Фан Клуб: Барселона

Член од
11 октомври 2017
Мислења
414
Поени од реакции
153
Да расчистиме некои работи:Уште месеци месеци наназад се чекаше Меси да потпиши договор два месеци се тегнеа да се потпиши тој ФАМОЗЕН Договор и одеднаш 5 до 12 пред потпис на крајот последен момент законските регулативи не дозволуваат потпис?Друга работа Лапорта кога дошол на власт што по мое изборите ги доби поради фатот дека ке остани Меси беше запознаен со ситуацијата и не е толку малоумен да дозволи најдобриот играч иконата на клубот да си замини во последнен момент све договорено поради некои законски регулативи? И капак на сето тоа за нецели 48 часа правиш трансфер во Псж? Како го договорија На Wiber :D По кратко време излезе на површина дека сето тоа беше изглумено и добро смислено сценарио,и онаа ПРес конференција на Лапорта мртов ладен,и подмолното смеење на Куман.Јас сум убеден и сигурен дека од клубот знаеа дека Меси ќе си оди уште од многу порано само бараа начин како а и да не се лажеме сите потајно се надевавме дека ќе си оди после онај биро факс лани само сето ова се ИСЦЕНИРА НА МНОГУ ДОБАР НАЧИН.. Добро знаеме дека секој голем трансфер бара добро изработена стратегија, напорна работа и пред се време.Само што ете сакаа да ја префрлат топката на Тебас и супер лигата.Многу фактори се во прашање,ама јас мислам дека Спортскиот проект пресуди....Меси брка рекорди а и знае дека со Барса нема да може да освои.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Сега треба секој да преземе одговорност, не е Меси тука па да му додаваат само него и чекај што ќе направи. Гризман ќе има поголем простор и слобода, му се отвори конечно позицијата која му одговара, па да видиме дали ќе искористи. Најголем прашалник е Ансу Фати, дали ќе се врати како пред повредата, тука лежи мислам најголемата надеж меѓу навивачите.

Не знам што да очекувам од тимов, може да биде пропаст на ниво на Билбао, а може и да се бори за титула, со оглед на тоа што кој од кој е поотепан во лигава, многу работи зависат и од тоа како Куман ќе го воигра тимот сега после Меси.
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.037
Лео... Нема зборови со кои можеме да му се заблагодариме. Каква штета, штетите од 10 годишната криминална управа се неизбежни.
Идиотот Тебас ги уцени клубовите со 50 годишна "хипотека". Никој нормален неможе да го прифати тој договор, освен Бартокопукот, кој денес со писмо на 10 страни без срам се отргна од штетата која ја направи во клубот и одозгора го обвинува Лапорта. Во писмото пишува дека тој без двоумење ќе го прифатил ЦЦВ договорот :гомце: скапано да не види бел ден. Мораме да бидеме здружени во овие времиња, и посилни од било кога. Јас верувам во Лапорта, но задачата за враќање на клубот е многу тешка после таква штета што е направена. Потребно е време и среќа. Visca Barca
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.964
Поени од реакции
35.576
Нема пари бе луѓе, клубот моментално функционира со мини кредитчиња од локалните банки во Шпанија.

10 милиони од таму, 15 од друго место, чисто колку да имаат да истуркаат сезоната. И Депај и Агуеро дојдоа само заради тоа што не плативме ништо за нив, да требаше пари немаше да бидат сега во Барса. За Меси да го платиш годишно ти требаат 70 милиони евра, толку му беше бруто платата. Good luck with that.

За сите тие ствари може да им заблагодариме на сектата расипничка шо владееше во изминатите години. Лапорта со 3-4 месеци на чело на клубот е најмалце крив за ова.

