Фан Клуб: Барселона

Член од
11 октомври 2017
Мислења
427
Поени од реакции
155
Беше Пре Пре Преголем ризик да се игра со Роберто како бек,знаејќи дека Мане тешко може да се додржи,имаш еден од најбрзите играчи-наспроти бек кој знаеме сите дека е доста лош во дефанзива,и не е цврст.Друга работа беше преголем ризик да се излезе без плејмејќер се бараше тој пас меѓу линии,поготово како што беше високо поставен Ливерпул.Во второто полувреме Ливерпул напна повеќе а Барса се повлече,(По некоја логика) да игра на контри,си го поставувам прашањето кој ке повлечи контра кога Суарез не е брз играч,Меси беше доста чуван,Видал повеќе дефанзива,а фалеше брзо крило.Потегот на натпреавот по мое беше Валверде што го постави Видал горе-лево,да врши пресинг,а и воедно да пресече некоја топка,во замена за Лошиот Кутињо,Семедо влезе Роберто средина и Барса беше поопасна,иако рака на срце и Тер Штеген одбрани неколку доста незгодни шутеви,а што се однесува до реваншот мислам дека ја научија лекцијата од лани,ако излезат пичкарски да се бранат одпаѓаме,дека 4-ри гола не се малку,ама не се ни многу,земајќи во предвид сите камбекови што се направија лани,а и Ливерпул доста машки се бореше вечерва
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Мислам дека од вечерва Валверде знае со кој состав и формација ќе излезе на Енфилд, а тоа ќе биде 4-4-2 со Роберто и Видал на страничните позиции на средниот ред.

Не треба цела игра од почеток да им се препушта, во никој случај не смеат рано да примаат гол.
Ако дадеме први гол во тој момент натпреварот ќе стане само ревијален до крај на 90-те минути.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.589
Каква фантастична вечер испадна ова. Кога водевме само 1-0 а Ливерпул напаѓаше мислам дека во тој момент ќе прифатев да заврши и така, само да не примиме гол. Ни на крај памет не мислев дека ќе тепаме 3-0. Мислам дека е доволно за финале. Што и да биде на Енфилд даваме барем еден гол. Ова мора да биде наша година во ЛШ. ;)
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.183
Поени од реакции
1.059
Хаха а бе смешки еден куп, ај кладете се дека со Ливерпул многу полесно ќе поминеме ако ги минеме Манчестер :vozbud: Кој има му“да да видеме :)
ДОБРА НОЌ !
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.667
Поени од реакции
4.153
Има ли шанси Валверде да го викне Kevin-Prince Boateng на клупа за следната утакмица против Liverpool? За да може човекот да освои триплета и да си се врати во Италија:D
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.540
Поени од реакции
4.068
Абе Дембеле, можеше да го направиш ревијален натпреварот во Англија, не смееше да го утнеш тоа. :(
Од кога излезе Кутињо и се префрли Роберто во средината, дојде до поголема сигурност во играта, што вика Тони, се знае формацијата дека ќе биде 4-4-2 сега за реваншот, само прашањето би ми било, дали со Роберто или со Артур, другото се знае. Ваљда нема да се глупира Валверде и да започне со Роберто на бек повторно.
Ливерпул и те како се кадарни против било кој тим да постигнат 3/4 гола на нивен терен, така да, Барса мора како знае и умее да постигне еден гол. Се надевам дека ја научија лекцијата од лани со Рома, зашто Ливерпул можат се да казнат на реваншот.

Сега во лигата со некој втор состав, да одморат убаво овие што играа денес, нека им даде од првата минута шанса на дел од младите, како и на Алења, Боатенг и Муриљо.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.572
Поени од реакции
13.920
4-4-2 ќе биде, а и видовме дека мора така за да добие баланс тимот.
Убеден сум дека нема да се повтори Рома и дека ќе тргнат нашиве да дадат гол овојпат.

Дембеле е кривец зошто двобојот сеуште не е решен, ќе има ептен голема одговорност ако се искомплицираат работите. Не може професионален фудбалер она да го промаши, макар директ од спиење дошол на утакмица.
 
B

Beck's

Гостин
Toa od Dembele kolku pati poveke go gledas tolku poveke ne mozes da sfatis sto toa napravi.
Imase celo vreme na svetot i da ja smiri, pa da go prasa kaj saka da mu sutne.
Mnogu neseriozna reakcija od negova strana
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.020
Поени од реакции
22.927
Не е проблем што промаши, него што шутна толку мизерно како на тренинг да е. Копито глупаво.
Буски изигра перфектна утакмица.
Убделиво најслаб поединец беше вчера. Не знам што перфектно виде кај него.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Бускетс беше лош вчера, двапати мислам направи глупост која можеше да не чини гол. Во организацијата на играта беше добар, но тоа што треба да го направи т.е деструкцијата беше лош.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.199
Поени од реакции
4.060
Мислам дека ако почнува 4-4-2 треба да иде со Семедо на бек и Артур во средина. Артур знае да задржи топка многу добро. Пошо Ракитич мора да игра, а трча само како мува вез глава нека му помага на Семедо десно, лево се знае - ѕверот Видал.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.572
Поени од реакции
13.920
Мислам дека ако почнува 4-4-2 треба да иде со Семедо на бек и Артур во средина. Артур знае да задржи топка многу добро. Пошо Ракитич мора да игра, а трча само како мува вез глава нека му помага на Семедо десно, лево се знае - ѕверот Видал.
Не ни трча како мува без глава, туку се влече како желка, Артур место него треба. Средина Артур-Бускетс-Видал-Роберто јас би играл.

Него и Ленгле имаше проблеми доста со Салах, за среќа тука е машината Алба. Жолт доби многу рано, си реков црвен ќе јаде, но издржа некако.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom