Фан Клуб: Барселона

Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Денес Лапорта потврди дека се бара нов тренер, ама ако не се најде ќе остане Куман. Меѓу редови може да се прочита дека се чека на врвен тренер, односно мислам на Пеп, ако победи утре во финалето. Мада таквата опција е речиси невозможна, Фабрицио пиша дека и да освои Пеп со Сити пак ќе остане таму. За Чави не верувам да се одлучи Лапорта, барем од она што го изјавува кога ќе го прашаат за него.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Можеби не е многу популарно мислење ама ќе испадне дека најдобро е Куман да остане уште една сезона. За Чави е премногу рано, може да си ја уништи тренерската кариера уште на стартот. Пеп реално е скоро невозможно да дојде сега. А во моментов не ми текнува на некој друг поквалитетен слободен тренер, се би било ризик.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.037
Поени од реакции
3.805
5 договорени играчи. Не е така лошо. Според мене ќе треба само еден штопер левак и тоа е тоа, ако ги согледуваме сите страни, посебно финансиската, не се можни поголеми засилувања.
Моја желба е Пау Торес од Виљареал. Мислам дека за 40-50 мил. може да се земе. После тоа цело лето ќе мора да се работи на продавање на отпадокот... има едно добри 10тина играчи.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Агуеро уште вечерва пристигнува во Барселона и утре потпишува. Промоција на Кампот сепак во јули после Копа Америка.

Убаво би било да му овозможиме да ја заврши кариерата со освоена ЛШ, како што беше со Анри. :)
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
411
Поени од реакции
153
Клубот иако уште не е Официјално смета дека покрај Гарсиа ќе треба уште еден штопер нормално излегоа имиња како Де лихт Пау торес АМА мое мислење е дека ни едниот ни другиот НЕдоаѓа.Де лихт е НЕвозможен а Пау торес има премногу понуди премногу борба ќе има за негов потпис а Барса не е во состојба да се такмичи со некого така да ако се оди по уште еден стопер можно е да тргнат по Лисандро Мартинез од Ајакс.Доаѓа Вајналдум а ништо чудно и Депај се поставува прашањето: Што со Дембеле и Гризман па и со Брајтвајт кој одбива да си оди?
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Агуеро, Вајналдум, Гарсија, Емерсон, веројатно и Депај, плус Ансу Фати и се надеваме уште на некое ново име, искусен штопер на пример. Можно е и Донарума да го земеме, пошо Штеген има често проблеми со коленото. Очекувам тимот да е за класа појак од годинешниов и дека ќе ја изгазат лигава барем. За во ЛШ не знам, многу фактори влијаат таму, ама несомнено ќе сме поконкурентни.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.037
Поени од реакции
3.805
И Емерсон официално, за 9 милиони.

Е сеа не знам дали со пари е платено или Миранда им е остаен како компензација.

Вчера имаше информација дека не напуштил без да му се продолжи договорот иако клубот имал таква можност.

Нека се официализираат Вајналдум и Депај, па после Европско да почнеме и со распродаба.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.861
Поени од реакции
34.903
Дај бре нека го земат Донарума, голманиште на почетокот на кариерата. Без клуб остана ништо нема да ги чини, освен некој милион во џебот на Раиола.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Дај бре нека го земат Донарума, голманиште на почетокот на кариерата. Без клуб остана ништо нема да ги чини, освен некој милион во џебот на Раиола.
Нема да прифати Донарума да дојде за да ротира со Тер Штеген. Би дошол само ако е стандарден првотимец. А тоа секако нема да се случи, а Штеген нема потреба да биде продаден.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.861
Поени од реакции
34.903
Нема да прифати Донарума да дојде за да ротира со Тер Штеген. Би дошол само ако е стандарден првотимец. А тоа секако нема да се случи, а Штеген нема потреба да биде продаден.
Ова нема да се случи зошто искрено позиција голман ни е најмал проблем за сега, али ако ме питаш мене јас би го менувал Штеген за Донарума. Штеген веќе 30та ја гази а овој е 22 години и 2 метра, и има невидени рефлекси за толку млад голман.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom