Тоа е момци, додека упорно трипаме дека единствен проблем е одбраната, а нападот на хартија ни бил одличен, еве во реалност на прв сериозен тест дека нападот ни е тиња и дека комплетно тимот никако не е воигран и не функционира. Озил се распаѓа, се испосра, ме идеше да се обесам со шпагетите што ги јадев кога даде фор од петнаесет метра кога згреши Едерсон. Микитариан исто не постои. Единствено океј ми се Лаказет и Обамејанг, ама за да дојде топката до нив треба многу слоеви на теренот да функционираат, не може да ја земат од наш шеснаесетник сами топката и да издриблаат цел терен да дојдат до противничкиот и да дадат гол, и они ќе се тотално нефункционални во ваков Арсенал. Одбраната ништо ново, требаше гол да примат да им текне дека не треба да оставаат играч да си се шета да дрибла и да си праи простор за шут, првиот гол ни го збрцаа буквално без да се испоти Стерлинг. Чех иако напраи едно три четири тешки кикса, пак ни спаси и два гола сигурно, ама пак не би ризикувал од следна тој да брани, нека брани Лено. Лев бек нешто проколната позиција ни е, ви викам јас Велбек ќе заврши на крај таму. Адам Лабунски е добар играч, и покрај тешкиот кикс за шансата на Агуеро, се гледа дека има одлични долги топки, дека е борбен, знае да загради и изнуди фаул, и да контролира средина, прави грешки ама ќе си дојде тоа со искуство. А и што тим ќе бевме ако треба да се потпреме на еден тинејџер.