Фан Клуб: Бамбер Бриџ

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Сега кога најдов уште еден фан, осетив дека е соодветно да ја отворам темата за најпросперитетниот клуб на Островот, па и сосе Република Ирска, не само Велика Британија. Дами и Господа... Бамбер Бриџ:


Спротивно на општото мислење, името на клубот не доаѓа од некој мост. Всушност постои едно големо селце, југоисточно од Престон. Местото е наречено "The Brig", а луѓето кои живеат таму се наречени "Briggers". Има популација нешто повеќе од Пробиштип, последните извештаи велат дека таму живееле 12.126 жители. Но да се навратиме на она по што Бамбер Бриџ е најпознат во светски рамки, а тоа е клубот кој учествува во Северна Премиер Лига - Дивизија Прва Север, односно осма лига во Англија, а тоа е секако... Бамбер Бриџ!​
Историјата го носи овој клуб уште од 19 век, но тој е реформиран во 1952ра година како клуб за младинци. Не долго, поточно 40 години им требаше на Англиските стручњаци да сфатат каков потенцијал лежи во овој клуб, за тие да бидат промовирани во деветтата лига, Лигата на Северозападните Населби. Тука тие по трет пат го освоија Ланкастер Бригејд купот и набрзо освоија промоција во сегашната деветта лига, за веднаш да бидат второпласирани и на гол разлика да стигнат до сегашната осма и седма лига, тогашната Северна Премиер Лига (заедничко име за степените на англискиот фудбал кој е многу комплициран). Но поради проблеми со оценување на стадионот, не добија дозвола да играат во Фудбалската Конференција, сегашна шестта и петта лига. За жал во 2001-02 ја изгубија борбата за опстанок и се вратија во осма лига, за следната година повторно да се вратат во седма, а веднаш потоа повторно паднаа во осма лига. Но работите не беа толку црни за хероите од Бамбер Бриџ, кои во епско финале го освоија Претседателскиот Куп од Северната Премиер Лига. Официјалната реконструкција во 2007-08 ги остави Бамбер Бриџ на овој степен од Англискиот фудбал, во лигата под ново име во кое настапуваа и до ден-денеска, а тоа е Северната Премиер Лига - Прва Дивизија Север. Рекордни 1.435 гледачи го гледаа последниот натпревар од таа сезона во која завршија петти, против ФК Јунајтед од Манчестер.​
Интересен факт е што Бамбер Бриџ всушност држи еден светски рекорд. На 9ти април тие примија два гола во првите 47 секунди од мечот од Њукасл Сини Ѕвезди. За да се зацврсти ривалството со ФК Јунајтед од Манчестер, тие изгубија од нив во полу-финалето на плејофот од 2008 година.​

По третото заминување на иконата на клубот, Тони Гринвуд, на жешкото столче седнува Нил Кроу и денеска Бамбер Бриџ се наоѓа на второто место од веќе споменатата Северна Премиер Лига - Прва Дивизија Север.

За оние кои се збунети од системот, еве линк за подобро да го разберат.

Името на стадионот е QED Stadium. Најзначајно е што националниот фудбалски тим на Чешката Република настапуваше против Бамбер Бриџ на овој терен и ги порази со 9-1 пред публика од рекордни 2.300, но неофицијален бидејќи секако тоа беше пријателски натпревар, што би барала Чешка во вакво егзотично натпреварување? Преубаво теренче, навистина се чувствува срцето и душата на фудбалот кога ќе застанете на таа мека трева.

Па тука е крајот на воведот, целта е јасна. Капитенот Мети Кеј чие срце бие во чекор со фановите ја знае. Сезонава императив е промоција во седмата лига, Северна Премиер Лига - Премиер Дивизија. Потоа мора да се стави притисок над играчите и управата за да влеземе во Северната Конференција, што лесно ќе ослободи пат до самата Премиер Конференција. Оттука влегуваме во сериозниот систем, четвртата лига во Англија, односно League Two. Тука ќе има ремонт на тимот, проширување на стадионот и зголемување на скаутинг мрежата, а не се на одмет поставување на навивачки бази во земјите надвор од Европа. Откако ќе освоиме промоција во League One, патот е лесен до Чемпионшип бидејќи не е голема разликата во квалитетот помеѓу нив две, мислам дека сосема реално е да се очекува инстантна промоција во Чемпионшипот. Тука веќе се е јасно. Бамбер Бриџ станува светски познат клуб, веќе постојат оформени бренчови на клубот и во Сомалија која е ослободена и прогласена за олигархиска монархија под власт на Џамал Акбари, кој се стреми да ја направи земјата туристичка атракција. Бамбер Бриџ токму тука ќе ги прават подготовките во следните неколку сезони, со надеж дека еден ден конечно ќе ја зграпчат судбината во свои раце... судбината наречена... Премиер Лига!​
LET'S GO BRIG !!
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Не следам фудбал ич, ама текстов го прочитав од почеток до крај. И заклучив дека и да инвестираш во некој клуб од ХХ лига, повеќе ќе ти вреди одколку да им дадеш пари на ФФМ. :D
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.849
Поени од реакции
10.655
Не им е испланиран стадионот добро, еден шут над гол и отиде прозорот, повеќе пари на скршени прозорци ќе даваат. Дури и ако се со дупли стакла, ќе треба да даваат пари за чистач на прозорци, секако доколку немаат еден во тимот. Јас сум навивач на Оксфорд Јунајтед, а моите моментално се први во четврта лига или League Two, beat that!
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Oд сеа за овие ќе бидам у Англија Северна конференција односно осма лига.
Друже, до Северната конференција има време уште 2 сезони, тоа е шестта лига. Сеа сме Северна Премиер Лига - Прва Дивизија Север, тоа е осмата. А следен чекор е Северна Премиер Лига - Премиер Дивизија :)
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Не им е испланиран стадионот добро, еден шут над гол и отиде прозорот, повеќе пари на скршени прозорци ќе даваат. Дури и ако се со дупли стакла, ќе треба да даваат пари за чистач на прозорци, секако доколку немаат еден во тимот. Јас сум навивач на Оксфорд Јунајтед, а моите моментално се први во четврта лига или League Two, beat that!
Играчите од таа лига се познати по прецизниот шут, топката или оди во голот или на месечината.Нема помеѓу. :D
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
@RickyLFC9 за овие си? :)
Да, али ме мрзеше да праам акаунт RickyBamberBridge9, башка може да ме банираат :P

Прифатив веќе дека сум глорихантер, за два клубови од Англија навивам, појако е од мене (n)
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Да, али ме мрзеше да праам акаунт RickyBamberBridge9, башка може да ме банираат :P

Прифатив веќе дека сум глорихантер, за два клубови од Англија навивам, појако е од мене (n)

Абе...а зошто не го смениш аватарот и не им дадеш поддршка на овие малку?
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Па таман го накитив Џерард, сега ли да го мењам :ROFLMAO:

Ајде ајде, дај подршка. Вака ако не го смениш аватарот нема да ти верувам дека навиваш за Бамбер Бриџ и ќе треба да ја избришам темава зошто нема нивни подржувачи на форумов и ќе мислам дека е отворена само за сеир отворена од навивачите на Варингтон Таун со кои што водат борба за пласман во повисока конференција.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom