеток на сезона се знаеше дека без засилувања асални немаме шанси на повеќе фронтови. Али Росел нели повише знае од сите па се донесе Сонг. Среќа Лигата што е наша иначе пропаст сезона ќе беше, Санчез и Педро не функционираат, Виља го уништија, Чави секоја чест ама иде надоле формата малку по малку...абе летово треба ЈАК РЕМОНТ! Значи не еден-два играчи да се донесат и да кажат говедава од управа дека ете, филозофија ни е од младите да играат. КОЈ ОД МЛАДИТЕ ПИЗДА ВИ МАТЕР?! Рано е за нова генерација! Сака засилувања бе! У последниве години се создаваат супер тимови (веројатно инспирирани од желбата да се симне Барса од тронот), и со тие тимови не можеме на крај да излегуваме како победници секогаш. Јасно беше од километар дека Баерн ќе не уништи без неколку играчи. Среќа што не беше и петарда. Слаба сезона се на се. Едино се надевам дека ќе се освестат и дека летоска ќе прават ремонт ко што се направи кога дојде Пеп. Промени треба, колку и да не ги сакаме. За мене реално би било да се донесат играчи у одбрана, да се продаде Педро, Санчез, Виља (нема смисла да дреме на клупа ради тоа што играта е подредена на Меси, па он мора на измислени позиции да игра), Тељо нека остане и да се донесат напаѓачи, ама напаѓачи, не крилни играчи од 1.50 м. кои играат на 6 позиции. Според мене редно време е и малку филозофијата да се смени/модифицира - играта мора да се смени малку, не читаат веќе од поодамна. Незнам зашто на никој не му текна да се донесе напаѓач на кој ќе му се даде слобода да шутира (со Ето, btw најголемата грешка беше продажбата негова, и Анри нападот беше убиствен), а не да го бара Меси секој пат штом ќе добие топка. Да не се лажеме, дел од проблемот лежи и во тоа, колку и да сме восхитени од Меси. Летово ќе покаже колку сме научиле од тресењево од земја у Минхен.
--- надополнето: 24 април 2013 во 10:40 ---
Од цела оваа ситуација, едно треба да ни биде јасно. Полека, но сигурно излегуваат на виделина причините поради кои замина Пеп. Она што тогаш, верувам после поразот од Челзи и од Реал дома засмрдило во екипата, денес ни се врати по глава. Гвардиола сигурно имал голема причина да бара трансфер на Алвеш, Пике помеѓу другите. Нормално, тоа не вроди со плод затоа што можеби личи на луда идеја. Но истиот Гвардиола, од екипата го исфрли и Роналдињо, човекот кој дотогаш имаше репутација на Бог. Јас искрено не знаев како понатаму без него, а екипата ме занеми со 6 освоени титули таа сеозна. Тоа што било труло само се обидуваа да го сокријат оваа година. Едноставно се мачевме, и подобро вака некој што ни ги скрати маките. Мислам дека треба да има големи промени кои ќе ги афектираат БУКВАЛНО сите играчи. Мислам дека и Тито не е сериозно решение за екипа како Барса, а пак ни Роура како негов помошник. Едноставно Хејнкенс, Мурињо и сите други ги јадат за појадок! И од овој пораз уште еднаш излезе на виделина моќта на Пеп. Дали после овој пораз некој верува дека случајно го избрал Баерн?Размислувал една година??Јас сум сигурен дека во Баерн нема да ги има тие проблеми, во однос на дисциплината и желбата, нешто што во Барса одамна го нема. Според мене доминацијата на Барселона заврши во моментот кога играчите со ракоплескање го поздравија Пеп кон соблекувалната. Пеп беше креаторот на оваа екипа, на овој подем. Со него си замина цела таа енергија. Секако, сеуште тврдам дека ќе останеме во кремот на европскиот фудбал уште многу години, како и пред Пеп. Едно е јасно, се што е убаво кратко трае, но нашето траеше подолго од секоја друга екипа. Одвај го чекам моментот кога повторно ќе се издигнеме од пепелта како феникс, но верувајте тогаш тоа ќе бидат некои други ликови, некоја нова Барса...(зборувам за стручниот кадар, како и поголемиот број од играчите). Бидете горди како и секогаш...По добрите коњи секогаш се крева прашина! VISCA EL BARCA, VISCA EL CATALUNYA!
Браво за постов.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.730
Поени од реакции
9.770
Џабе пишуваме ние тука, ќе земе некој ко Бускец прецедатело Росељ за да имаме резерва на таа позиција и во Барса Б. Или па ќе земе некој напаѓач ко Ибра или Виља и ќе ги игра до корнер знамето и тоа од клупа кога Тељо и Куенка ќе се изморат. Ибра е препотентно, арогантно човече ама има право - купуваш Ферари а го возиш како Фиат. Меси е и тренер и напаѓач и крило и средина во Барса - one man club сме до даска.
 
Член од
6 март 2008
Мислења
1.645
Поени од реакции
424
Колку и да божество у Барса, ако се буни малиов треба да се заќути, најлошо е да бидеш тим воден од еден играч, одма паѓа све у вода. Море на лето Суарез и Нејмар или Агуеро, и дај им слобода у напад, а не да враќаат топка до Меси. Боље сите тројца по 20-25 голови да дадат него еден 90.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Доведување на Хумелс, голман и Нејмар, продавање на Валдес и Маскерано. Со тоа тимот би ја добил потребната ширина.
Голмани: нов и Пинто.
Одбрана: Алвес, Монтоја, Пике, Пујол, Хумелс, Абидал, Бартра, Алба, Адриано.
Средина: Сонг, Бускец, Чави, Фабрегас, Иниеста, Тиаго.
Напад: Меси, Санчез, Нејмар, Педро, Виља и Тељо.
Со тоа што Фабрегас треба да се стави прв тим заедно до Иниеста и полека да се навикнува на константно играње на таа позиција. Вака само го шетаат на секоја можна позиција. Ако некој од напад се одлучи да си оди, тогаш Делуфеу да се промовира во прв тим.

Ама јасно ни е ваљда на сите, дека ова нема да се случи.
 
B

Beck's

Гостин
Ја сепак мислам дека Тито не е кадарен да ги дисциплинира играчите. Го посакувам Кројф.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Мислам дека Кројф даде еднаш изјава дека нема веќе да ја води Барса. Супер е тимот на Invader, само место Нејмар би го уфрлил Агуеро. Но факт е дека нема да се случи ова. Виља и Санчез се неизвесни за следна сезона. Деулофеу мислам дека не заслужува место во прв тим сеуште.
Инаку во однос на Тито морам ова да го споделам

Offside Barcelona@BarcaTheOffside
I think Tito didn't do well today, but all of you who think he should be fired should try to do your job and fight cancer at the same time.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.600
Поени од реакции
10.249
сега тито кутриот ви е крив... очигледно е дека играчите се презаситени од трофеи и не му се игра поќе... да видиме шо понуди можи да добиеме за меси, чави и иниеста, па да почниме од почеток. цеск, алексис, виља, алвеш можи како слободни играчи да ги дајме и онака никој нема да ги купи. да земиме едно 10 млади бразилци можи еден од нив ќе биди ко роналдињо.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
jasno bese deka nekoj mora da ne tresne dobro od zemja,samo prasanje na vreme bese koga ke bide toa:) podobro baern od kolku kopilinjata komsii:)

i se uste nemozam da svatam sto kur cekase tito so izmenite ?????
 
B

Beck's

Гостин
Све ок тоа, боледуваше од рак, се бореше против болеста меѓутоа ако не е кадарен у исто време да го води и клубот и да се бори против ракот тогаш подобро нека дае одказ. Да бидеме искрени, Милан не ги поминавме од што бевме толку јаки, едноставно Милан се ужас а таа ноќ тие не покажаа ништо.

Ајде другите сезони викавме не можат да дадат гол на бункер тимови, ама на Баерн бе кој им даде 4 гола синоќа, кои играат отворен фудбал да не можеш шанса да им ствариш тоа е сериозен аларм за раководството на Барца
 

toiise

Паско Кузман
Член од
17 декември 2007
Мислења
661
Поени од реакции
93
Барса во времето на Пеп во 247 натпревари не вклучувајки ги пријателските никогаш не изгубила со 3 разлика а само еднаш примиле 4 гола, пораз од 4-3 кј Атлетико М. во 2009.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Секоја империја така да се изразам има крај. Кога си повеќе години на врвот и кога ќе доживееш (очекуван?) дебакл, не е толку едноставно да продолжиш по старо. Психологијата е многу битна тема, да ги оставиме на страна тактичко техничките детали, какви играчи имало или немало, се гледа дека психолошки екипата е далеку од подготвена, не само заради заситеноста туку и заради отсуството на Тито, дефокусираноста од играта...Сега само нека се средат и нека ги освојат бодовите за освојување на Ла Лига, па од наредната година...со сите (нови?) сили напред.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Мислам дека Кројф даде еднаш изјава дека нема веќе да ја води Барса. Супер е тимот на Invader, само место Нејмар би го уфрлил Агуеро. Но факт е дека нема да се случи ова. Виља и Санчез се неизвесни за следна сезона. Деулофеу мислам дека не заслужува место во прв тим сеуште.
Инаку во однос на Тито морам ова да го споделам

Offside Barcelona@BarcaTheOffside
I think Tito didn't do well today, but all of you who think he should be fired should try to do your job and fight cancer at the same time.
Нејмар затоа што Бразилци кај нас се доминантни :)
Агуеро е повеќе шпиц, класична 9ка, а таа позиција кај нас ја игра Меси.

За Тито може да се каже дека потфрли оваа сезона на сите појјаки утакмици. Нормално дека останува и наредна сезона. Ќе видиме дали нешто научил од оваа сезона.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
golema srekja imame sto la liga ja obezbedivme uste pred nova godina,inaku ako bese i tamu tesno tesko ke ni bese sega :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.157
Поени од реакции
107.587
Прво да кажам дека сум крајно изненаден од толку вискоиот пораз на Барселона, а впрочем и кој не е. Сите очекуваа рамноправен меч со можеби минимална победа на Баерн од 1-0 или 2-1 но се случи нешто неверојатно. Јебига, се дешава, толку време Барса немаше загубено повеќе од 2 гола разлика, мораше веќе да дојде и тој ден.
Друго, без лутење ама мислам дека Тито не е вистинскиот тренер за Барселона. Вака кога ќе се сетам како одминуваше сезоната така ми текнува дека Тито се изгуби буквално на сите битни утакмици. Прво со Реал во Супер Купот, потоа во двете Ел Класика, едното на Кампот 2-2 другото 2-1 на Бернабеу, во Купот доживеа пораз од 1-3 на Ноу Камп, со Милан на Сан Сиро слична игра како онаа вчера против Баерн, со ПСЖ на мускули некако... Сиве утакмици што ги набројав се показател дека нешто не штима кога се во прашање битните утакмици за Барселона сезонава. Реално тимот е истиот од претходните години со тоа што го нема Пеп на клупата. Е сега Тито си имаше проблеми со здравјето во текот на сезоната, па на неколку од утакмиците што ги набројав и не седеше на клупата но сепак сигурен сум дека Роура не ја правел сам тактиката во тие моменти. Не ме напаѓајте во врска со Тито само дадов мое мислење. Поздрав и со лесно. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom