Дај бе не го споредувајте доаѓањето на Емери во Арсенал со тоа на Клоп во Ливерпул.Тотално различно е.
Ако веќе го споредувате Арсенал со Ливерпул, тогаш Арсенал е Ливерпул во времето на Даглиш/Хоџсон, еден тон потрошени пари на безвредни играчи, 0 буџет за трансфери и плати, тим составен од играчи кои играат застарен фудбал.
Ливерпул имаа во тоа време тим да игра 4-4-2 со еден висок шпиц и еден низок и две крила да нафрлаат топки во ера на модерен фудбал каде што акцент се става на посед, техника, пресинг и шаховско позиционирање на теренот, 4-3-3 форамација.
Моментално Арсенал има таков тим, непоткован за модерниот фудбал, со спори и еднодимезионални играчи, кои би биле добри ако сме некое минато време во Серие А, на Инзаги и Руи Коста.
Газдите на Ливерпул уште пред да дојде Клоп имаа визија како треба да работи тимот, тој план им беше скроен уште во времето на Роџерс, кој патем играше доста атрактивен и напаѓачки фудбал, кој овозможи полесно Клоп да ја наметне својата филозофија.Имаа доста играчи во тимот со голема вредност како Суарез, Стерлинг, Кутињо, им извадија добра пара и ги инвестираа во потенцијал.Арсенал нема такви играчи со голема вредност, едиствени се Белерин и Ремзи кој за 0 денари ќе си оди, доколку решиме да ги продаваме Мустафи,Џака и слични тимот ќе биде во загуба.
Емери наследи тим со многу мал потенцијал, небалансиран тим со стари играчи кои имаат 0 вреднсот на трансфер пазарот, тим кој нема пари за плати и нови играчи, крило за лек немаме во тимот.Емери треба да глуми Роџерс, овие две години ќе треба да се воспостави нов начин на функционирање на Арсенал, затоа и има краток договор од 2-3 години.
Ова е беден период за тимот во кој газдата не сака да инвестира а единствен начин да креираме сопствен кеш е со инвестирање во потенцијални добри фудбалери и ниво продавање, толку не ни иде во корист периодов што и Кинезите престанаа да купуваат играчи за милионски суми, да им го шитневме Озил за 200 милиони.