Фан Клуб: Арсенал

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Пепе може да биде страшен играч, ама не можам да поверувам дека на Адриан 1 на 1 не можеше гол да му даде...
Ај да беше Алисон па и да сфатам, ама Адриан бе...

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
Голманот никаква улога немаше во тој шут, и ти ќе одбранеше најверојатно. Самиот шут беше преслаб, премек и по средина на голот, ко да се исплаши Пепе од помислата дека може да даде гол против Ливерпул не знам... Дури и интервенцијата на Адријан беше доста лоша, бидејќи за малку не му ја одби на Оба да даде гол, има голмани што без проблем таа топка жива ја фаќаат или си ја одбиваат во нив топката со едно џиткање да ја соберат. Толку добар дриблинг, а толку мизерен шут, до психата белки е нешто, може и до возбудата која го понесе.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Овај пораз оди на душа на Емери и никој друг
На Луиз, на Обамејанг, на Пепе, на Најлс и Начо, на Џака,на Себаљос... да набројувам уште на кои се оди поразов? Јас подисциплинарана игра против овој Ливерпул немам глеадно од 2014 во прво полувреме. Второ Луиз сам еба 2 гола, 3-0 што повеќе? Емери е крив за измената Лаказет што не ја направи порано и за играњето на Џака место Тореира од старт. Друго не знам што кур очекувавте вие против овој Ливерпул на Енфилд со оваа одбрана и Џака.
Прв пораз и тоа од најјаките во лигата и препаѓаат...
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.279
Поени од реакции
12.631
Овај пораз оди на душа на Емери и никој друг
шо требаше да направи Емери?
Освен што доцнеше со измените.
Си имаше човекот поставено солидна тактика, 40мин Ливерпул кружеа и нафрлаа ко муви без глава, додека ние имавме 3 одлични контри од кои требаше бареме еден гол да дадеме. Шо да прави Емери кога има играчи кои може да ги мавне мозочен удар во секој момент. Мозочен удар број 1: Сократис го тегне ВВД со тоа го сопнува Гуендузи и Матип сам оставен гол ни дава од коренр, 0-1, цел план за контра напади уништен пред самиот крај на полувремето. Пеки, пак можевме да продолжиме исто да играме повлечено и на контри ќе ни се пружеа шанси.Мозочен удар број 2: Давид Луиз го тегне Салах за дрес при штотуку воведен ВАР, пенал 2-0, комплетно распаднат планот, е дури тука згреши Емери што не го стави Лаказет одма.

Знам дека сите сакаме напаѓачки фудбал да играме и мене не ми се допаѓа фудбалот на Емери, али треба да се сфати дека Емери не е таков тренер, човекот е прагматичен менаџер не превзема ризик, тренер во стил на Мурџо и Алегри, затоа има договор до Јуни 2020 со можност за плус една година, тука е донесен за да не врати во ЛШ.
Секако дека против Сити и Ливерпул ако излеземе напаѓачки ќе бидеме отворени, денешната одбрана сите четворица да ги собереш дефанзивец и пол нема да составиш, средниот ред исто нема шанса да ни се носи со тој на Ливерпул и Сити, и мора да се напомене дека во тимот има 4ца нови играчи Луиз,Вилок,Себаљос и Пепе, може хемијата не е баш на ниво за да играме отворено против Пул, ко што приметив денес еден тон грешни пасеви имавме.
Баш сакав да излеземе со Оба-Лака-Пепе во напад и да гледам како Монреал е силуван од Салах 1 на 1, на спротивна страна исто АМН од Мане, додека нашата тројката напред топка не може да помириса. Дур не се опорават од повреди Белерин и Тиерни тешко да видиме напаѓачка форамција против топ 6 екипа, па дури и тогаш нема. :D

Кога беше Венгер тука плачевме оти не прави тактички планови и лапавме редовно 5ка у наша мрежа, сега пак ни смета.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Емери е како да кажам, чуден тренер, не е тренер за екипи за највисок пласман, јасно ми е што беше планот и тој план имаше 70% шанса да успее, но Емери мора во тој план да го има вкалкулирано ризикот дека некој ќе направи индивидуална грешка во одбрана, со оглед дека имаме еден куп такви играчи.

Проблемот беше што веќе на 2-0 он продолжи со истата тактика, да, секако дека веќе и психолошки играчите не играат исто кога примиле набрзина гол пред полувреме и уште еден по полувреме, ама затоа е менаџерот одма да воведе промени.

Пак ќе кажам, заборавете ја оваа утакмица, дали Емери ќе преживее за нередната сезона или во најлоша варијанта до Нова година ќе зависи од гостувањата кај тимови како Палас, Лестер, Евертон, Вотфорд, Вулфс, ќе зависи од тоа да се извади максимум на дербијата со топ6 на домашен терен. Прв тест е наредното коло, лани одличен резултат направивме со кокошките дома, очекувам и сега да покажеме високо ниво на игра, но мора дома против нив да тргнеме јако и напаѓачки, со најсилната тројка напред, нема потреба на тој полутим да му покажуваме било каков респект или страв.

Јас уште верувам во топ4, но со Емери тоа ќе ни биде максимум, нека не донесе до топ4 па после ако Раул и Кроенке стварно се толку амбициозни како што се прикажуваат, ќе знаат дали треба да се продолжи со него или не.
 
A

Avenger99

Гостин
На Луиз, на Обамејанг, на Пепе, на Најлс и Начо, на Џака,на Себаљос... да набројувам уште на кои се оди поразов? Јас подисциплинарана игра против овој Ливерпул немам глеадно од 2014 во прво полувреме. Второ Луиз сам еба 2 гола, 3-0 што повеќе? Емери е крив за измената Лаказет што не ја направи порано и за играњето на Џака место Тореира од старт. Друго не знам што кур очекувавте вие против овој Ливерпул на Енфилд со оваа одбрана и Џака.
Прв пораз и тоа од најјаките во лигата и препаѓаат...
Севаљос на крило, Пепе сем промашената шанса супер си изигра, Луиз кој го донесе во Арсенал? Врховниот стратег Емери игра експерименти со Пул на Енфилд.
Автоматски споено мислење:

Емери аут
Автоматски споено мислење:

Никаков стил на игра не наметна за година и нешто во Арсенал, Барнли на емирати не доминираат на 1:1. Не е за ништо крив Емери
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Прв пораз во 3тиот натпревар сезонава, а по коментариве мислиш сме испаднале во Чемпионшип...

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Огин играч е овој Пепе,само да поработи на финишингот и ете го тоа супер квалитетно крило што ни фали.Башка што тимов уште не ни е уигран и овие не се вистинските 11.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.448
Поени од реакции
10.151
Нејкам лош збор да чујам за гуд ебенинг.
 
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.829
Поени од реакции
487
Џака ви е онака црна точка на теренот, дај искоментирајте нешто за факинг Гендузи... Вчера Гендузи беше дно, да имаш златен играч како Тореира на клупа а да почниш натпревар и тоа со Л=пул со Гендузи и Вилок треба да ти диши главата. Пепе е машина, ќе му треба малце време да се прилагоди но последните 5-6 години немам видено играч во Арсенал толку лесно да дрибла играчи 1 на 1, токму тоа му фалеше на Арсенал. Тореира мора да стартува и Озил мора да го врати во тимот, со млади играчи на Енфилд искрено нема што да бараме!
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
671
Поени од реакции
522
Немаше вина кај Емери вчера. Не тргна со глава во ѕид. Едино можеби да, требаше Тореира наместо Гвендузи.Побрз е и поагресивен во дефанзива и со тоа можеби контра плус ќе имавме во прво.

Како и да е, во прво полувреме имавме поизгледни шанси од Ливерпул за водство. Да дадеше гол Пепе и на полувреме да се отидеше со нерешено или водство подруга песна ќе беше. Ќе останеше истиот стил на игра како и во прво и можеби ќе кошневме уште некој гол од контра. Тоа беше и идејата со најбрзите играчи во напад од кој секогаш барем еден нема да се врати во одбрана. А веќе кога требаше да се брка гол, јасно беше дека ќе не отворат.

Дали Лаказет или било кој ќе влезеше во 60та наместо 80та, ништо немаше да се смени. Натпреварот се загуби во 47ма. Така да Емери добро ги избра стартните 11 и со малце повеќе среќа и концентрација, можеби и ќе извадевме некој бод. Нема вина кај него. Класа се Ливерпул и за нас и за уште 17 други екипи у Премиер.

А за Џака...да, црна точка на теренот барем мене ќе ми биде. Искрено не гледам во што е добар типот. Нема брзина(со топка уште помалку), бавна дистрибуција на топка, задоцнети стартови... Нема шанси да развие напад против екипи со добар пресинг. Мењам канал секогаш кога ќе добие топка свртен со грб кон нападот и ќе ја врати кон дефанзивците на прва, а никој жив нема на 6 метри околу него!!! И тоа често се случува. И кога ќе ја изгуби топката во релативно опасна зона( барем 2-3 пати по натпревар) губи мотивација и не брка назад. Мислам дека најпросечниот играч да го земеш и да му речеш играј како Џака што игра... ќе си ја заврши работата.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Јас уште верувам во топ4, но со Емери тоа ќе ни биде максимум, нека не донесе до топ4 па после ако Раул и Кроенке стварно се толку амбициозни како што се прикажуваат, ќе знаат дали треба да се продолжи со него или не.
Кој тренер би не однел со сигурност до титула? Гледам ја разбирате со тренериве, па баш ме интересира кои се тие што се слободни и спремни да направат од нашиов тим конкуренти за титули.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.180
Поени од реакции
14.434
Леле коментариве, мислиш изгубивме дома од Норич.

И мене ми е криво што не игравме со Лаказет напред ама ако почневме со Лаказет напред и Ауба на лево крило ќе изгубевме повеќе.
Планот на Емери работеше до првиот гол, ама требаше пред тоа да реализираме. Во моментов неможеме да се надигруваме со Ливерпул на гости, јасно е тоа. Идевме на контри, имавме неколку успешни и требаше барем еден гол да дадеме во прво полувреме.

Луиз е копито, и не е никаков апгрејд на Мустафи - зборев и при трансферот исто... Поради пеналот неможеше да напраи фаул при третиот гол зашто ќе јадеше црвен.

Џака играше само поради висината, се знаеше дека ќе се иде на нафрлени преку ТАА и Робертсон и ни фалеше уште еден скокач.

И нејќам да чујам лош збор за Вилок за вчера.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom