Од можност за петарда поеќе дебакл, стигнавме здраво за готово да бараме...
Одличен старт,
Но потоа она нашето мавна!
Зошто не сме сигурен тим?
Епа ете, Волкот братот колку го обожавам, колку добро го постигна погодокот ме изненадил многу најпозитивно , но потоа со неговите нафрлувања почна.
Значи сума сумарум :
Волкот ги подобрил ударите, финишот и смиреноста, топката по смирено ја води, приемите сеуште му се слаба точка со нога/ со тело добро ги смирува , и секако нафрлување високо - 0! А она по земја одлично, тоа цела сезона го служи.
Потоа... РвП колку и да не сакам да го кажам или признаам ова, малку паднал во формата... денес да не беше пеналот ( кој го постигна во врвен стил ) , не ќе постигнеше повторно погодок.
А имаше шанси, имаше можности, како и на претходните мечеви.
Судијата - Пенал заслужен. Црвен исто.
Но потоа почна да се колеба, па 10 фаули над Артета само не досуди... чист корнер од Бенајун - не ни досуди. Чист пенал над Ремзи - не досуди ( Зошто вели коментаторов, следиии... Поради реакцијата, затоа што бил многу скромен/искрен и си станал, да останел да лежи ќе го добиел... е извини што не сме Роналдо/Димарија/Дрогба и тн...)
И еден аут за нив - не досуди.
Ремзи? - Човеков кој ќе има нерви нека го коментира, јас само ќе кажам... има во него фудбал повеќе од многу други ... само нека си седи позади, нека подава, и НЕКА НЕ ЕКСПЕРИМЕНТИРА со тоа петите, дриблинзите, егзибициите и ужас ударите.
Воедно, смали си конфиденција во сам себе си човече... не сакаме такви тука.
(ПР: Бендтнер.)
Другите, одличен меч, би сакал секој меч да ги гледам така ... со еден збор ТИМСКИ да играат... и да не дозволуваат да се паѓа од 10 играчи во пресија ...
5 поени пред Кокошките, 10 позади Сити.
На сигурно сме, но не смееме да си дозволуваме никакви киксови!