Фан Клуб: Англија

Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Ааа кај чичко Woy секоја утакмица е финале бар така вика он. Задоволен си е со нерешено, тоа е неговата тактика да се брани 99.99% од утакмицата. Како раштимана гитара англичаниве, пас не сврзаа.
Џерард го опнал мн. назад,а од него очекуваат да почнуваат акциите :facepalm:
 

Ливерпул

Red Scouser
Член од
18 февруари 2010
Мислења
967
Поени од реакции
833
Џерард го опнал мн. назад,а од него очекуваат да почнуваат акциите :facepalm:
Требаше Parker и уште еден у средина а Gerrard позади напаѓачот да игра и уште двајца по крилните позици. Не веќе истиот Gerrard кој што ќе трча напред назад ко коњ и мака ќе нема, мора да му ја одземат дефанзивната одговорност ако сакаат да го извадат најдоброто од Steve.
 
S

Stivie G

Гостин
Очекувано за мене. Очекувам мака да мачат и со Шведска(можно е и да изгубат) а со Украина некако да се провлечат и да се пласираат понатаму. После тоа очекувам друга Англија.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Се повредил и Реј Клеменс на загревањето, ајдее, кој е нареден што ќе се повреди, мој тип, човекот одговорен за дресовите.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.651
Поени од реакции
1.597
Солидно изиграа денес, Зоки Василевски добро го збрца голот. Мислам, да бидеме реални без Руни толку се шансите.
 
S

Stivie G

Гостин
Знаеме дека сакате да прикажете дека Руни е клучен играч во Англија и ако Англија помина групата дека тој ќе биде најзаслужен за тоа.
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Знаеме дека сакате да прикажете дека Руни е клучен играч во Англија и ако Англија помина групата дека тој ќе биде најзаслужен за тоа.
Nikoj ne veli deka ke e najzasluzen, ama so nego vo tim podruga ke e igrata!
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.732
Поени од реакции
9.472
Знаеме дека сакате да прикажете дека Руни е клучен играч во Англија и ако Англија помина групата дека тој ќе биде најзаслужен за тоа.
Реално да беше тој денес поинаква ќе беше сликата барем од страна на поголемо залагање и борбеност. Мене ме нанервира денес Хоџсон што се одлучи да се брани, а во таква формација Велбек ти е бескорисен тотално, едино што може да направи е да задржи топка, да се обиде да направи некој продор, но без подршка (освен Јанг) не може ништо. Џерард поставен многу назад и не може да помага во некоја посаглам акција, Милнер дупка невидена...Во ваква формација реално најмногу би се истакнал Керол зошто е снажен и може да загради, да спушти топка, да биде опасен во воздушен дуел зошто сите видовме колку се дупка французиве при воздушни дуели и требеше да добие предност во нападот. Англија да нападнеше на овој меч ќе победеше, а не да брани 1-1 цел меч. Ако сака да игра со 1 шпиц, подобро нека биде Јанг лево, десно Волкот, средина нека останат Хендерсон и Паркер, Џерард ќе биде многу попродуктивен зад Керол/Велбек за наредниот меч...
Инаку денес Паркер беше одличен, исто и Џонсон во поголем дел од мечот се справи со Рибери...

За СП ако бидат фит играчите Англија може да биде многу моќна зошто конечно добија голман во Харт, имаат голем избор на десни бекови, централно стално имаат квалитетни поединци, за лев бек исто...Вилшер, Клеверли, Хендерсон ќе бидат далеку поискусни од сега, плус Чембрлејн, Волкот и позрели Велбек и Керол за одлична генерација. Штета што Вилшер беше повреден за ова ЕП, сигурно ќе направеше поголема разлика на теренот.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.702
Поени од реакции
11.937
Aбе каков Руни. Го видовме на светското и него. Море каква Англија. Кога овие биле сила во фудбал за сега да бидат? Овие некако можат да истуркаат на сила и да дојдат до некој успех ама и среќа ќе им треба за тоа. Нека се молат ако ја поминат групата да вкрстат со Италија/Хрватска инаку со Шпанија партали ќе летаат од нив.
 
S

Stivie G

Гостин
Реално да беше тој денес поинаква ќе беше сликата барем од страна на поголемо залагање и борбеност. Мене ме нанервира денес Хоџсон што се одлучи да се брани, а во таква формација Велбек ти е бескорисен тотално, едино што може да направи е да задржи топка, да се обиде да направи некој продор, но без подршка (освен Јанг) не може ништо. Џерард поставен многу назад и не може да помага во некоја посаглам акција, Милнер дупка невидена...Во ваква формација реално најмногу би се истакнал Керол зошто е снажен и може да загради, да спушти топка, да биде опасен во воздушен дуел зошто сите видовме колку се дупка французиве при воздушни дуели и требеше да добие предност во нападот. Англија да нападнеше на овој меч ќе победеше, а не да брани 1-1 цел меч. Ако сака да игра со 1 шпиц, подобро нека биде Јанг лево, десно Волкот, средина нека останат Хендерсон и Паркер, Џерард ќе биде многу попродуктивен зад Керол/Велбек за наредниот меч...
Инаку денес Паркер беше одличен, исто и Џонсон во поголем дел од мечот се справи со Рибери...

За СП ако бидат фит играчите Англија може да биде многу моќна зошто конечно добија голман во Харт, имаат голем избор на десни бекови, централно стално имаат квалитетни поединци, за лев бек исто...Вилшер, Клеверли, Хендерсон ќе бидат далеку поискусни од сега, плус Чембрлејн, Волкот и позрели Велбек и Керол за одлична генерација. Штета што Вилшер беше повреден за ова ЕП, сигурно ќе направеше поголема разлика на теренот.
Да те пофалам дека твоите постови ми се омилени од кај навивачите на Јунајтед :). Некако пореално ја искажуваш состојбата од сите останати.
Во врска со Англија не мора да чекат 2014, верувам дека ќе направат чудо оваа година бидејки сите ѓи отпишуваат предвреме ;).
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.732
Поени од реакции
9.472
Да те пофалам дека твоите постови ми се омилени од кај навивачите на Јунајтед :). Некако пореално ја искажуваш состојбата од сите останати.
Во врска со Англија не мора да чекат 2014, верувам дека ќе направат чудо оваа година бидејки сите ѓи отпишуваат предвреме ;).
Сите сме исти, само некои потемпераментни некои не...важно е да дискутираме коректно, затоа е форумов. Луѓе сме, секогаш може да се греши, нели?
Оваа година можат да направат нешто затоа што никој ништо не очекува од нив, како ни цела англиска јавност и медиумите кои цело време ги притискаа во изминатите првенства. Тоа оваа година не е случај зошто по оставката на Капело и самите англиски медиуми ги отпишаа предвреме. Е сега и јас се надевам дека ќе одат чекор понапред оваа година, но треба малце да се отвори Хоџсон. Ги следев и пријателските и игра многу претпазливо, многу во своја зона и го остава противникот да ја држи топката...нека ја испроба истата тактика со брзи крила мислам дека ќе даде поголем резултат.

Инаку според најавиве по Европсково изгледа Ари ќе биде новиот селеткор...Наводно не сакал да ризикува и да ја прифати понудата за ова ЕП, зошто Тотенхем беше 4ти и имаше пласман во ЛШ но по случувањата со Челзи се најавува Ари како предводник на нов проект со репрезентацијата. Според мене треба да му се даде шанса, иако ние си играме сеир со него, се работи за добар тренер :)
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
На еден другар му кажував дека можеби е паметно да се игра Англија/Харт на гол на фантази. Од Рој очекувам затворена формација и давање голови од случајни ситуации како денеска. Јес да имаа една чиста шанса од акција, али Милнер успеа да промаши...

Џерард у репрезентација се игра дефанзивно само кога игра и Лампард кој може да изигра исто како Стиви у нападот, ама излеа му беше фрка на Рој да го става Хендерсон у стартен состав. Според мене грешка направи Рој и со измените, го извади одличниот Паркер а воедно го остави Милнер цела утакмица. И можеби требаше Дефо да стартува.
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Како да гледав Манчестер Јунајтед денеска (низ поголемиот дел од сезоната)... Даден гол и како работата да е завршена, тотално повлекување, оставање простор на противникот за креирање на акции, и потоа примаат гол и оп трчи пак да поведеш, ама толку е таа...

Според мене, мислам дека требаше Волкот да биде стартер место Чемберлејн, или да пробаше со Јанг на десно крило место Милнер, Џерард да ја има улогата "плејмејкер" веднаш зад напаѓачите, а во нападот Дефо и Велбек... :)

Верувам во пласман во 1/4 финале :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom