Фан Клуб: Арсенал

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Arsenal updated wages 2020/21
Pierre-Emerick Aubameyang, Thomas Partey (annual salary: £13m/weekly: £250,000)
Willian (£10m/£192,000)
Alexandre Lacazette (£9.4m/£182,000)
Hector Bellerin (£5.7m/£110,000)
David Luiz, Saed Kolasinac, Bernd Leno, Nicolas Pepe, Granit Xhaka (£5.2m/ £100,000)
Sokratis (£4.7m/£92,000)
Gabriel Martinelli (£4.6m/£90,000)
Pablo Mari, Kieran Tierney (£4.2m/£80,000)
Cedric Soares, Dani Ceballos (£2.7m/£51,000)
Calum Chambers, Mohammed Elneny, Gabriel Magalhaes (£2.6m/£50,000)
Eddie Nketiah (£2.3m/£45,000)
Runar Alex Runarsson, William Saliba (£2m/£40,000)
Rob Holding (£1.3m/£25,000)
Joe Willock (£1m/£20,000)
Reiss Nelson (£780,000/£15,000)
Matt Macey, Bukayo Saka (£520,000/£10,000)

Нема шанси Сака да биде на 10К,тукушто оди на ЕП со Англија.

Освен Сака, Џака за Швицарска и Тирни за Шкотска има некој друг од Арсенал кој ќе оди на ЕП? (тоа е уште еден жалостен показател)
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
545
Поени од реакции
1.015
Ако не се лажам и Лено за Германија. Имаше фотки од тренинг со Нојер, претпоставувам дека е на список за ЕП освен ако не е повикан само за овие контролни утакмици пред првенство.
Али да, не ја поправа тоа лошата слика :)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Ова е веројатно најлоша сезона откако пратам ПЛ за Арсенал. И не само пласманот, едно е да бидеш осмо место но со препознатливата арсеналовска атрактивна игра а друго е да си осмо со серија очобол утакмици и без јасно дефинирана игра.
Друго што не ми е јасно, како Артета за две сезони не успеа да изгради стартни 11? Мислам дека само на 2 (две!) утакмици имал бек-ту-бек иста стартна постава. Не беше до повреди, имаше еден период кога буквално сите играчи беа здрави, а тој пак правеше шафл со составот. Ми текнува Лаказет даде неколку гола по ред и за награда го закова на клупа.
Настрана еден куп експерименти со тактичка поставеност и лајн-ап, мастерклас со лажна деветка против Виљареал.

Ајде ние сме фудбалски аматери, фанови, навијачи или само гледачи, ама како е можно стручни лица, газди со огромно бизнис-искуство да не можат да видат дека Артета не го бидува за менаџер на Арсенал?
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Ајде ние сме фудбалски аматери, фанови, навијачи или само гледачи, ама како е можно стручни лица, газди со огромно бизнис-искуство да не можат да видат дека Артета не го бидува за менаџер на Арсенал?

Според мене бркатиот одамна има кренато раце од клубот. Изгледа Артета го гледаат како перспективен менаџер кој на клубот му е исплатлив од финансиски аспект, затоа и го држат уште на оваа позиција. Не верувам дека постои некое друго логично објаснување.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Според мене бркатиот одамна има кренато раце од клубот. Изгледа Артета го гледаат како перспективен менаџер кој на клубот му е исплатлив од финансиски аспект, затоа и го држат уште на оваа позиција. Не верувам дека постои некое друго логично објаснување.
Па и тоа со остуството на евро-настапи наредна година ќе значи помалку пари. Ајде да освоеше ЛЕ па наредна година со играње ЛШ и пари од тв-права, фонд на УЕФА, влезници, реклами па да го остават уште една година, вака пак нема никаква логика.
Освен ако е точно тоа со табелата од декември дека Арсенал бил само зад Сити па ајде има фатено моментум па да го пренесе за 2021/22...
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Па и тоа со остуството на евро-настапи наредна година ќе значи помалку пари. Ајде да освоеше ЛЕ па наредна година со играње ЛШ и пари од тв-права, фонд на УЕФА, влезници, реклами па да го остават уште една година, вака пак нема никаква логика.
Освен ако е точно тоа со табелата од декември дека Арсенал бил само зад Сити па ајде има фатено моментум па да го пренесе за 2021/22...

Не знам искрено. Само знам дека немаат никаква визија и немаат никаква цел. Да видиме баш што ќе се случува овој трансфер период и дали имаат намера да мрднат од мртва точка.
 
Член од
29 септември 2020
Мислења
82
Поени од реакции
82
За Колашинац заинтересирани се Шалке и Лацио. Лаказет мислам дека не е во добри односи со Артета, барем така ми изгледа. Инаку од Бетис имаат одличен бек како слободен играч, да се паметни ќе го ангажираат.


Прегледај го приврзокот 296082
Službeno: Emerson Royal novi je igrač Barcelone! Katalonski div odlučio je aktivirati klauzulu kojom otkupljuje ugovor brazilskog desnog beka te će on 1. srpnja/jula i službeno postati Blaugranin nogometaš.

Dobro došao, Emerson!
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.857
Поени од реакции
7.072
Нема шанси Сака да биде на 10К,тукушто оди на ЕП со Англија.

Освен Сака, Џака за Швицарска и Тирни за Шкотска има некој друг од Арсенал кој ќе оди на ЕП? (тоа е уште еден жалостен показател)
Не го видов Сака таму усвет надоле, хаха, со новиот договор нема шанси да е на 10к, слагам се.
Мартинели на 90к, Холдинг 25к со нов договор, сомнителни бројки, мислев Sportrac е поверодостоен извор ама не делува така според листата.

Иначе според шпекулациите таргетираме помлади играчи, како да има промена на трансфер политика, дали ова значи дека Еду ќе лета наскоро ? хмм
Кронки да се паметни веднаш треба да го ангажират Луис Кампос, и така не се замарат, дај му клучевите и нека гради шампионска екипа хехе..
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
10к не е, ама пак речиси цел тим има поголема плата, еве му го договорот до 2024 што важи. Патем играч со најголема вредност е во Арсенал. Табелата горе веројатно од тука им е инфото.

Bukayo Saka earns £33,000 per week, £1,716,000 per year
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
545
Поени од реакции
1.015
И кога ќе си киднат од клубот Сака, Тирни, Мартинели и ЕСР ќе си вадиме очи тука кој е крив. Сите заедно земаат плата колку Луиз, сигурно не им е сеедно да гледаат како некој си се лади цела сезона додека овие прегореа на терен. Разбирам дека е кој за колку си се договорил, ама го разбирам и куроболието кое владее за кое што сигурно голем фактор има несразмерноста на платите и учинокот на терен.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Арсенал бил пред потпишување некаков допингуван голман од Камерун кој имал забрана не само за настапи него и за тренирање со екипа до февруари наредна година :facepalm: Порано земаа повредени па ги чекаа по пола година да се опорават, сега допингуван голман.
Штета, Арсенал ми е од најомилените клубови во светот, пораснав со Венгербол, до која мера се срозава една светска институција :(
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
И кога ќе си киднат од клубот Сака, Тирни, Мартинели и ЕСР ќе си вадиме очи тука кој е крив. Сите заедно земаат плата колку Луиз, сигурно не им е сеедно да гледаат како некој си се лади цела сезона додека овие прегореа на терен. Разбирам дека е кој за колку си се договорил, ама го разбирам и куроболието кое владее за кое што сигурно голем фактор има несразмерноста на платите и учинокот на терен.
Епа ај размисли проста математика, ако сега на Сака му дадеш на 19 години 100-150к, на 24 за следниот договор колку треба 500к? Тешки глупости се ова, си има хиерархија, не може тинејџери да ти зимаат огромни пари.
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
545
Поени од реакции
1.015
Епа ај размисли проста математика, ако сега на Сака му дадеш на 19 години 100-150к, на 24 за следниот договор колку треба 500к? Тешки глупости се ова, си има хиерархија, не може тинејџери да ти зимаат огромни пари.
Ако си го поти гзот и ора по терен цела сезона зошто да не? Сигурно не мислам на прв договор 150К ама 30К за Сака и 100К за Вилијан кој дојде како отпадок од Челси на 31 година не мислам дека е добро менаџирање со финансии :) Обамејанг, Озил, Луиз... се' се тоа огромни плати како последица од лошо менаџирање кое дополнително го руши моралот во екипата.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Епа ај размисли проста математика, ако сега на Сака му дадеш на 19 години 100-150к, на 24 за следниот договор колку треба 500к? Тешки глупости се ова, си има хиерархија, не може тинејџери да ти зимаат огромни пари.
Не е проблем што Сака има ниска плата, проблем е што стари исцедени играчи имаат толку висока. Се гледа дека Сака е скромен, културен играч кој сака само да напредува и да придонесе што повеќе за Арсенал, односно не е лаком за пари, но самиот однос на клубот со платите прави играчите да стануваат полакоми. Што повисоки се платите толку тие со пониски плати ќе се понезадоволни, а тие што се со повисоки ќе изгубат интерес да се докажуваат и да се замараат, дупла загуба за тимот, а се тоа со преплатувањето првично го прават за да привлечат/задржат играчи, со што се појавува уште едно прашање, дали тој играч треба воопшто да игра за Арсенал ако единствен мотив да биде во клубот му се високите плати кои го привлекле.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.814
Поени од реакции
8.646
Овој Џака каква сезона имаше кај вас, добро е?

А Томас Парти мн ме интересира како изигра, оти беше ѕвер у Атлетико
 

Kajgana Shop

На врв Bottom