Го блокирале трансферот затоа што сме тенки во средина. Моментално на располагање се Парти, Џака, Локонга, и Елнени. Ако веќе мораше некој „отпадок“ да остане во Арсенал, подобро тоа да беше Тореира. Тореира е пратен на позајмица...со можност на откуп (што сигурно нема да се случи). Ако евентуално не сакал да остане он, после сите обиди да се откачиме од него година и пол, пак се поставува прашањето...што е тоа што го бара Артета?! Останавме на крај очајни, АМН да го задржуваме, откако фрливме 80 милиони на центархалф и голман. Тврдам, дека најмал проблем во целава структура ни се тие позиции!!