Од цела оваа ситуација, едно треба да ни биде јасно. Полека, но сигурно излегуваат на виделина причините поради кои замина Пеп. Она што тогаш, верувам после поразот од Челзи и од Реал дома засмрдило во екипата, денес ни се врати по глава. Гвардиола сигурно имал голема причина да бара трансфер на Алвеш, Пике помеѓу другите. Нормално, тоа не вроди со плод затоа што можеби личи на луда идеја. Но истиот Гвардиола, од екипата го исфрли и Роналдињо, човекот кој дотогаш имаше репутација на Бог. Јас искрено не знаев како понатаму без него, а екипата ме занеми со 6 освоени титули таа сеозна. Тоа што било труло само се обидуваа да го сокријат оваа година. Едноставно се мачевме, и подобро вака некој што ни ги скрати маките. Мислам дека треба да има големи промени кои ќе ги афектираат БУКВАЛНО сите играчи. Мислам дека и Тито не е сериозно решение за екипа како Барса, а пак ни Роура како негов помошник. Едноставно Хејнкенс, Мурињо и сите други ги јадат за појадок! И од овој пораз уште еднаш излезе на виделина моќта на Пеп. Дали после овој пораз некој верува дека случајно го избрал Баерн?Размислувал една година??Јас сум сигурен дека во Баерн нема да ги има тие проблеми, во однос на дисциплината и желбата, нешто што во Барса одамна го нема. Според мене доминацијата на Барселона заврши во моментот кога играчите со ракоплескање го поздравија Пеп кон соблекувалната. Пеп беше креаторот на оваа екипа, на овој подем. Со него си замина цела таа енергија. Секако, сеуште тврдам дека ќе останеме во кремот на европскиот фудбал уште многу години, како и пред Пеп. Едно е јасно, се што е убаво кратко трае, но нашето траеше подолго од секоја друга екипа. Одвај го чекам моментот кога повторно ќе се издигнеме од пепелта како феникс, но верувајте тогаш тоа ќе бидат некои други ликови, некоја нова Барса...(зборувам за стручниот кадар, како и поголемиот број од играчите). Бидете горди како и секогаш...По добрите коњи секогаш се крева прашина! VISCA EL BARCA, VISCA EL CATALUNYA!