На играчки план сеа би било идеално Фати да не осеќа никакви последици од повредата, само за тоа се молам. Депај имаше супер подготовки, ќе видиме како ќе биде во регуларниот дел од сезоната. Гризман еве му шанса сеа, природна позиција и простор за докажување. Од Агуеро немам некои очекувања, од клупа ќе влева и тоа е. Еве го пак повреден до ноември, за 4 милиони евра годишно толку е. Педри Господ да го поживее, иднината на клубот во него и Фати ја гледам, само да бидат добро на здравствен план.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Убав гест од Пике. Прифатил големо намалување на платата за да се регистрираат Депај, Гарсија и Менај. Се надевам Бускец, Роберто и Алба ќе постапат исто. Кога веќе не можеме да ги расчистиме платениците барем Каталонците да покажат разум.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
3.843
Можеме само да јадеме гомна за Пиќе, ама човекот си го сака многу клубот. Секад е реален, без влакна на јазикот.
Најголемиот мотиватор во клубот, без разлика што имал слаби партии, битно секад давал 100% и секад сакал да победи. За разлика од него некои други ако не им е по кејф само гледаа да заврши утакмицата... и кур ги боли.

Околу сезонава, не треба да бидеме песимисти, можеби не сме тоа тоа без Меси, ама барем во ЛаЛига можеме да бидеме конкурентни.
Очекувам многу од Гризман сезонава, пред се ради слободата на теренот и притисокот од кој се ослободи откако си отиде Меси.. ма да и лани во втората полусезпна искина и на крај имаше 30+ голови и асистенции.

Да не заборавиме дека Лапорта за разлика од гомното Бартомеу, многу гледа на Ла Масиа и на донесување талентирани млади фудбалери...
Транзиција е ова што требаше да почне пред 2-3 сезони, али еве сега му дојде редот.

Да не забораиме дека имаме одлични млади фудбалери од кои очекувам многу, пред се Педри, Де Јонг и Фати.
Тука се и Дест, Араухо, Гарсија..
Ако на тоа ги додадеме веќе искусните Гризман, Депај, Тер Штеген, Дембеле... очекувам со добра политика и малку вложувања барем оваа и наредните 2 сезони да бидеме конкурентни во Лигата и купот, а не да паднеме на нивото на Милан и Манчестер од пред некое време.

Ако Реал не го донесе Мбапе, мислам дека Атлетико е пак фаворит за освојување, ама и они не се нешто посебно, да двојат ептен.

Visca El Barca!
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.762
Поени од реакции
13.410
Да не забораиме дека имаме одлични млади фудбалери од кои очекувам многу, пред се Педри, Де Јонг и Фати.
Тука се и Дест, Араухо, Гарсија..
Ако на тоа ги додадеме веќе искусните Гризман, Депај, Тер Штеген, Дембеле...
На страна финансиите, но Барса има добра основа за градење на тим. Ги гледав против Јуве, ми се допадна и фудбалот што го играат. Добро тоа е безвезен пријателски натпревар, но мислам дека и кажува нешто.

За Депај мислев дека немаше потреба да го доведат и дека им треба друг профил, но сега може и добро да дојде. Гризман е топ фудбалер, неверојатно колку е потценет откако е во Барса. И за разлика од младите таленти на Реал, Барса навистина има таленти кои може да бидат светска класа.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.655
Поени од реакции
4.142
Пике треба да потпише нов договор до 2025, до 38години ќе игра во Барса :D
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.964
Поени од реакции
35.576
Слична сезона ќе биде како лани, и трите клуба ќе се падни стани. Ако им освоиме титула со Депај, чолка у менопауза ќе иде. :pos:

Во ЛШ успешна сезона ќе биде само против ПСЖ да не се паднеме па Меси да треба да им суди. Друго шо и да се деси ќе преживееме.
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
414
Поени од реакции
153
Слична сезона ќе биде како лани, и трите клуба ќе се падни стани. Ако им освоиме титула со Депај, чолка у менопауза ќе иде. :pos:

Во ЛШ успешна сезона ќе биде само против ПСЖ да не се паднеме па Меси да треба да им суди. Друго шо и да се деси ќе преживееме.
Сигурен си дека освен Псж све ќе преживееме друго Лш?
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.964
Поени од реакции
35.576
Сигурен си дека освен Псж све ќе преживееме друго Лш?
Не си ме разбрал. Сакав да кажам само Меси да не не исфрли, се друго ќе преголтнеме каков и пораз да е макар испаднеле и у групи.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
3.843
Од нигде никаде, без ни една пријателска го става Гарсија пред Араухо. Си игра курот и Куман.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.964
Поени од реакции
35.576
Огнено крштевање нема заебанција.:cool: Гарсија одигра солидно ЕП, особено 1/2 финалето против Италија. Најверојатно од тука одлуката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom