Фан Клуб: Арсенал

Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.029
Поени од реакции
6.691
Дај бе кажете ми подобар избор од Мурињо за ваков Арсенал. Веќе со денови прашувам :D
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Мурињо замина во Баерн изгледа, земете воздух
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.614
Поени од реакции
12.414
Нека си оди Емери. До крај на сезона дај му на Фреди нека го води тимот, и онака си знае со младинците тој. Па за наредна нека изработат Раул и Еду уште една магија и нека го земат Покетино.

Како и да е, во моментов ја ќе сум презадоволен ако на Љумберг му се даде шанса.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.500
Поени од реакции
6.128
Мислиш може да го зајакне менталитетот на овие мекуши од играчи, да ја подобри неорганизираноста во средината и одбраната?
Ако може Мурињо не гледам зошто не би Алегри кој последните неколку години е доста поуспешен од Жозе.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.308
Брендан Роџерс би ве направил тајтл контендерс со ваков напаѓачки потенцијал и со сета почит кон Арсенал, не сум сигурен дали во моментов би го напуштил Лестер за Арсенал, заради тоа што има скоцкан тим и се во одлична форма.

Алегри има доста сличен стил со Емери кога ке има водство, се повлекува, а Емери редовно се хејта заради истото.

Еди Хау ми е томбола тренер, само заради тоа што никогаш не водел голем клуб, за разлика од Роџерс.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.185
Поени од реакции
14.456
Брендан Роџерс би ве направил тајтл контендерс со ваков напаѓачки потенцијал и со сета почит кон Арсенал, не сум сигурен дали во моментов би го напуштил Лестер за Арсенал, заради тоа што има скоцкан тим и се во одлична форма.

Алегри има доста сличен стил со Емери кога ке има водство, се повлекува, а Емери редовно се хејта заради истото.

Еди Хау ми е томбола тренер, само заради тоа што никогаш не водел голем клуб, за разлика од Роџерс.
this

Роџерс е солиден, доста солиден менаџер, кој негува одреден стил на игра (напаѓачки) и им дава шанса на младите играчи.
Во сите тимови каде што бил до сега во ПЛ играше супер фудбал (за во Селтик неам поима).

Ама нема шанси да го напушти Лестер во моментов, како што спомнаа погоре, Емери аут - Фреди до крај на сезона и од таму после или Роџерс, или Нагелсман или Покетино. Мене ми беше Нагелсман желба уште лани, млад, модерен фудбал/идеи, но ете управата решила за Емери.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
за во Селтик неам поима
Исто, само што неговиот тим беше далеку појак од останатите па не се обрнуваше мн внимание на тоа. Имаше сезона ипол без пораз мислам.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.439
Брендан Роџерс би ве направил тајтл контендерс со ваков напаѓачки потенцијал и со сета почит кон Арсенал, не сум сигурен дали во моментов би го напуштил Лестер за Арсенал, заради тоа што има скоцкан тим и се во одлична форма.

Алегри има доста сличен стил со Емери кога ке има водство, се повлекува, а Емери редовно се хејта заради истото.

Еди Хау ми е томбола тренер, само заради тоа што никогаш не водел голем клуб, за разлика од Роџерс.
И јас мислам дека Роџерс би бил топ решение за Арсенал. Но, вреди да се напомене дека било кој тренер да седне на клупата на Арсенал во моментов ќе има мнооооогу работа во одбраната и ќе си мачи мака одреден период додека се среди тоа. Има доста просеци како што спомна МКганер некоја страница поназад, а знаеме дека од секое дрво свирче не бидува.

Разбирам зошто огромен дел од фановите на Арсенал се против Мурињо, сосема ок размислување ми е тоа и верувам да сум фан на Арсенал истото би го мислел, ама кога ќе прочитам дека не би донел Мурињо ништо повеќе во однос на Емери едноставно ми иде да повратам. Според мене неосновано се нарекува Мурињо дефанзивен тренер, затоа што човекот првиот мандат во Челзи рекорди рушеше по бројот на голови (така иде зборот де), во Реал Мадрид исто така, мислам дека се уште Реал го држи рекордот за освоена титула со најмногу голови (или поени), не сум 100% сигурен. Од друга страна имаме негов мандат во Интер од 2 сезони, преуспешни, али таму не негуваше офанзивен фудбал, повеќе беше ефективен отколку офанзивен. Логично, бидејќи Интер тогаш имаше прејака одбрана, а лигата и општо екипата беше кроена за таков фудбал. Исто и вториот мандат во Челзи, не беше нешто нај нај што се тиче офанзивата. Потоа во Јунајтед освои ЛЕ и второ место во ПЛ покрај мега јакиот Сити и знаеме сите дека настана куршлузот. Не би рекол дека доколку би бил Мурињо тренер на Арсенал дека Арсенал би играл некој затворен фудбал, едноставно со оној офанзивен потенцијал тешко дека ќе гледаме такво нешто. Од друга страна како што реков погоре одбраната е хаос и следното лето ќе треба да му кеширате за бар еден класа штопер.

Небитно сево ова, мислам дека во Баерн ќе оди Мурџовац, а во Арсенал поима немам.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Нема да ме сфатите погрешно ама ова го барам добри 5-6 дена по видеа (памтам само дека беше од ДТ кажано и дека беше дерби, испадна дека е против Ливерпул).
1572911573658.png

1572911600054.png
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.308
Нема да ме сфатите погрешно ама ова го барам добри 5-6 дена по видеа (памтам само дека беше од ДТ кажано и дека беше дерби, испадна дека е против Ливерпул).
Прегледај го приврзокот 221520

Прегледај го приврзокот 221521
Најгледаното видео на каналот е ова. Ма да, Емери имаше доволно време да смени многу работи. Тореира кој кине за репка на заден везен, го игра на позиција на Озил, нешто слично ко Канте под Сари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom