Де бе па ти, се понашаш ко брат да ти е...
Игра добро за ривал, не ми е мило...
П.С. ги глеав асистенциите од вчера... пасови до Вилијан надвор од 16 и после Вилијан си завршува работа како што треба, така да колку е тоа асистенција не знам...
Sent from my SM-G935F using Tapatalk
Ај размисли малку, ако Жиру не игра добро во Челси има веројатност да го изгуби местото во првиот тим на Франција и најверојатно и последната шанса да заигра таму прва постава. Зошто да му посакуваш лошо на играч што направил многу за клубот и бил секогаш тука да помогне и даде се од себе. Ај ако не секој што ќе го напушти Арсенал да му посакуваме да е дрво и да му пропадне кариерата во моментот штом го напушта Арсенал. Мислам океј за некој што сакале сами да го напуштат Арсенал и да му свртат грб за пари/трофеи би те сфатил, ако и јас би се сложил донекаде, нека им посакуваме да се дупки во новите клубови, ама Жиру беше колатерална жртва. Јас не би сакал да игра лошо, па макар и да асистира и дава голови за противнички клуб, јбт тоа е ризикот што нашата управа го прифатила. Кога му посакуваме се најдобро кога заминува од клубот, ваљда не се подразбира со тоа да не даде нитуеден гол, да му пропадне кариерата, да се утепа од седење на клупа. Или онака се кажува, колку да помине редот
П.С. Голот му беше баш негова завршница, супер финиш. Асистенциите беа само допир со топката, но добра работа врши што привлекува играчи, навреме се ослободува од топката со дупли пас или некое проигрување, и наоѓа играч кој е во отворена шанса за гол. Тоа се квалитетите на Жика