Брендан Роџерс би ве направил тајтл контендерс со ваков напаѓачки потенцијал и со сета почит кон Арсенал, не сум сигурен дали во моментов би го напуштил Лестер за Арсенал, заради тоа што има скоцкан тим и се во одлична форма.
Алегри има доста сличен стил со Емери кога ке има водство, се повлекува, а Емери редовно се хејта заради истото.
Еди Хау ми е томбола тренер, само заради тоа што никогаш не водел голем клуб, за разлика од Роџерс.
И јас мислам дека Роџерс би бил топ решение за Арсенал. Но, вреди да се напомене дека било кој тренер да седне на клупата на Арсенал во моментов ќе има мнооооогу работа во одбраната и ќе си мачи мака одреден период додека се среди тоа. Има доста просеци како што спомна МКганер некоја страница поназад, а знаеме дека од секое дрво свирче не бидува.
Разбирам зошто огромен дел од фановите на Арсенал се против Мурињо, сосема ок размислување ми е тоа и верувам да сум фан на Арсенал истото би го мислел, ама кога ќе прочитам дека не би донел Мурињо ништо повеќе во однос на Емери едноставно ми иде да повратам. Според мене неосновано се нарекува Мурињо дефанзивен тренер, затоа што човекот првиот мандат во Челзи рекорди рушеше по бројот на голови (така иде зборот де), во Реал Мадрид исто така, мислам дека се уште Реал го држи рекордот за освоена титула со најмногу голови (или поени), не сум 100% сигурен. Од друга страна имаме негов мандат во Интер од 2 сезони, преуспешни, али таму не негуваше офанзивен фудбал, повеќе беше ефективен отколку офанзивен. Логично, бидејќи Интер тогаш имаше прејака одбрана, а лигата и општо екипата беше кроена за таков фудбал. Исто и вториот мандат во Челзи, не беше нешто нај нај што се тиче офанзивата. Потоа во Јунајтед освои ЛЕ и второ место во ПЛ покрај мега јакиот Сити и знаеме сите дека настана куршлузот. Не би рекол дека доколку би бил Мурињо тренер на Арсенал дека Арсенал би играл некој затворен фудбал, едноставно со оној офанзивен потенцијал тешко дека ќе гледаме такво нешто. Од друга страна како што реков погоре одбраната е хаос и следното лето ќе треба да му кеширате за бар еден класа штопер.
Небитно сево ова, мислам дека во Баерн ќе оди Мурџовац, а во Арсенал поима немам.