Фан Клуб: Арсенал

Член од
27 декември 2020
Мислења
550
Поени од реакции
1.016
Арон like Aaron Ramsey?
Има тоа одамна, и тој самиот изјавуваше нешто во смисол „ако ме сакаат назад би се вратил“ :) Не знам колку би имале корист од него сега.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.535
Поени од реакции
5.767
Поарен Грилиш. Ама пола тим ќе треба да продадеме за него :)
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.029
Поени од реакции
6.691
Рубен Невес а? Мислење? Имаше еден на твитер пишано Џака без грешките и темпераментот :D
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.859
Поени од реакции
7.082
Добар играч, надоградување на Џака, мислам дека би бил подобар избор од Бисума кој е дефанзивно настроен, деструктивец, веќе имаме таков играч во Парти, ќе фали прогресивен пасер, сакам реинкарнација на Санти во тандем со Томас, ама малку потешко :D

Само што немаме скршен денар, ако сакаме нови играчи ќе треба да генерира клубот преку продажба, така ми се чине работата...
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
550
Поени од реакции
1.016
Околу „загубата“ со Буендиа, 40М за играч од Чемпионшип мене ми изгледа претерано. Вилок кој пола сезона го носеше Касл на грб и ја познава лигата подобро е проценет на некои 30М, овој ако не се лажам играше пред две години во ПЛ не беше ништо посебно. Не го следев последнава сезона ама не верувам дека е game-changer каков што нам ни треба.

Јас би сакал да се задржи Одегард и да му се даде вистинска улога во тимот наместо да се пополнуваат дупки. Сака, Одегард, Мартинели, ЕСР и Пепе се агилни играчи кои се спремни да издржат брзи транзиции низ цела утакмица и мислам дека ќе бидат веќе добро уиграни ако се задржат. Вилок би го задржал за ротација (ако му тргне зошто да не и првотимец), плус е домашен млад играч и подобро да го имаш вака разигран отколку да го шитнат за 30М што сметам дека е малку за него.
Она што ќе ни фали се деструктивец (Кокелан кога се врати од позајмица тип на играч), Парти би требало да е тоа и се надевам дека ќе биде, и Санти тип на играч што ќе знае да пренесе топка. Човек да добие преплет црева гледајќи ги како се мачат да почнат акција од наш шеснаесетник откако го нема Санти.

Озил во најдобри денови, кога креираше по катаљарда шанси по утакмица тип на играч не верувам дека ќе добиеме во скора иднина и ќе мора Артета да поработи на пас игра и на движење без топка.

За Рубен Невеш, Грилиш и слични сум скептик дека ќе процветаат кај нас.

(Кронке не ме читај, не е ова за тебе)
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Ако се ценкаат како што било за Буендиа, нема никого да донесат.
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
550
Поени од реакции
1.016
Ама затоа Вилок ќе процвета кај нас.
Тоа што го покажа со Касл не е гаранција дека ќе процвета кај нас ама сигурно е доволно за да му се даде шанса како измена. Додека беше кај нас не се покажа иако имаше шанса, ама можеби оваа позајмица го измести од комфор-зоната :) Јас би му дал шанса до јануари, ако не стигне подобра понуда од 30М за него.

Џек Грилиш би дошол во Арсенал само ако не му понуди шанса тим што игра ЛШ па дури и за помала плата отколку во Арсенал. Неколку месеци наназад е поврзуван со Сити, претпоставувам дека таму ќе оди.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.029
Поени од реакции
6.691
Ако се ценкаат како што било за Буендиа, нема никого да донесат.
Не знам инфо дека се ценкале, понудиле 30 милиони овие повеќе барале и Арсенал се повлекле. Ако не го ценат за повеќе од 30 милиона тоа е океј. Остај ја што се заебавав пред некоја недела да даваме играчи за него, и ја не сум баш сигурено дали вреди повеќе од 30 милиона ( иако стварно сакав да го земеме ).
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Не знам инфо дека се ценкале, понудиле 30 милиони овие повеќе барале и Арсенал се повлекле. Ако не го ценат за повеќе од 30 милиона тоа е океј. Остај ја што се заебавав пред некоја недела да даваме играчи за него, и ја не сум баш сигурено дали вреди повеќе од 30 милиона ( иако стварно сакав да го земеме ).
Јас разбрав дека имало две понуди. После првата одбиена понуда која ја испратил Арсенал, од Астон Вила побарале 33 милиони. Втората понуда на Арсенал била 30 милиони. Инаку чудно ми е што прифатиле 33 милиони плус бонуси. Очекував да бараат околу 35 милиони плус бонуси.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Некои шпекулации кои би било доста добро ако се остварат:

Arsenal have rejected a €15m + add ons bid from Roma.
With Personal Terms agreed - A deal is set to be concluded at €20m + add ons.
Arsenal will replace Granit with a £30m signing of Ruben Neves from Wolves.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom