Не ги сакав Шахтар, сигурно нема да е лесно, ама можеме и самите да си ја олесниме работата(не ние де, играчите
). Само треба да сме присебни, средината да ни функционира како и секогаш, НАПАДОТ ДА РЕАЛИЗИРА, и одбраната без Абидал
() верувам дека нема да има сериозни проблеми.
Ги немам гледано Шахтар сезонава, не знам каква игра имаат, ама во првиот меч со солидна реализација, не сум скромен, па посакувам едно 3-0 од Кампот, што реално е доста веродостојно и многу можно. После во Украина, сконцентрирани, мирни, без притисок.
Во полуфинале никако нема да е лесно, и двата можни противници се опасни. Ама, за тоа друг пат, прво да ги поминеме Шахтар, па ќе правиме што-како.
Сега фокусот на Ла Лига. Со срцата за Абидал, во саботата победа од 3 гола разлика и задржување(или па и зголемување) на водството на табелата.
VISCA BARCA, AMINS ABI!