Фан Клуб: Барселона

Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
ах нема послатко од гостинско млатење на елкасико.
млатење можеби не е правиот збор, ако се мисли играчки, ама резултатски да.

многу работи можат да се напоменат. на кратко:

меси. просечна игра, имајќи во предвид на какво ниво сме навикнати да го гледаме.
јас сакам баселона да победуава, а меси да учествува во тие победи. тоа и се случи

фабрегас. се гледа тој + од англиската школа. ако он не даде гол со глава (квалитетен гол, не да те погоди топката по тимбата) иако имаше потешкотии да се пронајде во играта прав џокер.

иниеста. просечно накај слабо прво, маестрално второ полувреме. некои работи во фудбалот само иниеста и зидан можат да ги направат. каква само елеганција во движење.

малку чудно но тука ќе го вметнам и бенезма. освен касиљас како досега единсвен кој го има моето почитување, бенезма е вториот. класа играч, физички супериорен, џентлмен. никогаш не глуми, едноставно како да не припаѓа во таа група на индијанци и шминкери. респект за бензма

на крај, генијалноста на дело - пеп.
не е само дека играчите со кои располага се мултиталентирани и способни за повеќе позиции на теренот, туку треба тоа и да знаеш да го спроведеш на терен и секако да донесе резултат.
иниеста лево десно средина, санчес, десно лево средина, меси напред назад, фабрегас ол-раунд, пујол центар десно, алвес (клучот, по кој знае кој пат) десен бек, десно крило, бускетс дмф централен. менување на тактика не со измени, него во зависност од темпото, резултатот и настаните на теренотё почнувајќи од 10та минута.. она што пеп го спроведе денес 90 минути може да биде предмет на аназила која долго би траела. кога ќе се земе во предвид дека сето тоа е веќе замислено во неговата глава и обработено на тренинг, се доаѓа до лесен заклучок зошто барселона доминира!
 

Ficc

Black & White
Член од
18 септември 2008
Мислења
609
Поени од реакции
263
И јас би сакал да го пофалам Бензема, човекот навистина не припаѓа таму.
 

Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363
OOOOOOOOOOOLLLLLLLLLLLLLLLLLLLLEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEE
OOOOOOOOOOOLLLLLLLLLLLLLLLLLLLLEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEE
BARCAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA !!!!
јајцата цитрон ми ги направија овие задридисти и хејтери пред петардикото, реал ќе тепал :pos:


--- надополнето: Dec 11, 2011 12:52 AM ---
мое мислење:

Одбрана: Алвеш - Пујол - Пиќе - Абидал
Средина: Чави - Бускец - Иниеста
Напад: Педро - Меси - Алексис

Одбрана: со Пујол мора да се стартува, тимот е најмногу мотивиран кога игра капитенот, можеби Маске е во подобра форма, али Пујол од друга страна ни треба за воздушни дуели
Средина: овој триаголник според мене е најубиствен против реал. многу течност има во средината со овие тројца
Напад: мислам дека Алексис мора да стартува бидејќи се наоѓа во страшна форма, али од друга страна сеуште нема искуство за со натпревар против реал. Педро би го ставил бидејќи секогаш кога игра против реал им ја ремете нивната одбрана, можеби не е во најдобра форма али мислам дека доколку стартува ќе изигра 100%
ех тој Џони бе :) слушајте го кога ви викам и се ќе биде у ред
само Педро сум го промашил
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Честито победа момци,сосема заслужено вечерва,докажавте дека го играте моментално најубавиот фудбал во свет ;).

Али се знае со кој ви е најтешко,и кој неможе Барса да го тепа,хехехехее :D
 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
Highlights од натпреварот


Реакцијата на Пујол на 0:13 секунда

Нема што да се каже за натпреварот Барса си остана доследна на својата игра тимска, паметна и без безглави тргнувања кон голот на Реал Мадрид!

Впрочем таквата игра е разликата помеѓу Барселона и Реал Мадрид !

Целиот тим изигра супер !

Сите играчи беа на истото ниво освен ЕЛ КАПИТАНО кој за мене е MAN OF THE MATCH

За голот на Бензема бев сеуште во автобус бидејќи бев да ја земам маичката.

Браво за дечките преполн беше кафичот и жал ми беше што не можев да останам. На следниот собир ќе бидам присутен 100%
(Ме напнаа Мадристите од кај мене да ја гледаме заедно зш БЕА СИГУРНИ ВО ПОБЕДАТА 5 на 5 души бевме и си го изедоа поштено сега очи нема да им видам цела недела )

Сликава ја украдов од оранизаторот на собиранката
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Visca el Barsa y Visca Messi !!!Честитки каталонци
Повеќе ќе пишам утре не можам сега у ПМ :)
 
G

grande-juve

Гостин
Значи сите формации што Пеп ги играше и пробуваше до сега во првенството, ги употреби денеска, посебно ни тргна кога игравме со тројца назад. Инаку што да се каже, пациент си е пациент, следен преглед некаде на пролет, мислеа дека со пресингот ќе не победат, повикувајќи се на натпреварите од супер купот, ама изгледа заборавија дека тогаш Барса не беше ни на 50 осто од можностите, а реал беа и тоа како спремни. Денес изиграа пресинг што изиграа, ама во второ полувреме владееше Барса, и да, сепак реал беа ослабени со играњето на Роналдо, може затоа Валдес им подари еден гол, да биде малку поинтересно
 
Член од
31 јули 2011
Мислења
936
Поени од реакции
741
Педерчиња,честито победа.....:) Настрана од препукувањата за Ел Класико,неам нбишто против вас.Едноставно ви завидувам што сте свесни и зрели личности за време на доминацијава на БАрса,за разлика од доминацијата на Реал кога навивав јас,кога единствено знаев дека сме победиле.Како ,што,се ми беше рамно.А сеа,е сеа трпи брале.....Спортски поздраф :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom