Фан Клуб: Барселона

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Не туку да игра средина,да му се пушти слобода да ја изнесува топката,да дели асистенции.
Вака на средина на терен со Ракитич,Бускетс и Артур мора Меси да се врати до шеснаесетник да изнесе топка.
Плус овие тројца офанзивно се 0,немаат ни шут ни дриблинг ни брзина апсолутно ништо.

Со Кутињо во среден ред далеку по брза ќе биде играта,ако тој е на 30 метри од гол има опасност за противникот,мора да излезе човек на него,со тројкава што играа комотно можат да се забијат у шеснаесетник противниците овие немаат никаков шут,тогаш настануваат најголемите проблеми,Меси мора сам да направи се.
Јас се согласувам дека Кутињо треба да игра во средниот ред, па и за тоа го купија да игра место Иниеста, но Кутињо имаше ужасна сезона и без разлика на позицијата он изгледаше како аматер и плус неговиот пичкарски менталитет значи КАТАСТРОФА.

Ако доаѓа Гризман, секако дека некој ќе треба да се продаде, Кутињо или Дембеле. Ако мислат да го играат во среден ред тогаш освен Ракитиќ ќе треба уште еден од средниот ред да си отиде.
Кутињо е играч кој е во минус кога треба да се игра одбрана и пресинг кон противникот.
Во новата сезона не се надевајте на среден ред без Бускетс, значи ако Де Јонг и Артур мора да играат тогаш каде ќе игра Кутињо?
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.564
Поени од реакции
13.893
И кое е решението? Кутињо да ни биде главна алка на сметка на Меси ли?
Како што пиша @shweps да игра средина, со слободна рола по теренот, а не ограничен лево или десно. Мртва е Барса со моменталниов среден ред, Де Јонг е заден везен, Бускетс е заден везен, Ракитиќ е небитно сметало. Мора да се жртвува малце одбраната за да добие нападот. Уствари ни Чави ни Иниеста не беа ништо посебно во одбрана, па тоа воопшто не ни сметаше.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.108
Поени од реакции
20.945
Ај пишете ваша желба состав со моменталните играчи (плус Гризман), да видиме на што сме. Малку Football Manager :D


МАтШ
Семедо - Пиќе - Ленгле - Алба
Де Јонг - Артур
Дембеле - Меси - Кутињо
Гризман
Најголемата дилема ми е на левата стоперска позиција, Ленгле или Умтити.
Знам дека најмногу замерки ќе има за Кутињо што е на лево крило, но Меси е најдобар на позиција 10ка и додека е Меси жив и здрав, Кутињо тешко дека ќе игра таму.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.564
Поени од реакции
13.893

Дембеле - Гризман - Меси

Кутињо

Артур - Де Јонг

Алба - Умтити - Пике - Семедо

Тер Штеген​

Иначе Чави и Валдес добиле лиценци за тренери. Валдес мислам ќе е добар за помошник, љуто типче, ќе урла по сите, ќе шамара, а Чави е мозокот за тактика. Добро дуо би биле :D
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
Дембеле - Гризман - Меси

Кутињо- Де Јонг-Артур

Алба - Де Лигт- Пиќе - Семедо

МАТС


Јас очекувам и Де Лигт дека ќе потпише,во случај да не се деси тоа Ленгле место него.
Само џабе ги правиме овие состави со Валверде на клупа...Де Јонг има да скапе на клупа се кладам,или евентуално ако игра место Артур.
Бускетс не верувам дека би седнал на клупа,Ракитиќ па ич(стварно незнам зошто овој уште е кај нас,па уште прва постава забетониран).
Пред некој ден прочитав дека Валверде имал состанок 3 часа со управата,наводно збореле за играчи кој да дојде,кој да си оди,ликов немал никакви желби оставил да одлучи управата кој сакаат да продаваат кој сакаат да носат.
Во превод ни сам незнае што ќе прави.:pos:

Инаку за тренер јас мислам дека Пиќе ќе биде одличен,типувам дека еден ден ќе биде меѓу најдобрите тренери во светот.
Незнам зашто така ми изгледа,доста е близок со многу фудбалери,позитивен лик,верувам дека и тактички е доста добар,стално збори со Валверде(овој има изјавено дека знае доста).
Ќе видиме во секој случај ако не тренер би бил некој спортски директор добар 100%.:)
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Добро бе не ви здосади нон стоп Валверде, Валверде, Валверде...

Добро знаеме дека игра на сигурно т.е пичкарски, но дознавме дека играчите исто го подржуваат, освен тоа е и кукла на управата што ним им одговара.
А досадни се и овие муабети како пример новите играчи ќе скапеле на клупа со Валверде! Чекајте бе да почне сезоната па ќе видиме.

Мора да има некое заминување на некој првотимец во зависност од играчите што ќе дојдат. Со најмногу шанси за продавање мислам се Ракитиќ, Умтити и Кутињо или Дембеле.
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
412
Поени од реакции
153
Фала богу дека со се поизвесниот трансфер на Гризман (Ако не излезе некој циркуз во последен момент) дека од Вермален,Муриљо,Боатенг,Гомеш неможи да се израмнат сметките,зато најмалце еден првотимец мора да замини,ама како што гледам со се поизвесниот трансфер на Де лихт во Псж,ништо чудно и Умтити да остани и да се борат со Ленглет за место во стартната постава,така да можи Ракитич со доаѓањето на Де јонг,да ја преиспитува иднината,и нормално и Малком може да замини
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.564
Поени од реакции
13.893
Сите што ги спомнувате, Кутињо, Умтити, Ракитиќ, Дембеле, Малком со лично свои изјави си кажаа дека и следната сезона ќе се во Барса. Не знам како ќе убедат некого да замине.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.654
Поени од реакции
4.142
. Не знам како ќе убедат некого да замине.
Знаеш како? Тренерот ќе му каже на Rakitic нема прва постава, замена или ротација. Одма ќе потпише за друг клуб.[DOUBLEPOST=1560630570][/DOUBLEPOST] IMG_20190615_222151.jpg
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.054
Поени од реакции
3.836
Што праите состсви без Сусрез и Бускетс бе, шо ви е.. :D
Од моментална гледна точка ја не би го купувал Де Лихт, парите би ги вложил во напаѓач. Од друга страна таков талент не се испушта...
Ја па ќе кажам, желба ми е повеќе да ги играат децата од ЛаМасиа, а старците да ги продаваме...
Покрај Де Јонг и веќе да речеме сигурниот Гризман, ја сум да се донесе солидна замена за Алба и уште еден напаѓач/крило. И повеќе шанса нормално за децата од Барса Б. Ништо повеќе.
За бек би го земал Фелипе Луиз ако се согласи, а напаѓач/крило Ричарлисон. Типчето многу ми се свиѓа. Млад е, курпулентен, добср шут, може да игра на сите позиции напред.. плус со Евертон имаме добра соработка може да се договориме лесно..

Голмани: Тер Штенген, Инаки Пења
Десен бек: Семедо, Вагуе
Лев бек: Алба, Ф. Луиз
Штопери: Пиќе, Ленгле, Умтити, Тодибо
Везњаци: Бускетс, С.Роберто, Де Јонг, Алења, Артур, Видал, Кутињо, Пуиг
Напаѓачи: Меси, Дембеле, Гризман, Ричарлисон, Малком

Аут: Силенсен, Муриљо, Рафиња, Денис, Гомез, Ракитич, Вермален, Боатенг, Суарез...
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.383
Поени од реакции
7.305
[SPORT] | Arthur clears up comments about Barcelona and Brazil.
Arthur: "Brazil and Barcelona have two different styles at the moment, they are two different teams with different tactics.”
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.564
Поени од реакции
13.893
[SPORT] | Arthur clears up comments about Barcelona and Brazil.
Arthur: "Brazil and Barcelona have two different styles at the moment, they are two different teams with different tactics.”
Некни исто имаше изјава дека во Барса нема слобода во играта, кога би се прашувале Бразилциве во тимов, валверде веќе ќе беше тренер на Тенерифе :)
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.654
Поени од реакции
4.142
Прво полувреме Suarez гол и асистенција. Класата е вечна :D
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Издоминираа и Кутињо и Суарез само Меси никако да пркне со Де Паул и Гвидо Родригез покрај него... :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom