Фан Клуб: Арсенал

Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.029
Поени од реакции
6.691
Добро, никој ли не се најде од новинарите да го праша денес кретенот зошто не го пушти Пепе во игра? Остана тоа прашање мистерија
Во Англија, а и општо во фудбалот новинарите не се толку арогантни како во НБА и НФЛ, треба малце да јадат гомна, па да видиш колку поголема фама ќе се крева.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Наводно Мурињо имал вечера со Раул и ќе има промена за време на интернационалната пауза. Не ми е веродостојно, но вакви вести посакувам да читам. Не ми е кејф воопшто Мурињо, ама покрај ваква превара од тренер немаме друг избор.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Овој типот што објавил-Каслс е релевантен во врска со вести со Мурињо, значи или има нешто или намерно пуштаат патки да си го промовира другарчето.

Ако стварно тоа е патот по кој тргнал клубот не е на арно.

Настрана историјата со Арсенал и Венгер, има три огромни причини зошто не треба Мурињо да биде во Арсенал.

1. Од старт веќе фановите се поделени, и тоа радикално поделени по оваа прашање, тоа при добри резултати нема толку да се осети, но при првите падови атмосферата ќе биде полоша и од сега и од последните години на Венгер, а Мурињо не е Венгер и Емери и нема да им ќути на фановите, па она што го направи Џака кон навивачите ќе изгледа како ништо кога Мурињо ќе почне со неговата патетика упатена кон сите што ќе го критикуваат.

2. Мурињо е човек кој сака специфични услови за работа, ќе бара многу пари и играчи баш по негова мера, нешто што Арсенал не верувам дека е во можност да му обезбеди. И кога нема тоа да се случи, ќе гледаме сцени како во Јунајтед, кога сите ќе му бидат криви освен него, кога ќе се раскара со пола тим, кога дури и сите играчи да му ги донесат пак ќе му фали нешто.

3. И на крај, освен онаа фантастична сезона кога ја освои титулата со Челзи уште на полусезона во второто враќање, кога ептен му кликнаа Коста и Фабрегас, што успех има постигнато во последниве години, минорно ништо, со огромни вложени средства, по некој куп и едно второ место со Јунајтед, па тоа и Венгер го правеше па ние не бевме задоволни. Според мене Мурињо е прегазен од модерното време и фудбал и воопшто не гарантира никаков успех и не знам што клубот мисли да постигне со негово евентуално назначување
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.029
Поени од реакции
6.691
Дека има многу подобри што можат да дојдат од Мурињо, затоа не го сакаме Мурињо...
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.290
Поени од реакции
12.644
Ќе ни ги сјебе младинците, Емери барем шанси им дава.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.504
Поени од реакции
62.322
Мурињо е способен од утепана екипа да направи солидна дефанзива екипа, нормално, на сметка на нападот.

Делува дека тоа му е потребно во моментов на Арсенал, некој да ги организира пациентиве ваши во средина и одбрана. Ке го истрпите 2 години без проблем.

Е сега, некој од првите фаци ке отиде курбан зашто Мурињо ке си најде жртвено јагне и некој за закачка, прашање е кој.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.909
Поени од реакции
9.507
Ако постои некој шо може да го набрка сето ѓубре од играчи шо го има во тимот то е Мурињо е сеа дали е прав избор по мене не е заради то шо уш толку ке го изгубит стилот шо го градеа со години и поради кој 90% од нас навиваат за Арсенал. Управата пред Емери можеби требаше да го контактират Нагелсман тогаш на Хофенхајм сеа на РБ Лајпциг тренер ликов преферираше напагачки атрактивен фудбал а не очобол како шо глеаме сеа шо напиша некој член овде ми се гадит ко ги гледам. И со полош играчки кадар и одбрана играа атрактивно губевме ама бар небевме доминирани од екипи шо бркаат средина на табела а последниве години не се за коментар.
Уште само се прашвам како можеа Емери да го најдет за менаџер да го поставет ја да бев ни на крај памет немаше да ми текнит дека постојт ликов од Монако успеа титула да изгубит.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.029
Поени од реакции
6.691
Вака се залажуваа фановите на Јунајтед, заблудно оптимистични, на крајот едвај чекаа да го намаат од клубот...
И гледам сега Мурињо бил проблемот.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.504
Поени од реакции
62.322
Вака се залажуваа фановите на Јунајтед, заблудно оптимистични, на крајот едвај чекаа да го намаат од клубот...
Брат, Мурињо во време на конфликт со најголемата звезда во тимот, и со Валенсија и Јанг како бекови заврши втор у ПЛ, го врати Јунајтед во ЛШ и освои ЛЕ.

Си има свои бубачки, но јас сум сигурен дека Мурињо со овој состав би имал далеку повеќе бодови од Емери, зашто е попрагматичен тренер.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.859
Поени од реакции
7.082
Брат, Мурињо во време на конфликт со најголемата звезда во тимот, и со Валенсија и Јанг како бекови заврши втор у ПЛ, го врати Јунајтед во ЛШ и освои ЛЕ.

Си има свои бубачки, но јас сум сигурен дека Мурињо со овој состав би имал далеку повеќе бодови од Емери, зашто е попрагматичен тренер.
Напредокот на младите играчи ќе биде загрозен, Арсенал има страшно добар играчки кадар од академијата и почнавме пак да наоѓаме добри проспекти како Гвендузи, Мартинели, од наредната сезона ќе го имаме и Салиба во тимот, костурот треба да се гради и базира на нивните способности секако со помош на поискусните играчи моментално во Арсенал.

Плукањето по Венгер у секоја можна прилика, не ми е јасно како можат фановите да заборават какви се навреди има упатено човечево за Арсенал.

Можеби ќе е добро краткотрајно решение, најверојатно со овој тим ќе обезбеди топ 4. Сепак неможам да го замислам како тренер на Арсенал, се надевам дека ќе бараме друг кандидат, некој посоодветен на идентитетот на клубот.
Иначе Муки во Јунајтед беше најавен како светец кој требаше да ве врати на престолот ама ништо од тоа :icon_lol:
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.029
Поени од реакции
6.691
Плукањето по Венгер у секоја можна прилика, не ми е јасно како можат фановите да заборават какви се навреди има упатено човечево за Арсенал.
Има разлика од плукање по Арсенал и плукање по Венгер.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Си има свои бубачки, но јас сум сигурен дека Мурињо со овој состав би имал далеку повеќе бодови од Емери, зашто е попрагматичен тренер.

Не вреди за неколку поени плус сите проблеми што стандардно ги носи со себе во било кој тим
 

Kajgana Shop

На врв Bottom