Фан Клуб: Арсенал

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.614
Поени од реакции
12.415
Изедов гомна у нервоза, ама стварно така делуваше после пеналот. Па со сите играчи полошо игравме отколку после. Храбро издание, машка борба, многу мерачки бод, не ни мења нас многу во борбата за позиции, ама за играчите ќе значи многу.

Џака ќе го пофалам, колку и да не го сакам, солидно изигра како дефанзивец со оглед на околностите, Пепе имаше некои добри моменти, ама Мартинели, тое дете, злато вреди, таков спринт, таков финиш, многу поскапо платени играчи во тимот никогаш нема тоа да го направат.

Лаказет како издржа 90 минути на терен не знам, толку е вон форма, ништо не му оди од рака, среќа се враќа Обамејанг за нередната лигашка утакмица, Лака може да ја погрее клупата малце.

Белерин и Сака :roker:
3 е за директен црвен, мислам уште една ќе треба да почека.
 
A

Avenger99

Гостин
Машки пристап во второ полувреме, со играч помалце на мостот, бод да извадиш со Мустафи во одбрана и Сака на бек позиција е топ! Сезонава е отидена у курац, нека гледа и анализира Артета кој тоа треба да си оди на лето и што да се донесе.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.829
Поени од реакции
487
Од кога е дојден Артета - Џака и Тореира се најдобри во тимот, Мартинели е чудо од дете (следен Агуеро). После оваа утакмица ќе живне и Арсенал и Пепе, Белерин ќе биде од голема корист за Пепе офанзивно по десната страна.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.029
Поени од реакции
6.691
Машки пристап во второ полувреме, со играч помалце на мостот, бод да извадиш со Мустафи во одбрана и Сака на бек позиција е топ! Сезонава е отидена у курац, нека гледа и анализира Артета кој тоа треба да си оди на лети и што да се донесе.
Реално, Мустафи после киксот беше предобар.
 

Gregory9

Anonymous
Член од
12 јануари 2013
Мислења
231
Поени од реакции
296
@Гард ако не го глеаше второво, продужи само така
Лоша утакмица, ама бод си е бод

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
По што заклучи дека изигравме лоша утакмица? По грешката на Мустафи, по пеналот и црвениот на Луиз? На страна тоа, одамна не сме гледале ваков Арсенал, тим со желба, кој не се откажува до крај. Верувам дека резултатите ќе си дојдат сами по себе.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.614
Поени од реакции
12.415
Мартинели е страшно откритие. Очигледно ќе ја земе најдобар млад во Арсенал, ама комплетно ја заслужува и од лигата.
Последен бразилец кој ме терал да сакам да гледам било која утакмица во која што игра е Роналдињо ( донекаде и Кутињо ), тоа е Мартинели за мене.

Мора тимов да најде начин да се врати во ЛШ, во минимум топ4, во борба за титула, за трофеи, стварно не сакам да го гледам кај што игра во друг тим, али ако не му се дадат овие можности чисто сумњам дека ќе успееме да го задржиме повеќе од 2-3 сезони.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.029
Поени од реакции
6.691
Мартинели е страшно откритие. Очигледно ќе ја земе најдобар млад во Арсенал, ама комплетно ја заслужува и од лигата.
Последен бразилец кој ме терал да сакам да гледам било која утакмица во која што игра е Роналдињо ( донекаде и Кутињо ), тоа е Мартинели за мене.

Мора тимов да најде начин да се врати во ЛШ, во минимум топ4, во борба за титула, за трофеи, стварно не сакам да го гледам кај што игра во друг тим, али ако не му се дадат овие можности чисто сумњам дека ќе успееме да го задржиме повеќе од 2-3 сезони.
Се додека е Еду тука, мислам дека и Мартинели ќе е тука. А Еду слободно може да си направи еден нарјат од кај што го зема Мартинели.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.185
Поени од реакции
14.457
Мене Мартинели страшно ме потсеќа на Луис Суарез во начинот на игра.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
По што заклучи дека изигравме лоша утакмица? По грешката на Мустафи, по пеналот и црвениот на Луиз? На страна тоа, одамна не сме гледале ваков Арсенал, тим со желба, кој не се откажува до крај. Верувам дека резултатите ќе си дојдат сами по себе.
И тоа, ама и зошто прво полувреме игравме колку што ни дозволија челзи. Второто бевме подобри, не го спорам тоа, ама коа ќе земам се на се, за мене е лоша утакмица.
Според мене, единствени одлични на утакмицава беа Тореира, Џака (и покрај некои грешки што ги имаше), Мартинели и Лено.
И ја утакмицава ја гледам како победа (како што пиша некој погоре) зошто во ситуација со играч помалце извлековме бод, ама пак не можам да кажам дека изигравме добра утакмица.

Иначе не ни е ова единствена утакмица со жар, желба, борба итн. Речиси секое второ полувреме Емери на почетокот на сезонава беа такви, ама тоа беше џабе.

Во наредни утакмици сакам да го видам Себаљос на место на Озил, мислам дека баш таков тип на играч ни фали, што знае да направи добар дриблинг.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
A

Avenger99

Гостин
Реално, Мустафи после киксот беше предобар.
Не пишав само за Мустафи, али да, треба да си оди братот. Секоја утакмица киксови, бодови не коштаат, не е материјал за Арсенал, и сигурен сум дека на лето ќе лета.
Автоматски споено мислење:

Сериозно наредната треба да се размислува Џака стопер да игра :D
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.290
Поени од реакции
12.644
Сака и Мартинели беа најдобри, изгинаа на терен.
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom