Фан Клуб: Барселона

toiise

Паско Кузман
Член од
17 декември 2007
Мислења
661
Поени од реакции
93
Знам дека се ентузијасти ама морат да се разбудите, тимов не е на добар пат, во последниве две сезони сме прилично послаби од она што сме навикнати да гледаме. Мнозинството на играчи делуваат како да се презаситени. Тактитата е веќе очигледна и прочитана од сите поискусни тренери. Промената на тренерон не доведе до никакви промени, дури играта стана и по очигледна, Тито ја нема тактичката зрелост на Пеп и е доста неинвентивен.
Школата не продуцира доволно квалитетни таленти, а трансфер политиката е на граница со ужас.
Потребни се драстични промени и со оглед на проблемите со повреди кои го следат тимот во последно време, потребна е подолга клупа со по иксусни играчи.
 

toiise

Паско Кузман
Член од
17 декември 2007
Мислења
661
Поени од реакции
93
1. Валдес, Санчез, Педро и еден од Пике и Дани на лето да си бараат нови клубови.
Јас би ги додал Бартра, Маскерано, Цеск.
--- надополнето: 23 април 2013 во 23:53 ---
А Фабре зошто не влезе у игра:confused:
Тито беше единствено поизгубен од Бартра на теренон.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
На Тито не му фали толку тактичката замисла на Пеп туку повеќе мотивационата (се сеќавате сигурно на клипот пред финалето во Рим). Се сеќавам и на реваншот со Челзи бевме вака очајни и истото се случи што и денес бевме во изгубена ситуација а тренерот не влечеше никакви потези затоа што не знаеше што. Среќа тогаш не спаси чудото на Иниеста.

Мене ми пречи што нема пожртвуваност па дај бре зошто да не се направи фаул за да се спречи контра секако 8 од играчите на теренот немаат никаква опасност од картони. Трчаат како луди по нив, коа не иде пробај барем да се оставиш во игра не се знае што ке се случи на реваншот!
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Ај вака
Во однос на ерата, не може да се каже дека ерата на Барса заврши. Кога правиме Ремунтада против Милан сме прејаки, а кога губиме од совршена екипа, одма почнува тој муабет. Помирете се со фактот дека Барса нема секоја година да освојува титули во Ла Лига или ЛШ. Само нека ви текне кој е тимот кој има неколку години по ред континуитет се до полуфинале.
Играчите некои од нив мора да си отидат. Секој оптимизам за Санчез вечерва умре. Дечкото е најлош трансфер после Чигрински во историја на Барса. Џабе фрлен кеш, кој подобро да се насочеше за DC, таа цена со експериментирање на таа позиција, вечерва ја плативме. Бартра за ЛШ не е решение против ваква убиствена игра.
Сакам Виља да си оди, знам изненадени сте, ама таа легенда не заслужува ваков третман.
Ја разбирам болеста на Тито, разбирам дека има проблем, но не го разбирам инсистирањето да игра со тим кој уште вчера се знаеше кој ќе биде. Ваква лежерност против еден прејак Баерн, на тоа додадени и доцни измени не ја сфаќам.
Искрено се надевам дека на изборите мисирот Росељ со таа негова екипа, ќе биде поразен или исфрлен на клоци. Инатот негов со некупување на играч, не коментирање на судски одлуки и не обжалување, скапо не чинеше изминативе години.
Останува да си ја завршиме сезонава, да направиме мала реформа во играчки кадар, освежување под итно. За нов тренер, мислам дека е прерано да дискутирам. Мислам дека Тито заслужува шанса.
 
Член од
20 април 2009
Мислења
991
Поени од реакции
944
Од цела оваа ситуација, едно треба да ни биде јасно. Полека, но сигурно излегуваат на виделина причините поради кои замина Пеп. Она што тогаш, верувам после поразот од Челзи и од Реал дома засмрдило во екипата, денес ни се врати по глава. Гвардиола сигурно имал голема причина да бара трансфер на Алвеш, Пике помеѓу другите. Нормално, тоа не вроди со плод затоа што можеби личи на луда идеја. Но истиот Гвардиола, од екипата го исфрли и Роналдињо, човекот кој дотогаш имаше репутација на Бог. Јас искрено не знаев како понатаму без него, а екипата ме занеми со 6 освоени титули таа сеозна. Тоа што било труло само се обидуваа да го сокријат оваа година. Едноставно се мачевме, и подобро вака некој што ни ги скрати маките. Мислам дека треба да има големи промени кои ќе ги афектираат БУКВАЛНО сите играчи. Мислам дека и Тито не е сериозно решение за екипа како Барса, а пак ни Роура како негов помошник. Едноставно Хејнкенс, Мурињо и сите други ги јадат за појадок! И од овој пораз уште еднаш излезе на виделина моќта на Пеп. Дали после овој пораз некој верува дека случајно го избрал Баерн?Размислувал една година??Јас сум сигурен дека во Баерн нема да ги има тие проблеми, во однос на дисциплината и желбата, нешто што во Барса одамна го нема. Според мене доминацијата на Барселона заврши во моментот кога играчите со ракоплескање го поздравија Пеп кон соблекувалната. Пеп беше креаторот на оваа екипа, на овој подем. Со него си замина цела таа енергија. Секако, сеуште тврдам дека ќе останеме во кремот на европскиот фудбал уште многу години, како и пред Пеп. Едно е јасно, се што е убаво кратко трае, но нашето траеше подолго од секоја друга екипа. Одвај го чекам моментот кога повторно ќе се издигнеме од пепелта како феникс, но верувајте тогаш тоа ќе бидат некои други ликови, некоја нова Барса...(зборувам за стручниот кадар, како и поголемиот број од играчите). Бидете горди како и секогаш...По добрите коњи секогаш се крева прашина! VISCA EL BARCA, VISCA EL CATALUNYA!
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Алба сакаше да се исчисти за финалето на Вембли. :pos:

Шала на страна, мислам дека летово осетно ќе се засилиме на повеќе позиции. Прво, ако не се лажам ќе има избори во Барса, ќе се ветуваат чуда и врагови од сите табори, а второ, заради силината на Баерн кој ја покажа сезонава, посебно вечерва лице во лице со Барса.

Не се слагам дека тука завршува ерата на Барса, треба само да се повлечат неколку добри потези и повторно да бидеме она од првите три сезони на Пеп.

Клучни ќе бидат изборите по мене. Лично, Росељ и Зубизарета не ми се кадарни да седат на столчињата на една институција како Барса. Се надевам ќе добиеме ново раководство, раководство доволно способно да води гигант како Барселона.

Енигма ми е само Тито, сеуште неможам да оформам мислење за него. А утакмицава не ми е доволен репер за да го критикувам или да покажам со прст кон него како еден од главните виновници за поразов вечерва, иако е јасно дека и тој треба да сноси вина, затоа што мораше да направи навремени измени после вториот гол, се со цел да измени нешто на теренот.

Мада, со оглед на неговата болест, можеби за "сите" ( за него и клубот ) ќе биде најдобро да се повлече на крајот од сезоната.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Денеска победи еден фудбал наспроти друг фудбал,но на мое големо задоволство победи фудбалот...

Барса беше бенчмаркот последните 6 години....Ова за мене е посебна победа!

Се гледаме на Ноу Камп!
 
Член од
20 јули 2011
Мислења
576
Поени од реакции
203
Ова боли стварно еј, незнам како да реагирам.
Кога се изборите? неможам да го поднесам Росељ.
 

Блаугранец!

mes que un club!
Член од
28 август 2009
Мислења
785
Поени од реакции
176
Тоа е тоа. Наместо да се свесне управата да земе некој добар одбранбен играч се фрљаа милиони за средина, што пак са принудени да играа како одбранбени. Заслужена им е на Баерн, веруем дека они ќе бида шампиони годинава.
 
Член од
9 март 2009
Мислења
999
Поени од реакции
392
Како прво нека им е честито победата на Баерн и пласманот во финалето,иако има да се игра уште еден меч,патникот во финалето е веќе познат,иако ми е тешко а верувам и на вас исто да признаеме,сепак сите знаеме дека после овој меч тешко да се вратиме и против оваа екипа на Баерн.. оваа победа на Баерн е повеќе и од заслужена бидејќи целосно не надиграа,а јас мислам дека можеме да бидеме среќни што не примивме уште некој гол,секако тука нема да ги спомнам грешките на судиите,кој им призна гол од очигледен офсајд,а при третиот гол не досуди фаул над Алба,но од друга страна не досуди чист пенал за Баерн и затоа нема што да коментираме за судиите,зашто тие се најмалку криви за ова што ни се случи денес... главниот виновник може да го бараме кај Тито,кој влезе со многу лоша тактика во мечот,а тимот кој ќе настапи се знаеше уште вчера, втора грешка што не го уфрли во игра Виља и Фабрегас(Тиаго) при 2:0 и да смени нешто во играта, а тој го става Виља во игра во 85 минута при резултат 4:0..
Наредната сезона ако сакаме да земеме некоја титула ќе мора да се сменат многу работи во тимот.. почнувајќи од Росељ и Зубизарета, и на лето мора да се донесе голман,одбранбен играч(Хумелс,Компани) и напаѓач (Агуеро)..
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
podobro od baern,nego od real :)

i fala bogu prosecniot valdes ke si zamine,koj i da dojde veruvam deka ke bide podobar od nego
 

Kajgana Shop

На врв Bottom