Фан Клуб: Арсенал

Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.029
Поени од реакции
6.691
Таман ја постави тактиката Артета, поинаку со овие играчи и оваа средина против Ливерпул никако, имавме шанса за бод, се браневме прилично добро скоро цела утакмица, покажаа до некаде некаков карактер, не им ја дадовме ко што знаевме во некои од претходните утакмици. Едноставно не може со Џака-Елнени дуо да се креира шанса јбг.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.029
Поени од реакции
6.691
Сака и Себаљос да стартуваа место Амн и еден од Џака и Елнени можеби друг исход ќе имаше натпреварот.
Сигурно барем повеќе шанси ќе имавме, двете 100% на Лаказет беа од Себаљос, се друго врска немаше, ни блиску до некаква шанса.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Абе и Себаљос има стартувано, па нема покажано ни к од креативноста што ја покажа вчера кога влезе. Имало натпревари со топка да не се состави, една шанса да не креира. Така да, најлесно е да гледаме вака од дома што требало Артета да прави, а што не, реалноста е дека и Артета и клубот сме заглавени длабоко во гомна од лошото менаџирање. Артета е човекот што пробува да се извлечеме, ама Артета ко Артета не може да стори ништо без подршка од луѓето над него.

Проблем е што не можеме да се отарасаме од играчи кои биле мизерни изминативе сезони, апсолутно никој не ги сака, ниту од млади играчи за кои сме вложиле пари нема да можеме да извадиме пари, а не па од старудии. Еве Пепе на сите ни е јасно дека е флоп, колку и да не сакаме да признаеме. Да точно е, на Артета му е јасно исто, затоа мртвиот Вилиам добива шанса пред него. Целата фудбалска јавност е преокупирана со тоа дали Погба и Мегваер се флопови, ние како клуб во сенка што не се мотка во топ4 успеваме да се извлечеме со тоа што имаме сериозен флоп во тимот. Ај што не исполнил ништо од очекувањата, ај што не можеме да го продадеме ни за 1/3 од сумата за која е донесен, туку и трансферот уште не сме му го исплатиле. Таман кога мислиш дека сме на добар пат да се отарасаме од играчи како Микитаријан и Озил, се прави истата грешка со Вилиам. А тука и тренерот е под притисок, ќе има огромен притисок ако ноншалантно го стави Сака да игра и ги закова и Вилиам и Пепе на клупа или надвор од состав како со Озил, па да не има реакции од типот “зошто толку пари дадовме/зошто толкава плата зимаат“ и мора да трпиме вакви очобол партии од двајцата и да сме заглавени со нив. Имаш играч ко Гвендузи кој бил величен како светски талент на почеток на минатата сезона и од него успеавме да направиме играч за кој нема никаква заинтересираност и не може да се извади кеш. Ова не е од една сезона, ова се има таложено со години и сега се соочуваме со последиците.

Секоја чест за Артета што и покрај целиот подпросечен тим успева “на превара“ во последно време да им земе победи на Ливерпул, Сити, два тима кои имаат далеку поквалитетни тимови од нас. Тактички добро се поставува со поквалитетни тимови и одлично ја прилагодува формацијата според тимот, јас сум задоволен од неговото менаџирање досега.
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446
Ако ништо друго, волку организирана игра сме немале со години. За сега, Артета целосно ја оправда довербата која му беше дадена кога го назначија за тренер. Камо да потпишеме некој од Ауар или Парти, очајно ни е потребен квалитет во средниот ред. Сакам да му ги донесат сите играчи кои ќе ги побара Артета, па после да го оценуваме за сработеното.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.859
Поени од реакции
7.082
Абе и Себаљос има стартувано, па нема покажано ни к од креативноста што ја покажа вчера кога влезе. Имало натпревари со топка да не се состави, една шанса да не креира. Така да, најлесно е да гледаме вака од дома што требало Артета да прави, а што не, реалноста е дека и Артета и клубот сме заглавени длабоко во гомна од лошото менаџирање. Артета е човекот што пробува да се извлечеме, ама Артета ко Артета не може да стори ништо без подршка од луѓето над него.
Мислам дека му одговараше тоа што Ливерпул играше со висока одбрана. Требаше да почне прва постава, ел нени бадијала игра сигурно во посед кога нема никаков придонес за нападот, само два паса напред е мизерно.
 
Член од
18 ноември 2011
Мислења
770
Поени од реакции
455
Мислам дека му одговараше тоа што Ливерпул играше со висока одбрана. Требаше да почне прва постава, ел нени бадијала игра сигурно во посед кога нема никаков придонес за нападот, само два паса напред е мизерно.
Кај ја најде оваа графика, баш ме интересира истото за Џака. И за мечот до Лпул и зс цела сезона лани.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.859
Поени од реакции
7.082
Еве за Џака


 

Kajgana Shop

На врв Bottom