Клубот влегува у опасна територија ако се замери со фановите, не дека некои од AFTV немаат задни намери, но и тие се фанови кои плаќаат карти, одат по гостувања се мачат гледајќи ги во живо мизерииве што се дешаваат сезонава.
И еве нека го нема AFTV, нема да се појави друг канал, друг јутубер, нема да има критики на Редит, Фејсбук, форуми и други мрежи.
Опасно е да влетуваш со комунистичка цензура во 21 век во оваа дигитализирано доба, не им успеало на диктаторски режими, нема да му успее и на еден мизерно воден спортски клуб.
Па после не знам со кој образ ќе пишуваат на кајрон дека има 61.000 посетители на Емирати кога пола столчиња ќе бидат празни како што сега го прават тоа кога стадионот речиси секогаш е само 80-90% полн во последниве неколку сезони.
A бојкот ќе има, ич нека не сумњаат во тоа, ако дојде да го распаднме тимот и најдобриот играч да го оддалечиме само за да ги спасуваат неспособните Емери и Џака, тогаш тури му пепел и на клуб на се.